Спореди книгата, како Толкиновите кои се филмуивни и спореди што е подобро? Книгата или филмот?
Во книга приказната можеш многу подобро и поопширно да ја оформиш, каде што единственото нешто што ти е забавно е баш приказната, во филмот приказната мора да е многу пократка и постегната, затоа ретко се случува да се покаже филмована книга подобра од самата книга. Но тоа неможе да се споредува, еве земи пример игран филм и сериски филм. Во играниот филм располагаш со многу повеќе пари, и затоа можеш да употребиш поскапа екипа и поскапа опрема, но затоа во серијата приказната е тоа што можеш повеќе да го прикажеш, бидејќи имаш повеќе простор на таа поле. Зборувам нормално, за ако би правел игран филм и сериски филм базирани на иста приказна.
И реков, сакаш уметност, иди на идни ченел, сакаш празнење мозок, оди гледај холивудски.
Е баш ова нема благе везе, секад холивудски филмови ги споредувам исклучиво со холивудски, и баш затоа викам дека може да има каде каде подобра приказна.
Види, го немам гледано, и конкретно не го ќењам, но знам што да очекувам. Сигурен сум, дека тоа што мислам дека ќе го видам, тоа и ќе го видам. Филмов е popcorn movie, кој што е наменет да те забавува, и во таа категорија го ставам. Ниеднаш не ни помислив да го споредам со филмови кои не се во оваа категорија. Како popcorn movie, најверојатно ќе ми биде закон. Тоа што ме нервира се конформистички мравки, кои што викаат филмов дека е еден од најдобрите (или најдобриот) поради: специјални ефекти (а го гледале на TV), специјални ефекти (а го гледале во обично кино), поради тоа што другарите нивни кои го гледале во imax кино викаат дека е закон, поради тоа што читаат рецензии од луѓе кои го гледале во imax кино и викаат дека е закон, поради рејтингот на филмот, поради парите потрошени за овој филм, поради парите заработени од овој филм...
Мислам, ако ме свати, ме нервираат луѓе што необјективно преценуваат филм поради надворешни фактори, а не самиот филм и лично мислење.
Башка, не само тоа, еве види со Титаник како беше пример. Џејмс потроши исто така многу пари, го изрекламира, го напумпаа со оскари, и човекот си заработи 10 пати повеќе од потрошеното (грубо кажано). Нормално си се напуни со пари периодот кога го даваа филмот во кино. Зборувам за себе, од кога го гледав Титаник во кино, до ден денес, нити имам чуено некој да го гледал филмот накнадно, нити имам чуено некој да го зборува филмот (освен во ретки случаеви), нити имам чуено некој да го спомне како "добар" филм кога пример се дискутирало за филмови. Според мене така ќе биде и со Аватар, сега ќе биде шема, бидејќи ефектите за ова време се најверојатно пекол (иако во Македонија ретко кој ќе го види во imax кино). Значи му давам на филмов година-две максимум. После тоа, пак штама и за овој филм, плус за некоја година најверојатно ќе излезе филм што ќе има подобри ефекти и од овој.
Јас го сфаќам Камерон, исто како и Спилберг и Лукас со последниот Индијана Џонс, свесен си е дека прави popcorn movie, и кон тоа си цели. Му успеа со Титаник (иако Титаник и не беше баш popcorn movie), зошто да не направи пак така? Која будала не би сакала да заработи над милијарда долари?
Не бато, ако сакам специални ефекти ке гледам филм
и тоа Аватар на 3D
Тоа ќе трае неколку месеци. Потоа што ќе гледаш?