Чисто информативно да ви кажам дека Ван Бастен во Милан бил донесен по багателна цена од 1,5 милион марки или нешто ситно повеќе. Галијани си го прогласи за трансфер на кариерата негова, после него го стави Кака а на трето место Шева за кој се опрчија здраво кога го зедоа тогаш.
Најскап во историјата на Милан е Руи Коста.
Кажав една и пак ќе кажам, не е се до парите, Галијани го има изгубено осетот. Неизводливо, значи НЕИЗВОДЛИВО било Пандев и Лусио да потпишат за Интер. Деновите кога Галијани газеше на летен трансфер период во Милан во доаѓаа за никава пара Пирло, Кака, Стам а Интер фрлаше шлепери пари за Вампета, Хакан Шуќур и Дакур.
Лесно е да се сфати од каде дише топкава.
Не ги знам сумите кој се, онака наредив играчи шо се купиле. Иначе од поскапите беа Лентини (овај се преплати за да му се помогни на Торино со некој долг или така нешто), Савичевич во то време еден од најскапите, Папин и Десаи мислам дека беше скапо платен. Подоцна Неста и Руи Коста се скапо платени, за другите незнам.
Поентата е дека не е важно колку скапо се плаќат играчите, зошто најуспешните во Милан не биле најскапо платените Бастен, Шева, Кака, Пирло, Сидорф, а многу скапо платени „имиња“ во свое време се посраја, премногу има Лентини, Папин, Баџо, Ба, Дугари, Давидс, Циге, Клајверт, Бломквист, Ајала, Гулиминпјетро, Донати, Хави Морено, Контра, не сите скапо платени, ама од сите се очекуваше првотимски фудбал и сите разочараја.