Oscars 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување

Кој од следниве филмови ќе го добие Оскарот за најдобар филм?


  • Вкупно гласачи
    161
  • Гласањето е завршено на .
не знам како ќе се покаже Алек Болдвин како водител(го има човекот додуша по комедии но ќе видиме на сцена)но нема утка со Стив МАртин,според мене човекот е еден од најдобрите комичари на сите времиња .А страшно ме интересира кого ќе го реметат оваа година фино уклопено во сценарио:helou:
 
Гласа за The Hurt Locker а знам дека "НОГУ ЈАКОТО ОСТВАРУВАЊЕ АВАТАР" ке ја земе
шо знам овој Avatar има некое уникатно сценарио ама јас не би го стаил на прво место на пример и Тhe Hurt Locker и он не ме нешто фасцинира ама у секој случај повеке ужива у него него ли у Avatar.Овој Avatar од 2ипол саата го направи на саат и нешто со копчето не десно у бс плееро од шо ми беше досаден.A глеам маа се тука и The Blind Side шо и не е лош филм мада не верувам дека ке го земе оскаро...и да споменам има минимум уште 3 филма шо се подобри и у реализација и у
глума и у се ама нели не е таму Камерун и не е толку трошено на нив.
 
Oscars 2010 на 7.03.2010 во живо на Канал 5!
 
Oscars 2010 на 7.03.2010 во живо на Канал 5!

ништо од КАНАЛ 5,нема да пренесуваат оваа година,пред три дена им соопштиле дека цитирам парите нема навремено да легнат на сметка:toe:
 
Ќе има на ХРТ 2 кој ја има(а верувам дека повеќето од вас ја имаат)ќе можат таму да гледаат.
 
Не знам зошто ама The Blind Side ми остави мнооооогу добар впечаток. Можеби и не е толку добар колку што јас го вреднувам и му придавам значење ама ете тоа е мое мислење...
 
супер, и онака планирав да глеам на abc
 
Ќе има на ХРТ 2 кој ја има(а верувам дека повеќето од вас ја имаат)ќе можат таму да гледаат.
HRT1/RTS 02:00 директно од церемонијата (без црвен тепих)
Pro Sieben/ E! од 00:00-06:00(тука е вклучен и црвениот тепих) :wink:


Нема пренос од Оскарите на КАНАЛ 5

Иако Македонската агенција "Си-Ем-Си" задоцнила со рокот за откуп на преносот од Оскарите, лондонската агенција "Дизни" првично ги одоб ри ла правата, па потоа ја одбила

Вто ра година по ред во Македонија нема да се пренесува доделувањето на оскарите, иако на "Канал 5" телевизија беше најавен пренос во живо в недела спроти понеделник во 2 часот по полноќ. Лондонската агенција "Диз ни", која е застапник на Американската академија на филмски умет нос ти, првично на македонската агенција "Си-Ем-Си" $ ги одобрила пра ва та за откуп на преносот, па потоа ја одбила, со образложение дека е доцна да се уплатат пари на нејзината трансакциска сметка, вели Борис Па у нов ски, сопственик на "Си-Ем-Си". Тој вели дека второто образложение на "Диз ни" било дека Оскарите се продаваат во пакет со филмски хитови и се рии.

Па у нов ски, кој се обидел да ги откупи правата за пренесување на Ос ка ри те и да им ги продаде на "Канал 5" телевизија, тврди дека вината е во лон дон ска та агенција.
"Пос лед ни от рок да се откупат правата беше лани во ноември. Но од лон дон ската 'Дизни' ме контактираа во јануари, откако слушнале дека јас откупувам лиценци за музички манифестации. Се договоривме јас да им најдам телевизија од тука, која од мене ќе ги откупи правата за пре нос. На 19 февруари добив одобрение дека правата можат да се от ку пат, и чекав од нив да ми испратат договор. Во меѓувреме, од "Канал 5" ми ја уплатија потребната сума, за да ја проследам до Лондон. Се до 28 февруари од Лондон ми немаа испратено никаков договор, и тогаш ми ја ви ја дека е доцна да се уплатат парите, зашто нема да стасаат на нив на та сметка", ни рече Пауновски.

Ди рек то рот на "Канал 5" Иван Мирчевски вели дека е разочаран што само ед на недела пред Оскарите дознал дека треба да ја менува целата прог рам ска шема на телевизијата и да се оправда пред спонзорите кои вло жи ле во купувањето на преносот за Оскарите.
"Нај дов ме спонзор, ја уплативме сумата до 'Си-Ем-Си' во предвидениот рок, и беше шок кога пред три дена дознавме дека нe одбиле. Парите си ги добивме назад, тоа не е спорно", вели Мирчевски. Тој додава дека су ма та која ја уплатиле не е занемарлива и вели оти е нешто пониска од лан ска та цена за откуп, која изнесувала 16.000 евра.

До преклани правата за пренос на Оскарите ги откупуваше Миланка Ра шиќ, преку нејзината продуцентска куќа "Миракс". Лани Рашиќ за "Вест" из ја ви дека тоа е скап проект, таа сега има други обврски, и не знае зошто ни кој друг не е заинтересиран.
До де лу ва ње то на оскарите е традиција која трае 82 години. Годинешни до ма ќи ни на шоуто ќе бидат Алек Болдвин и Стив Мартин.
 
Според мене Оскар за најдобар филм оваа година че добие The Hurt Locker .
Филмов не ми е гледан.
 
Bravo za Kanal 5..Tapa ste!!a bash se spremav da gi gledam i da vidam kako ke izgleda na makedonska televizija ali nisto od toa...davajte na net da se gleda ...
 
на ХРТ 1 ќе даваат , би требало повеќето да ја имате ...
 
ќе има тука во живо со црвениот тепих се ексклузивно :wink:
Едит од џимеј:линкот е отстранет ради вирус
 
Немав време да листам низ нетов затоа овде ќе прашам.

Во колку часот почнува црвениот тепих а во колку доделувањето?
 
Немав време да листам низ нетов затоа овде ќе прашам.

Во колку часот почнува црвениот тепих а во колку доделувањето?
00:00-06:00(тука е вклучен и црвениот тепих)
Во два часот после полноќ полнува доделувањето така пиша некој погоре:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom