Рикер: Иднината на Македонија е во прашање ако не се реши името
Прашањето за името мора да се реши зашто од тоа зависи иднината на Македонија-изјави американскиот амбасадор Филип Рикер.
-Прашањето мора да се реши, бидејќи доколку не се стори тоа се поставува знак прашалник околу иднината на Македонија. Не треба фокусот да се става на решенијата што не се прифатливи, туку на оние што се прифатливи. Часовникот отчукува и тоа треба да се стори веднаш, а ние ги охрабруваме и Македонија и Грција да го направат тоа- рече Рикер.
Рикер потсетува на препораката на ЕУ да се искористи времето пред Самитот во јуни за да се реши прашањето,со цел Македонија и нејзините граѓани да продолжат по патот што е од нивен интерес.
За заедничката изјава на НАТО, ЕУ, ОБСЕ и САД за доследно почитување на Рамковниот договор и подобрување на политичкиот дијалог, Рикер вели дека не е остра .
- Ние сакавме да го споделиме нашиот став по тие прашања – дека Рамковниот договор и постојаните напори за долгорочните цели на Македонија и меѓународните партнери кон целосна интеграција во евроатланските структури е она што ние го посакуваме и сакаме да видиме напредок во тој поглед и конструктивен приод во рамките на институциите за да се справите со предизвиците, рече Рикер.
Американскиот амбасадор изјави дека очекува од политичките лидери сериозно да ги сфатат своите одговорности и да одат напред.Немаше коментар за најавените протести на невладини албански организации за 10 мај.За најавите на Џафери дека може да го повлече својот потпис од Рамковниот договор не е запознаен.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=59957
Интересно, американски амбасадор во Р.Македонија и се заканува на државата ако не си го смени името нема да постои ?
Извинете, што е ова, кој збор да го употрбиме ?
Ах да, совет од добронамерен пријател.
А ние да му поставиме контра понуда, парни денови да може слободно да шета а непарни да му мааме ластици, ете предлог од добронамерни пријатели.
Господа !
Западот значи умирање на македонскиот ген, тие ни инсталираа систем кој треба да не разори од внатре и Рамковниот и сега втор систем кој трреба нас Македонците да не разори на Македонци кои го сменија името и Македонци кои сакаат верни да останат на името, да не зборам и за малцинството наше во соседството и дијаспората.
Промена на име за наш е самоубиство.Тоа име толку наша крв има натопено, мртвите ќе ни станат сон нема да ни дадат.
Ние во околностите кои западот ги менаџираше исчезнуваме од сопствената земја.
Требаат храбри и брзи одлуки, нашата сувереност мора да ја заштитиме со системи кои немаат жиг маде од запад.
Трансвер на мировниците од Авганистан во Чеченија, тоа се вика шах со топ на Г6.