Диета и диети
Ваши предлози и сугестии за диети, не само за слабеење туку и за
чистење на организмот од отровите кои секојдневно ги внесуваме, но, предност за слабеење.
Инаку, јас кога престанав да тренирам карате, почнав билдинг, кашив во мускулатура бајаги, но кога и тоа го баталив, се ми отиде во стомакот. бев како некој слон.
Решив да се стегнам и почнав со диета. Симнав 14 кг, за 16 дена, а потоа уште 6 со склекови и стомачни, како и планинарење и ролери возење.
Диетата е онаа со зелката:
главица зелка
две пиперки,
6 кромида,
целер,
6 лупени патлиџани
сето тоа сварено (може и зачини)
тоа се прави како чорба и се консумира барем еднаш дневно, а може колку ви душа сака.
Но,
1 ден - овошје, само да не е гроозје и банани
2 ден, свеж зеленчук, само не мешункаст
3 ден микс од ден 1 и 2
4 ден до 1 литар млеко и до 8 банани
5 ден до 250 грама телешко печено без сол/зачини
6 ден до 1 кг телешко печено без сол/зачини, патлиџани до 3
7 ден интегрален ориз и зелен зеленчук
сето тоа е без зачини, леб и лебни нутриенти
од пијалак, кафе без шеќер, чај без шеќер, вода
Ако се ослабне повеќе од 5.5 кг за 7 дена, се прави пауза од два дена, ако не тогаш од 1 ден.
Алкохол се консумира 24 часа по прекин на диетата.
Кој може, бујрум. Се чисти организмот, се топи само сало и масни наслаги, се подобрува крвоток и притисок. режим на срцевата работа.
Диетава е од Sacred heart болниците за предебели пациенти кои треба да имаат тежок хируршки зафат. Нагло ги слабеат.
dali ke moze da se zamene toa telesko meso da se jade pilesko ili svinsko?