Меѓународно движење против промена на името

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Кој ја гледаше завршницава а ? од пародијава :tv:
дајте некое инфо алооо ... најдоа ли решение :tv:
и кај може да се гледа ако има некаде видео :)

Не најдоа решение, малку пари им легнале на сметка :)

Тука има видео, ама џабе ќе губиш време, баш е пародија.
http://a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=1581

Си играаат луѓето продажба на големо на идентитетот на Македонија. Не дај боже да почнат пак да си играат држава.
 
Кој ја гледаше завршницава а ? од пародијава :tv:
дајте некое инфо алооо ... најдоа ли решение :tv:
и кај може да се гледа ако има некаде видео :)

Потребно е позитивно брзо решавање на проблемот со името (заклучокот) :)

Ем, позитивно, ем брзо....на што прво да се смее човек, на позитивното или брзото решение :)
 
Ај некој (ако може) нека ми го објасни овој заклучок на с(т)имулацијата:

Дел од заклучоците кои во името на групата меѓународни олеснувачи во денешната симулација ги предочи аналитичарот од Косово, Ветон Сурои.
Првата работа е ние чувствуваме дека постои позитивна етност. Позитивната етност значи дека договорот може да биде доведен, но кој нема да ги притиска двете страни. Втората точка е дека ние ја идентификувавме потребата на целосниот постфиромски пакет.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122457

Кои се бе овие типови????

За Александар Бежовски кој директно ја следеше симулацијата, вели дека ова е ретка можност да ја чуе како размислува другата страна и тоа директно преку грчки интелектуалци и дипломати, кои практично изградија кариери работејќи на спорот со името.
Симулацијата покажа дека Грчката страна е спремна за договор, иако е нели неформална, но сепак сега ја остава нашата страна, односно Владата на потег. Дали ќе го прифати неформалниот предлог или ќе даде некој друг став“, изјави Бежовски.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122468
 
Абе бог да чува ,не се ни замарав да го трошам времето и да гледам вакви идиотизми ,но од ова накратко сега што го прочитав испаднало дека стигнале до очекуван резултат од стимулацијата :) ,односно да ја притиснат владата чиј што премиер во вистински момент искача со изјава и конкретен став дека име не менува :respect: ,одлично истенпиран момент да искочи во јавност во предвечерието на денот на стимуланс и да им ги скрши кичмите на сите ...:tv:
 
Гоч напиша:
Плус малку симптоматично се појавуваат серија текстови во наша корист - Стејт департмент, Економист, Католички весници... Или лобито работи, или навистина сме толку во право :vozbud:

Одамна пишував и ми се смееа :) ама пак ќе пишам ...

На Америка не им одговара обединета ЕУ, ја сакаат разединета за да можат да ја контролираат ....
На Америка не им одговара и јака Грција (која патем е сателит на Русија и главни перачи на пари нивни), плус им мавнаа шамар на Американците за Букурешт, кои патем чудно некако застанаа позади нас за да не вовлечат у НАТО и ЕУ ако треба и насила ... овие им поматија некои води ...
Цела оваа криза у Грција е одамна ама мислам дека плус со немирите и штрајковите кои почнаа (чудно но после Букурешт се исподесија и зачестија хмм) се масло на Американците ..
Католиците гледаат дека не шуткаат сите православни „браќа“ па ете и они даваат подршка ..

позади ватикан и америка постои интерес .. но и ние секако имаме интерес од нив ...
дали одолговекувањето на споров со името се добивање на време американците да си ја завршат работата со Грците? да ги уништат финансиски па да ги купат (Обама беше и во Турција, дали постои заговор против Грците?) гледаме и ЕУ веќе не ги ферма многу многу, ги навлекоа да земат заем од ММФ за да ги контролираат/купат...

на ова се надоврзува и колумната на Влатко Ѓорчев кој во неа ги „зашамари“ ЕУ Лицемерите, олеснувачите а и ги спомна и Берлин, Москва, дали сме обучувани у позадина од Вашингтон?

а неколку пати и владини делегации многу често одат во Америка на „семинари“ (какви и да се тие семинари), чудни работи мислам дека се играат ... ама како и тогаш кога го пишував ова мислам дека ќе испаднеме победници во споров со Грција ... но која е играва хмм :smir:
 
Одамна пишував и ми се смееа :) ама пак ќе пишам ...

На Америка не им одговара обединета ЕУ, ја сакаат разединета за да можат да ја контролираат ....
На Америка не им одговара и јака Грција (која патем е сателит на Русија и главни перачи на пари нивни), плус им мавнаа шамар на Американците за Букурешт, кои патем чудно некако застанаа позади нас за да не вовлечат у НАТО и ЕУ ако треба и насила ... овие им поматија некои води ...
Цела оваа криза у Грција е одамна ама мислам дека плус со немирите и штрајковите кои почнаа (чудно но после Букурешт се исподесија и зачестија хмм) се масло на Американците ..
Католиците гледаат дека не шуткаат сите православни „браќа“ па ете и они даваат подршка ..

позади ватикан и америка постои интерес .. но и ние секако имаме интерес од нив ...
дали одолговекувањето на споров со името се добивање на време американците да си ја завршат работата со Грците? да ги уништат финансиски па да ги купат (Обама беше и во Турција, дали постои заговор против Грците?) гледаме и ЕУ веќе не ги ферма многу многу, ги навлекоа да земат заем од ММФ за да ги контролираат/купат...

на ова се надоврзува и колумната на Влатко Ѓорчев кој во неа ги „зашамари“ ЕУ Лицемерите, олеснувачите а и ги спомна и Берлин, Москва, дали сме обучувани у позадина од Вашингтон?

а неколку пати и владини делегации многу често одат во Америка на „семинари“ (какви и да се тие семинари), чудни работи мислам дека се играат ... ама како и тогаш кога го пишував ова мислам дека ќе испаднеме победници во споров со Грција ... но која е играва хмм :smir:

Вака за тоа дали некој во моментов игра против Грција, не би можел да знам, иако и во Европа им е јасно дека го претераа...

Поранешниот американски прв дипломат, Лоренс Иглбергер кажа најубаво кај Томиќ * :vozbud: - АКО МАКЕДОНИЈА ОДЛУЧИ ДА ГО ЗАДРЖИ УСТАВНОТО ИМЕ, НЕМА СИЛА КОЈА МОЖЕ ДА ЈА ПРИСИЛИ НА ПРОМЕНА.
Е сега, тоа некој ќе треба да им го објасни на Македонците - дека не мора да менуваат име, нација, јазик, само за да му направат кејф на некого. Од тие грчките "вреќи пари" (како што се пишуваше неодамна) за купување на грчките новинари за македонскиот проблем, секако нешто се прелеа и во мкд, па некој мора да се правда со организирање на симулации.

* како е можно тој мамлаз да може да ги бара директно Иглбергер, Нимиц и слични фаци, а нашата новинарска "елита" само да цитира АНОНИМНИ ДИПЛОМАТСКИ ИЗВОРИ.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E13AA6F1221F8B4DB35141BEE707705C


P.S. А овие вмровчињата не се многу по амерички школи (таму на пример се образуваа сите новинари на А1). ВМРО во Немачка. Конрад Аденауар and that shit... Затоа кога ги слушаш тие германските евро-пратеници што најмногу сакаат колбаси, можеш да ги обвиниш за македонски национализам :pos2:
 
Со изјавата на премиерот дека на референдумот би гласал против (Северна Република Македонија) си измести досегашната оска на преговори . Изјавите на преставниците од СДСМ дека ќе го бојкотираат референдумот затоа што однапред е неуспешен ? Референдумот да биде успешен потребно е да излезат на гласање 51% од вкупното гласачко тело. Државјаните за да го прифатат она што е ставено на референдум треба да се изјаснат со 51% (за) од вкупниот број на излезени гласачи. Што би значело дека со самата излезеност на државјаните референдумот би бил успешен 51% од вкупниот број гласачи. Ова ме наведува на заклучок дека успешен референдум за СДСМ е само оној кој ќе донесе промена на име. Некои аналитичари пишуваат дека Груевски задоцнил со ваквата реакција. Мислам дека не се во право. Притисокот за решавање на ова прашање секогаш бил на наша страна, нам ни се сака во НАТО и ЕУ. Со оваа изјава мислам дека притисокот се префрла и на Грчката страна. Можеби роковите кои беа споменати од 2 месеци ќе се пробијат но, јасно е упатена пораката дека ваквиот предлог за Владата е не прифатлив. Изјавата на човекот со црвени обравчиња дека е рано да се зборува за референдум укажува дека ЕУ е свесна дека ова прашање на ваков начин не може да се затвори. Затоа и велам дека досегашната оска е изместена. Презадоволен сум од подршката на ДУИ.
П.С. СДСМ 4 години го прашува Груевски која е неговата црвена линија сега кога кажа ќе бојкотираат референдум. РЕФЕРЕНДУМ- право загарантирано со уставот на Република Македонија.
 
Рикер: Иднината на Македонија е во прашање ако не се реши името

Прашањето за името мора да се реши зашто од тоа зависи иднината на Македонија-изјави американскиот амбасадор Филип Рикер.

-Прашањето мора да се реши, бидејќи доколку не се стори тоа се поставува знак прашалник околу иднината на Македонија. Не треба фокусот да се става на решенијата што не се прифатливи, туку на оние што се прифатливи. Часовникот отчукува и тоа треба да се стори веднаш, а ние ги охрабруваме и Македонија и Грција да го направат тоа- рече Рикер.

Рикер потсетува на препораката на ЕУ да се искористи времето пред Самитот во јуни за да се реши прашањето,со цел Македонија и нејзините граѓани да продолжат по патот што е од нивен интерес.

За заедничката изјава на НАТО, ЕУ, ОБСЕ и САД за доследно почитување на Рамковниот договор и подобрување на политичкиот дијалог, Рикер вели дека не е остра .

- Ние сакавме да го споделиме нашиот став по тие прашања – дека Рамковниот договор и постојаните напори за долгорочните цели на Македонија и меѓународните партнери кон целосна интеграција во евроатланските структури е она што ние го посакуваме и сакаме да видиме напредок во тој поглед и конструктивен приод во рамките на институциите за да се справите со предизвиците, рече Рикер.


Американскиот амбасадор изјави дека очекува од политичките лидери сериозно да ги сфатат своите одговорности и да одат напред.Немаше коментар за најавените протести на невладини албански организации за 10 мај.За најавите на Џафери дека може да го повлече својот потпис од Рамковниот договор не е запознаен.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=59957

Интересно, американски амбасадор во Р.Македонија и се заканува на државата ако не си го смени името нема да постои ?
Извинете, што е ова, кој збор да го употрбиме ?
Ах да, совет од добронамерен пријател.
А ние да му поставиме контра понуда, парни денови да може слободно да шета а непарни да му мааме ластици, ете предлог од добронамерни пријатели.
Господа !
Западот значи умирање на македонскиот ген, тие ни инсталираа систем кој треба да не разори од внатре и Рамковниот и сега втор систем кој трреба нас Македонците да не разори на Македонци кои го сменија името и Македонци кои сакаат верни да останат на името, да не зборам и за малцинството наше во соседството и дијаспората.
Промена на име за наш е самоубиство.Тоа име толку наша крв има натопено, мртвите ќе ни станат сон нема да ни дадат.

Ние во околностите кои западот ги менаџираше исчезнуваме од сопствената земја.
Требаат храбри и брзи одлуки, нашата сувереност мора да ја заштитиме со системи кои немаат жиг маде од запад.
Трансвер на мировниците од Авганистан во Чеченија, тоа се вика шах со топ на Г6.
 
А имаше ли ова парче земја идинина воопшто за да дојде во прашање истата:toe:
 
Plan B, pa plan C, i taka redum , postojat mnogu planovi za razdor i unistuvanje na Makedonija.ako toa ne uspee ke vidime ova, se do ultimativna zakana kako Ovaa. kako moze dase razbere osven kako ultradestruktivno so krajna cel unistuvanje.so vakvi izjavi samo mozat da se vidat simptomite na nivnite varvarski korenja i varvarski gen.mozete da se lazete glumite demokrati no genot nikako nemoze da se izlaze toj se sodrzi vo sebe, sakale nejkele tie gi imaat VARVARSKITE GENI.KELTI I OSTANATI...pleminja...:drk:
 
До сега и Фуере и Рикер си молчаха со надежда да се реши нешто... еве видовме што стана от една изjaва по ТВ. И Фуере отрицателно зеjна и Рикер отрицателно зеjна...:toe:
Баш интересна политика се заформи и на ЕУ и на САД и на сите....
Чак да се закануват на државата не можеме да речеме,ама веднага смениха тона и зборовене ком негативно.
 
Доколку кај нас имаше национално единство сигурен сум дека тогаш Грција ќе беше "послабата" страна и на нејзе ќе и ги матеа овие игри.
 
Pocnaa so DOOM scenarija..Ovoj Riker e za vo Holywood, ne za ambasador vo Makedonija.

Ako vo Makedonija izbuvne nekoj konflikt, EU i USA preku Grcija ke bidat direktni priciniteli,na istiot.
Peace, Freedom ,Democracy...dali seuste ima nekoj zdrav covek koj veruva na nivnite slogani???:pos2::pos2:

Neka se nosi u P.M i Fuere, i Riker, i ostanatata GNILA "Demokratska"(citaj kapitalisticko-imerijalisticka) bagra od Makedonija...
 
Доколку кај нас имаше национално единство сигурен сум дека тогаш Грција ќе беше "послабата" страна и на нејзе ќе и ги матеа овие игри.

Што е тоа национално единство:toe:
Се што ќе кажат портокаловите да се прифати безусловно како волја на сите?

Или како тоа единство се дефинира .....
 
Што е тоа национално единство:toe:
Се што ќе кажат портокаловите да се прифати безусловно како волја на сите?

Или како тоа единство се дефинира .....

Апсолутно не.

Се што ќе Геро,Фрле,Милчин и остала педераана е верно и вистинито
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom