Oscars 2010

Кој од следниве филмови ќе го добие Оскарот за најдобар филм?

  • Вкупно гласачи
    161
  • Гласањето е завршено на .

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.259
Еве мои прогнози. Ги изгледав скоро сите номинирани филмови, освен Invictus, The Messenger, Avatar и Precious: Based on the novel Push By Sapphire (овие затоа што немав време), а и неколку 2-3 на кои не ми текнува затоа што не ни беа во некоја особено значајна конкуренција.

Ќе почнам од номинациите за најдобар филм и дефинитивно мислам дека треба оскар да добие Копилињата на Тарантино. Многу уживав во филмот цели 2 ипол часа. Аватар овде не го имам гледано, не сум имал можност, треба да одам барем до Скопје за да го гледам, на дивиди не ни помислувам да го пуштам. Другите номинирани, на пример The Blind Side е еден од најлошите филмови за годинава, Господе не знам ни зошто толку е преценет и дури го има во листата за најдобар филм на годината:toe:, срамотилаци. За District 9 имав поделено мислење, од една страна го сакав од друга не, затоа и тој не ми е нешто посебно, An Education е добар филм, ама не ми е некако за оскар. The Hurt Locker многу го бендисав, ама поради неколкуте скандали кои се десија во последно, тоа со мејловите и сл, не знам, не верувам овој баш да добие оскар. Иако интересен филм и напнат, има и други пред него кои ги форсирам на пример Up in the air. Еден од најдобрите филмови годинава, дефинитивно. Џорџ Клуни одлично изглуми и целосно уживав во филмов. Многу интересен филм. A Serious Man, не знам дали се зезаат со нас, кој филм, од кај све не е крадено сценариово, Up, не знам, анимиран филм за најдобар меѓу сиве останати? Нема шанси, а и мене не ми беше нешто посебно.
Иако сакам Инглориос да земе оскар, тука се знае кој го зема оскарот оваа година. Тоа е Аватар. Толку прашина се крена за филмов и сигурно тој ќе земе оскар. Не знам, можеби заслужено можеби не, ама вечерва мој фаворит е филмот на Тарантино.

Немам многу време за останатите категории подетално, ама накратко ќе се разочарам ако Сандра Булок земе оскар за најдобра улога. Дури и Џесика Алба би одглумила подобро од нејзе, која патем нема врска од глума. Кој промашај за годинава еј... Инаку за најдобра машка улога немам фаворит, ама за споредна машка улога тоа е Stanley Tucci негативецот од The Lovely Bones. Ваков негативец не сум видел одамна! Two tumbs up за него, ѕвер ѕвериште!

За најдобар режисер исто го форсирам мојот фаворит Тарантино кој иако за Неславните копилиња има крадено од кај све не... ама таков е неговиот стил и сам тој има изјавено дека знае милион филмови на памет и искрено иако Енио Мориконе + Серџо Леоне сцените беа очигледни филмов беше стварно ремек дело!

За најдобар филм оваа година убедливо ќе земе Up!, Coraline не сум го гледал, само Up, и првите 45 минути ми беа wow, нешто невидено, ама после... ми се иступи филмов в крај или моето расположение се иступи, не знам, останува да видиме.

Така, останува уште малку време, црвениот тепих го прескокам или одвреме навреме ќе ѕирнам некое добро пиче, а после ќе навивам за Инглориус, најдобриот филм за годинава.

А сепак, морален победник за мене, убедливо, World's Greatest Dad, на првото место, филмчиште кое беше слабо рекламирано па затоа не беше во опсег на главните збиднувања.

http://www.imdb.com/title/tt0929632/
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Почна црвениот тепих иначе :)
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
абе зашо лажете дека на Хрт 1/2 ќе имало пренос???

сакате сеа шамари да летаат :pipi:
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Па ќе има од 2 сатот
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
хауева најдов на Скај синема 1,... а за беља Hurt Locker го даваат на SKY cinema 24 :tv:

Мет Дејмон, Стенли Тучи и младата риба од Up in the air засеа ги интервјуисаа
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.259
http://raspored.hrt.hr/

Точно, ќе даваат на Хрт 1. Ме спасија, инаку ќе требеше да се качвам да ја помествам пајнцана за да добијам сигнал на сателитскава.
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Аманда Сајфред :vozbud:

И Вера Фармиг е јака милфица :drk:

оној па презентерон секоја година го глуши таму од ложата..
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
За разлика од лани кога ги имав изгледано кандидатите за Оскар оваа година не ми се гледани сите, помеѓу кои и Avatar кој важи за фаворит. Го чекам барем на ДВД кога веќе не можам да го гледам на кино.

Во секој случај, ако не победи фаворитот (како и да биде ќе има дискусии околу тоа), тогаш би сакал да победи Up In The Air.

Како и да е, лоша година, додај на тоа и неколку превиди на академијата, добри филмови кои немаа вистинска шанса да се борат со ремек делата од типот на „A Serious Man“... и одма се поставува прашањето зошто уште сум буден?

Веројатно заради Стив Мартин и Алек Балдвин. Ги гледав во It's Complicated, верувале или не, вториот беше смешен, првиот беше сериозен.

Шоуто вреди, за наградите, некогаш не вреди ни да се дискутира...
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Другите номинирани, на пример The Blind Side е еден од најлошите филмови за годинава, Господе не знам ни зошто толку е преценет и дури го има во листата за најдобар филм на годината:toe:, срамотилаци.
поради која причина не ти се допадна филмот???
напротив мене ме воодушеви бидејќи пред се е снимен според вистинска приказна и сосема малку нешто е доданено +!!
еве на пример мене ми се допадна Филмот Inglorious Bastards т.е. ме воодушеви со целата глума и приказна,но не мислиш дека многу се набилдува храброста на американските војници-типично амерички:toe:
инаку за улогата на Сандра Булок во филмов не би ја нарекол очајна(тоа е мое мислење)
инаку како што ги гледав најавите за Џулија и Џулија(филмот немам намера да го гледам) не ми се допаѓа глумата на Мерил:toe:
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Поставувајте стриминг со време, ја ред карпет традиционално ќе пропуштам, ама ќе се убацам до кај 4 негде сигурно. Пњинцесс Нудл захтева и наредуе да ја чека линк со стриминг овде во случај да нема на ХРТ 1 или Канал 5, а ќе знаете дали нема зашо ќе го фатите од почеток, mkay?
На.

http://www.livestream.com/theoscars
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.259
поради која причина не ти се допадна филмот???
напротив мене ме воодушеви бидејќи пред се е снимен според вистинска приказна и сосема малку нешто е доданено +!!
еве на пример мене ми се допадна Филмот Inglorious Bastards т.е. ме воодушеви со целата глума и приказна,но не мислиш дека многу се набилдува храброста на американските војници-типично амерички:toe:
инаку за улогата на Сандра Булок во филмов не би ја нарекол очајна(тоа е мое мислење)
инаку како што ги гледав најавите за Џулија и Џулија(филмот немам намера да го гледам) не ми се допаѓа глумата на Мерил:toe:
Обично се работи за вкусови ама како што велам јас постојат вкусови и дискусии околу вкусови и со задоволство би се приклучил во некоја :).
Вака, за мене The Blind Side е пример дека секој филм што е базиран според вистинита приказна не значи дека е одличен. Како што читав коментари и на имдб и сегде низ нетов филмов дури го вметнуваат и во топ 10 најинспиративни филмови на сите времиња?!???
Го критикувам филмов многу и сигурно не би го гледал по втор пат затоа што мене ми беше досаден. Искрено после првите 60 минути од филмов јас почнав многу да се досадувам. Дури потоа станав и едно убави пола сат го гледав филмов станат од нервози. Последните пола сат ги изгледав стани-седни-стани-седни. Приказнава ми е некако како неуспешен апел да се искористуваат потрошените спортски таленти...или можеби грешно и сум го сфатил. Не гледам ни нешто инспирирачко во филмот, а да не зборуваме за глумата. Едино црнецот добро одглуми а Сандра Булок... Лелеее, само газот и цицките и вредеа овде и беа стварно за почит. Таков газе е стварно за почит. Ама глумата...цк, ништо посебно, дури многу и вештачки на моменти. Мислам дека некоја друга подобро би се снашла во оваа улога.
Очајно сценарио, не знам ни што да речам повеќе.
Дури и на имдб рејтингот е 7 кома нешто. Катастрофа. Сега ми текнува на друга драма која се занимава и со спортот а тоа е Radio, и за жал кој никогаш не почитувал толкаво внимание и рејтинг, воедно овој е еден и од најдобрите драми некогаш што сум ги гледал. Е ова е за почит, а не некој The Blind Side.

А што се однесува на Копилињата, не е поентата да се прикаже хиперболизацијата на америчките војници, тоа може да се гледа во Рамбо, овде станува збор за римејк каде некои работи се сосема измислени, т.е. навистина не се случиле во историјата.
 
како што напомена секој со различни вкусови:)
па сакаат да прикажат дека многу таленти без добри услови(семејство,финансии,образование,надеж и волја) не можат да просперираат,барем јас колку што го разбрав филмот,а богами и од изјавите на вистинскот семејство на таа личност што го згрижила!
сепак оваа е една од подобрите драми(според вистински настани) што сум ја гледал
за болдираното сосема те се согласувам со тебе,сепак нешто што и на двајцата (а можеби и на другите) ни се допаѓа во филмот,изгледа макотрпно вежбала за филмов:smir:
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.259
Пооо кој жени ги имат овде еј, ај уш тро на стрим и после удобно да се сместам пред телевизор на хрт 1.
п.с. - оваја женава од Џејмс Камерун е ко преживеаните од Титаник.
 
Член од
30 март 2009
Мислења
251
Поени од реакции
20
Пооо кој жени ги имат овде еј, ај уш тро на стрим и после удобно да се сместам пред телевизор на хрт 1.
п.с. - оваја женава од Џејмс Камерун е ко преживеаните од Титаник.
Па и во право си за жена му, ја играше внуката на Роуз во Титаник

Шоуто вреди да се гледа, а и наградите не одат баш во погрешни раце
 
Kajgana Shop

На врв Bottom