Не можам да зборувам за Аватар пошто не сум го гледал, ама не е потребна добра глума за такви филмови, ако судиме по Lord of The Rings кој беше на ефекти и ги собираше оскарите.
Бенџамин Батон беше филм со многу лоши критики од јавноста кој го угураа во номинациите и не доби ништо. Слично беше со Aviator пред повеќе години, многу врева за ништо.
Бенџамин Батон најмногу беше критикуван поради сличната, скоро истата сценографија во некои сцени како од филмот Форест Гамп. Навистина беше така, истиот сценограф работел на двата филма, тоа беше минус за филмот, иако сеуште мислам дека Шон Пен не ја заслужи повеќе од Бред Пит наградата за најдобар актер таа година.
Што се однесува до Аватар муабетот, сепак, Lord of The Rings има приказна за разлика од оваа копија на Покахонтас, Господарот беше нешто оригинално и интересно да се погледне.
Се крена огромна врева околу Аватар, се наоѓаме во време на 3Д технологијата, би рекол, кино салите се преполнуваат најмногу ради тие ефекти направени со стотици супер компјутери, секој сака да ги погледне тие ефекти во 3Д на Imax.