Сега да ме утепаш не ми текнува кој квиз беше,ако треба нема да спијам,ама ќе се сетам...
:uvo::uvo::uvo:
Суперишка?
Ќе се задржам на Маја Вукичевиќ.Од никогаш не сум ја сакала и секогаш мислев дкеа лошо пее.Сега пееше во живо,а единствената песна од сите овие, која има евровизиски призвук во живо е нејзината.Затоа и жирито гласаше за неа.Навистина добро звучи.
И мене ми се допадна песната на Вуќичевиќ, Масевски завршил добра работа. :smir:
* * * * *
Инаку читам разни критики по Интернет како изборов бил се покатастрофален секоја година, бла бла.
Ланскиот избор (и музички и сценографски) беше најдобар, а и оваа година според мене е на исто ниво како лани. Можеби не требало да ставаат кич кругови и вртлози, ама сепак како и да е оваа сценографија е една од најдобрите која сме ја виделе по наши фестивали.
И водителките ми беа ОК, бар се трудеа да направат нешто интересно, ама ние сме навикнати на стерилно и досадно водење со читање од ливче, а се друго е лошо.
Како и да е, не заборавајте дека овие две вечери беа полуфиналиња, ни на главната Евровизија полуфиналињата не изгледаат најсјајно.
Генералната оценка за фестивалот ќе може да се даде утре, на финалето. :smir:
П.С. Кој беше проблемот уствари со Викторија Апостолова? Таа нешто во бекстејџ спомна дека направила огромна грешка која не смеела пак да си ја дозволи.