Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.209
Според грчката стратегија претставен на Нимиц единствено можно решение за името е република Северна Македонија. Атина ја отфрли можноста “Северна” да биде на почетокот на евентуалното ново име, инсистира Северна да биде пред името Македонија. Со тоа Атина оди директно против историскиот континуитет и стекнатото право на земјава која во неколку наврати во уставите од 1946, 1963 и 1974 како дел од Југославија била признаена од јужниот сосед со неколку различни придавки како Народна и Социјалистичка пред кованицата Република Македонија. Грција би се откажала од географската одредница “Северна” само доколку Македонија се согласи на терминот Нова која исто така би стоела пред Македонија и врз основ ана неа би се нарекувала и името на нацијата во случајот “Ново Македонска”.
Грција не отстапува ниту од употребата на новото име да биде во целокупна употреба во меѓународните односи но и за внатрешна употреба
Сегашната употреба на уставното име би се користела само со неформална комуникација во земјава и со земји пријатели но никако и во официјална коресподенција. Сите документи издадени од администрацијата за во странство и дома, меморандуми, писма договори и слични документи ќе треба да бидат со новото име. Евентуалното ново име треба биде и на личните карти иако тука постои можност Атина преќутно да се согласи на нив да стои и сегашното име.
И во врска со обемот Грција не остава никаква можност за договор. Новото име за целокупна употреба дома и во странство вклучувајќи ја и македонската согласност со која сите 127 земји кој не признаа под уставно име треба да го прифатат новото име. Истото безусловно бара да биде користено во сите меѓународни институции.
Дополнително би се разговарало за употребата на придавката “Северна” или “Нова”. Во тие дополнителни разговори Атина ќе инсистира придавката Северна да се користи во именувањето на нацијата во смисла на државјанство кое би било “Северно Македоснко”, на ист начин да биде решено и јазикот а сега Атина бара и во етничка смисла што значи македонскиот етнички идентитет да биде сменет во “Северно” или “Ново Македонски”.
Со најновата грчка позиција поставена од ПАСОК и Папандреу за Грција се неприфатливи и сегашната употреба на името Македонија во комерцијални цели. Според најновите барања на Атина сите производи кои сега патуваат во членките на ЕУ ќе го изгубат префиксот македонски и ќе добијат нов согласно придавката “Северна” или “Нова”. Атина има посебна стратегија за меѓународниот код МК кој ќе треба да се промени а се оди дури дотаму што и интернет доменот МК ќе треба да се смени во “СМ” или “НМ” кои произлегуваат од “Северна” или “Нова Македонија”. Апсурдноста на грчките позиции и нивната очигледна намера да не се дојде до решение најдобро се гледа преку барањето во македонските мапи и учебници во иднина да не се користат македонските топоними за села и градови во Грција. Со ова барање наместо Лерин во иднина ќе треба да се користи Едеса а Солун би бил исклучиво Тесалоники.
:uvo::pos2: Мислам ова е веќе несериозно ајде доста зезање во т.н. преговори за како да се викаме.