Меѓународно движење против промена на името

Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
И би огрешила душа ако не ја ставам и оваа статија
ДЕНЕСКА ПОЧНУВА КАМПАЊАТА
Тодор Петров на чело на колоната
Околу 20.000 волонтери ќе посетат половина милион домаќинства и ќе им објаснуваат на граѓаните за потребата да излезат на гласачките места

Со слоганот "Заокружи за" 33 политички партии, здруженија на граѓани и јавни личности, денеска ќе ја почнат кампањата против Законот за територијалната организација, соопшти Тодор Петров, овластен преставник на референдумот и претседател на Светскиот македонски конгрес. Почеток на кампањата ќе биде означен со прошетка на лидерите на партиите и јавни личности што го поддржуваат референдумот низ центарот на Скопје. Стартот е од пред Споменикот на мајка Тереза, низ плоштадот Македонија, колоната ќе го премине Камениот мост и ќе заврти покрај Македонскиот народен театар, а на плоштадот ќе се врати преку мостот Револуција. Во 12.30 часот координаторот на Централниот штаб Тодор Петров, ќе го официјализира почетокот на кампањата.

- Со тргнувањето од Споменикот на мајка Тереза сакаме да порачаме дека сме за соживот, мир, солидарност и за разбирање. Симболичниот почеток ќе претставува демонстрација на единството на учесниците во кампањата со упатување порака до граѓаните, масовно да излезат на гласање и да заокружат "ЗА" - изјави Петров.

Тој информираше дека Централниот штаб утврдил два карвана, а учество во нив можат да побараат сите поддржувачи на референдумот. Бил изработен и заеднички пропаганден материјал.

- Ги повикувам политичките партии да ги почитуваат утврдените правила за кампањата и да се воздржат од обраќање до сопственото членство и да не ги истакнуваат партиските симболи - рече Петров.

Во текот на кампањата 20 илјади волонтери ќе посетат над половина милион домаќинства со цел да им објаснат на граѓаните за потребата да гласаат на референдумот.

Петров информираше дека Државната изборна комисија завчера го одбила барањето, овластениот предлагач да има претставници во органите за спроведување на референдумот и правото на финансирање на кампањата од буџетски пари.

- Селективното читање на Законот за избор на пратеници и на Законот за референдум и граѓански иницијативи од страна на ДИК ги потврдува нашите сомневања за можен фалсификат на резултатите од референдумот. Сомнежот е и поради необјавувањето на вкупниот број граѓани со право на глас во Единствениот избирачки список пред тој да биде затворен, што е обврска на Министерството за правда - изјави Петров.


М.Ј.


http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2578&stID=41334

поенатата на ова е да имаат отрпилика претстава кој е тодор петров
Законот за територијална организација по тебе е добар? Браво бе...свака част!!!

Прашај ги оние во Струга, кај и да е Кичево, Чашка, а главниот град го направија најголем во Европа само да ги дотераат над 20%. Со сила направија Албанска општина во Скопје. Ако на државно ниво не се поштува Бадинтер, мамата ќе ни ја ебе белосветската булумента, а на локално ниво каде Македонците се малцинство, таму и да не се поштува нема везе, па да не бидеме ситничари.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Си помислил ли дека можеби некој сака да ги бојкотира протестиве???
Синоќа требаше да се делат флаери низ градов, но печатницата, во која благовремено беше нарачан материјалот, не ги испорача флаерите со апел за протест... на некој не му одговараат вакви ПРОТЕСТИ, и прави сопки на секој чекор...
Сум помислил ...
но вторпат се дешава ..
организира/повикува на протест 1недела пред протест и потоа нигде го нема ... вебот не им работи ... информација/организација понатамошна нема ... го истрчува народот безвеза ... и како тоа печатницата синоќа не работела .. па и да работела кој е ефектот ден пред протест флаери да делиш ... сепак Тодор прави глупост по вторпат :toe:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
И јас прашав некого на форумов за програмата на протестите и не добив одговор!? Потоа успеав и ја пронајдов и истата ја проширив на повеќе луѓе, па дури и „пошироко“. А гледам нема никаква организација . Паметни ли сте вие бе луѓе ? Што правите ?
 
S

smart ass

Гостин
Абе ќе земам натпис..ќе викнам 5-6 другари,они нивни познаници и пред општина...гарант ќе се собере народ.:toe:

Законот за територијална организација по тебе е добар? Браво бе...свака част!!!

Прашај ги оние во Струга, кај и да е Кичево, Чашка, а главниот град го направија најголем во Европа само да ги дотераат над 20%. Со сила направија Албанска општина во Скопје. Ако на државно ниво не се поштува Бадинтер, мамата ќе ни ја ебе белосветската булумента, а на локално ниво каде Македонците се малцинство, таму и да не се поштува нема везе, па да не бидеме ситничари.
Што,рамоковниот за тебе добар е или лош??

Законот за територијална,не направи проблеми...туку политичарите АМАН-оти тоа не го разберете.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Напишано од saso82
Законот за територијална организација по тебе е добар? Браво бе...свака част!!!
Добар е...за тие што донесен...од 30-40 општини станаа 400-500 значи 10-12 пати се зголеми бројот на градоначалници и друга бирократија...по основ на општини....таков е системот...со наши пари не ебат...ќе си нацртаат општини на картата а ние ќе ги плаќаме бирократите...
Во тие нови 300-400 општини место ќе се најди за секакви партиски и роднински кадри...а и да не се школува за џабе младината...фотеља is calling...
Ете затоа е донесен таков закон :jaj:

Ама не е се во парите...нешто е и во името...
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Сум помислил ...
но вторпат се дешава ..
организира/повикува на протест 1недела пред протест и потоа нигде го нема ... вебот не им работи ... информација/организација понатамошна нема ... го истрчува народот безвеза ... и како тоа печатницата синоќа не работела .. па и да работела кој е ефектот ден пред протест флаери да делиш ... сепак Тодор прави глупост по вторпат :toe:
А си помислил ли дека Тодор Петров - аргатот на Гвујо, со умисла организира протести на кои однапред знае дека нема да се појават повеќе од педесетина луѓе ?

Кога ќе помислиш на тоа,можеби и ќе дојдеш до одговорот на твојата недоумица која си ја напишал погоре :helou:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
А си помислил ли дека Тодор Петров - аргатот на Гвујо, со умисла организира протести на кои однапред знае дека нема да се појават повеќе од педесетина луѓе ?

Кога ќе помислиш на тоа,можеби и ќе дојдеш до одговорот на твојата недоумица која си ја напишал погоре :helou:
па у последно време и на тоа помислувам да ти кажам право ..:toe:
зорле го дува народот напразно ...
кога ќе треба вистински да се излезе никој ќе нема ...

да му е првпат ај ...
ама веќе вторпат истото го прави ...
не мешам тука Грујо тој вој ... може да биде секој ...

у секој случај чудно ...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Човече која нуспојава е овој Тодор Петров.Да се појавиш на протест со 20 лица.Па колку треба да се мразиш себеси за да го направиш тоа ејјј???:tapp:
Тешко нас ако овој го брани името на МК.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Или народот не следи нуспојави од типот на Тодор Петров.:toe:
Груевски,Бране,Тито...знаат дека името е црвената линија за мак. народ.
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Dobro be eve sega site znaete deka ima protesti pa za izlezete site da gi zaebeme i Grujo i Todor, ne mora Grujo da kaze da se pravi mitnig, Neka izleze 100000 narod zaebajte mu gi smetkite na dvajcata.
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
42
:pos2::pos2::pos2: abe шо ве глеам
арно си прај Тодорчо наш
ги испровоцира сите
20 сега
400 наредниот пат
ами после
и не трескајте зелени дека грујо го плаќа
го плаќаат Македонците од дијаспората
...
 
Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14
еве, за оние кои не го сакаат Тодор Петров, но и за они кои не го сакаат грујо или бранко, љубе, фрчко, киро, геро, љуБчо, како и за они кои не ја сакаат Македонската православна црква, ЕУ, и ај да не набројувам... планот за понатамошните протести, ве поканувам ЈАС... обичен човек, МАКЕДОНЕЦ, кој гласа НЕВАЖЕЧКИ, кој е партијски неопределен...
... Мирен протест против промена на државното име Македонија

(2) Мирен протест против промена на државното име Македонија
Датум: 27 Ноември 2009 година (петок)
Место: пред, седиштето на Мисијата на Европската Унија (карши зградата на Нова Македонија)
Час: 12 - 14 часот
(3) Мирен марш против промена на државното име Македонија
Датум: 2 Декември 2009 година (среда)
Маршрута на движење:
15.00 часот - собирање пред Мисијата на ЕУ
16.00 часот - поаѓање од Мисијата на ЕУ према Владата
17.00 часот - крај на маршот пред Владата
(4) Одржување на панихида со молитва за жртвите од грчкиот геноцид врз македонскиот народ и одбележување на фрлањето на првите напалм бомби на 28 август 1949 година од Британците врз Македонците на Грамос и Вичо, како опомена на светот за ужасите од војните
Датум: 6 Декември 2009 година (недела)
Место: во сите цркви на целата територија на Република Македонија, а во градот Скопје во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“
Час: 10 часот, после утринската богослужба
(5) Одржување на Мирен марш против промена на државното име Македонија
Датум: 7 Декември 2009 година (понеделник)
Маршрута на движење:
10.00 часот - собирање пред Мисијата на ЕУ
11.00 часот - поаѓање од Мисијата на ЕУ према Владата
12.00 часот - поаѓање од Владата према Собранието
13.00 часот - поаѓање од Собранието према Мисијата на ЕУ
15.00 часот - крај на Маршот пред Мисијата на ЕУ
(6) Бојкот на референдумот и одржување на мирни протести на денот на евентуалното одржување на референдум за промена на државното име Македонија
Датум: Дента на евентуалното одржување на референдумот
Место: пред седиштето на советот и градоначалникот на секоја општина или месната заедница, а во градот Скопје пред Собранието на Македонија
Час: 07 - 24 часот
(7) Мирен протест на денот на одржувањето на седницата на Собранието на Република Македонија за ратификација на Договор за промена на државното име Македонија
Датум: Дента на одржувањето на седницата на Собранието
на Република Македонија за ратификација на Договор за промена
на државното име Македонија
Место: пред седиштето на советот и градоначалникот
на секоја општина или месната заедница, а во градот Скопје
пред Собранието на Македонија
Час: 9 - до крајот на седницата на Собранието на Република Македонија
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Абе ќе земам натпис..ќе викнам 5-6 другари,они нивни познаници и пред општина...гарант ќе се собере народ.:toe:



Што,рамоковниот за тебе добар е или лош??

Законот за територијална,не направи проблеми...туку политичарите АМАН-оти тоа не го разберете.
Рамковниот за мене е полош од преговорите за името. Метод Step by step федерализација на Македонија. Ова е првиот чекор.

Законот направи проблеми и најкултурниот народ на планетата земја, најмирните луѓе во универзумот.

Добар е...за тие што донесен...од 30-40 општини станаа 400-500 значи 10-12 пати се зголеми бројот на градоначалници и друга бирократија...по основ на општини....таков е системот...со наши пари не ебат...ќе си нацртаат општини на картата а ние ќе ги плаќаме бирократите...
Во тие нови 300-400 општини место ќе се најди за секакви партиски и роднински кадри...а и да не се школува за џабе младината...фотеља is calling...
Ете затоа е донесен таков закон :jaj:

Ама не е се во парите...нешто е и во името...
Во ред е друже не спорам со ставот дека требаше да се намалат градоначалниците во Македонија, меѓутоа спорам за границите на општините. Сите општини се прекроија по теркот на Албанезиве и западните ни пријатели. Чаир, Чашка, Струга, Кичево, Скопје, незнам за Маврово...Не ли можеше на друг начин да се прекројат границите? Зошто од македонски Чаир направија албански?
 
E

emission

Гостин
(6) Бојкот на референдумот и одржување на мирни протести на денот на евентуалното одржување на референдум за промена на државното име Македонија
Датум: Дента на евентуалното одржување на референдумот
Ова прашање според мене е многу важно. Дали да се бојкотира референдумот или не? ( веројатно е дека ќе има референдум па да ги разгледаме можностите)

Во зависност од референдумското прашање треба паметно да се изигра .

Ако прашањето гласи „дали сте за промена на името“ веројатно би требало да го бојкотираме референдумот, бидејќи заговарачите за промена нема да се доволно бројни за да референдумот биде успешен.

Ако прашањето гласи „дали сте за зачувување на името“ би требало да излеземе масовно и да гласаме потврдно. Со тоа ќе се даде до знаење дека народот има јасен став и нема да може да се занемари, т.е. ќе мора волјата да се почитува. Ако на ова прашање референдумот биде неуспешен (т.е. го бојкотираме) ќе влеземе во пат позиција да не се знае какви се следните чекори. Затоа сметам дека во ваков случај подобро е масовно да се гласа „ЗА“. Во случај „другите“ да го бојкотираат референдумот ако прашањето е поставено вака дали сметате дека ќе има доволен број гласови „ЗА“ за да биде гласањето успешно, т.е. да не ни се повтори гласањето за територијална поделба кога имаше доволно гласови за да се поништи таа одлука но немаше доволно за да биде успешен тој референдум.

Што мислите вие за тоа?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom