ПАСОК бара ЕУтаназија за Македонија

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Грците пак сакаат да стават вето но без вето!

Неофицијално, Грција побарала од шведското претседателство да не го стави воопшто на дневен ред прашањето за преговорите со Македонија на декемврискиот самит за да не биде доведена во ситуација да мора да ја блокира одлуката.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6B9F75ACBDE5734D8699C07539700E63
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Грците пак сакаат да стават вето но без вето!
Во ова здушно ќе им помогнат големите Европски сили, исто како што им помогнаа и во Букурешт. Букурешт 1913 и оној од лани. Не лижат они каде што нивните дедовци плукнале.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Потпишавме резолуција со НАТО која вели, а пораката е спакувана да звучи како демек сме во предност, - „ експресно во НАТО , откако ќе се реши проблемот со името“. Со ова мислам дека сме си ставиле потпис дека: ако не го смениме името нема да одиме никаде. Какви се бе тоа резолуции ??? Се надевам дека грешам во оваа проценка.
А доколку ЕУ им направи ваква услуга и го одложи процесот за определување датум за преговори, таа ќе си го прегази сопствениот збор и политиката која ја води, посебно спрема најранливиот дел од Европа, Балканот, а за мир на Балканот Македонија има голема улога. Дури и одложување од Декември во Март би било доволен знак дека ти ја помагаат грција. Меѓутоа со тоа само ќе му покажат на светот дека ние не сме параноични , туку сме во право. Имаме перфектна позиција да го докажеме она за кое се бориме со години, само како ќе ги искористиме позциите. Треба многу поагресивен настап.

Од сите вести кои ги прочитав, како:

Според Карл Билт, шефот на дипломатијата на Шведска – земјата претседавач со Унијата, прашањето на името е билатерален проблем и треба да се реши со медијација на Обединетите Нации, не на Европската Унија....
....
Билт контактирал со Груевски и со Папандреу, вели и кај двајцата видел волја за решение.
- Јас секако дека се консултирав со премиерот Груевски и со премиерот Папандреу и кај двајцата видов волја за решени на проблемот. Постои “прозорец на можности“ за проблемот и јас апелирам до Скопје и до Атина да се искористи овој “прозорец на можности“.

Црвенковски:

Црвенковски: И Македонија и Грција имаат максималистички барања (насловот кажува доволно, меѓутоа ...)
Нема дилема дека барањата кои Грција преку преговарачот Василакис ги изнесе на последната средба во Њујорк се максималистички. Сепак истото може да се каже и за двојната формула која ја предложи македонската страна. Со овие позиции преговорите за спорот за името со Грција се вратени на почеток и затоа треба да се види која од страните во спорот и во кој дел треба да направи отстапки за да се дојде до компромис.

Европарламентарците не се изненадени од грчките позиции, кои премиерот Никола Груевски ги нарече максималистички. Од кабинетот на еврокомесарот Оли Рен не одговорија дали ќе ја повикаат Грција да се вразуми и да бара решение во духот на европските вредности. Од кабинетот на Рен, кој во неколку наврати ја повика македонската влада да го реши спорот со Грција, молчеа кога од нив побаравме да го коментираат екстремното условување од Атина.

Европарламентарецот Јелко Кацин кратко изјави дека не гледа ништо ново во грчките позиции што ги истакнал грчкиот преговарач на последната средба во Њујорк.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, словенечкиот европратеник Зоран Талер, оценува дека се работи за преговарачка тактика на Атина.

- Треба да бидеме внимателни затоа што едно се разговара на преговарачка маса, а друго се зборува во јавноста. Не верувам дека тоа е единствената вистина. Станува збор за тактика на преговарање на Грција - оценува Талер.

Слично размислува и грчкиот аналитичар Јоанис Михалетос.
Станува збор за тактика на Грција заради постигнување на стратегиската цел. Стратегијата на грчката страна е повеќе или помалку фиксирана.


Нимиц ќе свика средба кога ќе смета оти ќе има фајде од неа
Медијаторот Метју Нимиц по минатонеделните разговори со претставниците на Македонија и на Грција, е во секојдневен контакт со двете страни, но засега не планира да свика заедничка средба, соопшти портпаролот на ОН Брендон Варма.
- Двете страни побараа Метју Нимиц да ја продолжи неговата посредничка улога. Минатата недела тој имаше одвоени средби со претставниците на двете земји и засега ќе комуницира одделно со секоја страна. Нимиц ќе ги покани двете страни на заедничка средба ако и кога ќе верува, или кога двете страни ќе веруваат, дека таква средба би била корисна, се вели во кусото соопштение на портпаролот на Светската организација.


- Јас добивам импресија дека на човекот му е преку-глава 15 години да го шетаат како мечка за ништо. Ми се чини дека размислува за пензија веќе. Се надевам има започнато книга за вистинските настапи на грција и нејзините болни идеи и потреба за уништување на Македонското.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom