Закон на атракција!

Serdaroth

Flying kicks.
Член од
10 септември 2009
Мислења
19
Поени од реакции
0
Ако кон мене оди тигар, фуриозен, сака да ме изеде, дали позитивното размислување ќе ми помогне? У стил „не се секирај, на метар од мене ќе застане“ или нешто сл? Стравот игра клучна улога тука, тоа е она што ќе ме натера да почнам да бегам, да се качам да дрво, едноставно да се спасам некако. А стравот нели не е позитивна мисла? :)

Поентата ми е, секако, добро е да се мисли позитивно во текот на животот, но треба и објективно, дури и понекогаш малку песимистички. На тој начин можеш да избегнеш незгодни ситуации во кои со „премногу позитивно мислење“ би се впуштил. На некој начин, да си најдеш баланс. :)
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
...само би додал, ако сте несреќни не обвинувајте никого, сфатете дека вие сакате да бидете несреќни. Кај што е проблемот таму е решението. :wink:
Ууууф, шо збориш еј. Се сложувам дека фино звучи вака кажано, а може дури и да се применува у рандом моменти коа буљаш пред телевизор онаков безработен, летаргичен, рамнодушен, у рецимо недела попладне, и одеднаш си викаш: среќен да сум сеа или несреќен? Ај среќен :icon_lol:
Ама банално е да кажеш дека е здраво човек да САКА (дури и потсвесно) да му се случат лоши работи кои ќе го направат несреќен. Ако ми умре мачорот, ми изгори куќата, ме акне гром, ме силуваат на улица, дали во себе да го барам решението?
Знам дека сум екстремна, ама нема друг начин да го исконтрам ова :icon_lol: Поентата е дека да, дел од она што ни ја сочинува среќата е под наша команда и во наш домен. Ама остатокот е изврзување на милион надворешни фактори што не можеме да ги контролираме, па следствено колку и да САКАМ јас да не ми гори куќата, таа сепак нема да престане да гори :)

Ја у принцип лошо се снаоѓам со вакви контрола_на_потсвеста ствари што продаваат зиљон примероци од горенаведените книги, а ретко функционираат. Бар кај мене никад не. Ја претпочитам за некој иден настан да имам баш ниски очекувања за после ако се испостави позитивен изход, да се „почастам“ со пријатно изненадување :icon_lol:
Се шалам, стварно многу малку верувам во моќта на (моите) мисли.
А нели делува малце ретардирано на се да гледаш позитивно?
Да, баш делува. Малце ко налудничав би изгледал ако со сила се праиш хепи и глеаш позитивно на све, коа сите знаеме дека светот у кој што живееме има многу малку позитиви да понуди.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Се плашам дека си во право. Но ме теши што и јас сум во право. :) Сепак е до нашата реакција на настаните. Знам дека лесно звучи вака бла бла на форум но сепак е тоа. И да може некој/нешто да не преплаши и унесреќи, сепак е до нашата реакција на тоа, дали ние ќе си дозволиме да бидеме несреќни и преплашени, или само ќе ги чувствуваме несреќата и стравот, а нема да изгубиме присебност. Идеолошки звучи но мора, бидејќи одиме напред нели? :smir:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Колку и да звучи банално и нереално јас верувам во овој Закон на атракција или како и да се вика (иако со доза на умеренест, се разбира). Можеби е ова само уште една голема глупост во животов мој на која и се поклонувам, но искрено не ме интересира и не се ни трудам да навлезам подлабоко и да започнам да го проучувам и контрирам, се дотогаш додека ми дава сила и ми помага полесно да минувам низ тешките животни периоди.

Не сме ние посебно како индивудуалци центарот на овој универзум па да ни се исполнат сите желби, не постои судбина само спелт на околности....
Уствари во тоа и е поентата. Кога веќе не сме центар на универзиумот и ничив центар воопшто, зошто тогаш да не бидеме свој центар на универзум или на што знам што? Всушност не се работи за некаква си атракција или магија која ни ги сервира работите кои ќе ги посакаме, туку едноставно станува збор за нашата потсвест. Колку повеќе веруваме и ги повторуваме нашите позитивни желби тие толку повеќе ни се наталожуваат во потсвеста, така што понатаму во животот не дека универзиумот ќе ни поклони нешто туку самите ние, носени од потсвеста несвесно ќе се трудиме да си го оствариме тоа.

Се плашам дека си во право. Но ме теши што и јас сум во право. :) Сепак е до нашата реакција на настаните. Знам дека лесно звучи вака бла бла на форум но сепак е тоа. И да може некој/нешто да не преплаши и унесреќи, сепак е до нашата реакција на тоа, дали ние ќе си дозволиме да бидеме несреќни и преплашени, или само ќе ги чувствуваме несреќата и стравот, а нема да изгубиме присебност. Идеолошки звучи но мора, бидејќи одиме напред нели? :smir:
И не е баш така :)))
Ај да речеме дека изгорела куќата, силување, киднапирање или штознам што...па на крај ќе речеш- Фала Богу, јас сум жив и здрав па за другото не е важно и ќе продолжиш понатаму. А што ќе кажеме при загуба на блиска личност? И тогаш да не ќе речеме фала богу жив сум? Не е баш се така едноставно како што изгледа. Дури и да ја задржиме присебноста, што дека кога пак страдаме? Не може човек да изреагира поинаку во ваков случај кога тоа е тоа. Никој не сака болка и страдање ама не можеш поинаку.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Баш гледав една епизода на новото survivor.Типката веруваше дека ако мисли позитивно дека нема ништо да и се случи,ниту да испадне.На крај од емисијата ја исфрлија како куфер.
Затоа не верувам во вакви нешта,само реално,ако треба позитивно тогаш гледај позитивно,ако си во г**на зацапан,не ти помага ни филм,ни мисли.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Уствари во тоа и е поентата. Кога веќе не сме центар на универзиумот и ничив центар воопшто, зошто тогаш да не бидеме свој центар на универзум или на што знам што? Всушност не се работи за некаква си атракција или магија која ни ги сервира работите кои ќе ги посакаме, туку едноставно станува збор за нашата потсвест. Колку повеќе веруваме и ги повторуваме нашите позитивни желби тие толку повеќе ни се наталожуваат во потсвеста, така што понатаму во животот не дека универзиумот ќе ни поклони нешто туку самите ние, носени од потсвеста несвесно ќе се трудиме да си го оствариме тоа.
Кај и свесен понекогаш тресам глупости па што оставам за подсвеста и несвеста наталожени со моите пусти желба да ми управуваат со животот.
Автихипноза или автосугестија ти се невидени илузии одвратно нешто сонови и неоставрени желби фантазии на граници со илиузии.
Што ќе посакаш тоа и ќе добиеш, перење мозок го викаат тоа луѓево заебана работа е.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Да, баш делува. Малце ко налудничав би изгледал ако со сила се праиш хепи и глеаш позитивно на све, коа сите знаеме дека светот у кој што живееме има многу малку позитиви да понуди.
Па таквите луѓе обично се најсреќни :smir: Не му берат гајле за ништо од се гледаат некаква возбуда и се весели. А и гајле им е дали тебе ти изгледаат налудничаво т.е. битен момент е шо и ти им изгледаш налудничав ако си крипи во тој момент.

Филмо ми делува како шит и искрено нема врска туку само перачка на пари. Макар шо за теоријата до некаде сметам дека е ок. Од проста причина шо самодовербата е битен фактор за се шо прај еден чоек.

И за крај еден мал додаток за прекумерно позитивно гледање на работите. Шо ако на крај ти пукни филмот ? Како викаат кој високо лета .... За то теоријата е ок ама со мала доза песимизам :wink:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
И не е баш така :)))
Ај да речеме дека изгорела куќата, силување, киднапирање или штознам што...па на крај ќе речеш- Фала Богу, јас сум жив и здрав па за другото не е важно и ќе продолжиш понатаму. А што ќе кажеме при загуба на блиска личност? И тогаш да не ќе речеме фала богу жив сум? Не е баш се така едноставно како што изгледа. Дури и да ја задржиме присебноста, што дека кога пак страдаме? Не може човек да изреагира поинаку во ваков случај кога тоа е тоа. Никој не сака болка и страдање ама не можеш поинаку.
Човек и кога страда пак може да биде ведар, освен ако баш не реши дека МОРА да страда. Ако проблемот не е од неподнослива физичка природа, доволен е само еден клик во главата и се е супер. :)
Инаку со самото тоа што свесно страдаме само и угодуваме на нашата ранета суета.
Во ред, лично си е лично мислење.
Какво силување ма мала... :) Ме подсети на еден француски филм во затвор, силување машко... не можев да спијам после од таа сцена.

Ама банално е да кажеш дека е здраво човек да САКА (дури и потсвесно) да му се случат лоши работи кои ќе го направат несреќен.
Во секој од нас постои совршена личност што плаче да излезе на површина, и ако ја гушиме, се плашам дека доаѓа до многу непријатни работи/методи. И тоа е атракција, од тука почнува. И тогаш делува тој негативниот начин на привлечност. Делува на се околу нас, само повеќе потсвесно, и се чудиме зошто овој на нас ова, зошто онаа на нас она. А и со тоа тешко дека ќе се опаметиме, лошото ја буди нашата нарцисоидност и суета.
А промените се нешто на што нашето его жестоко се противи. Тоа сака само задоволства, лекчиња, не и лечење.

Баш гледав една епизода на новото survivor.Типката веруваше дека ако мисли позитивно дека нема ништо да и се случи,ниту да испадне.На крај од емисијата ја исфрлија како куфер.
Затоа не верувам во вакви нешта,само реално,ако треба позитивно тогаш гледај позитивно,ако си во г**на зацапан,не ти помага ни филм,ни мисли.
Ако мислите и се пусти мисли, а потсвеста одговара - абе не зезај, ништо. По мене требала во целост да се помири со можноста дека ќе биде исфрлена. Успех може немало да има, но не и ваков пораз. :)
Немаме никаква контрола над нашите животи, бидејќи ни едно единствено влакненце не сме си создале самите. Можеме само секогаш да го даваме најдоброто од себе, само треба добро да почувствуваме како.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
За да гледаме позитивно на секоја работа ни требаат многу свети билки кои со тек на времето ќе се вбројат меѓу ретките видови пред истребување.

Значи ќе трае кратко.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Темава станала малку збркана :).

Со позитивни мисли не се менува времето или добиваме на лото туку едноставно испраќаме сигнали на психичко ниво дека сакаме работите да бидат онакви какви што сме ги замислиле на материјално ниво. Има ли гаранција дека така и ќе биде? НЕМА затоа што постојат и други фактори кои може да и противречат на нашата желба кои може да се и доста појаки.

Но во суштина шансите работите во глобала да бидат поповолни за нас на долги патеки радикално се зголемуваат, проверено во пракса од многу само што тие што успеале најчесто нема за тоа да се фалат затоа што во пракса треба секој сам да открие кој систем на дејство психичко, ментално и материјално (мора да се во симбиоза) носи најголем ефект.

Сепак кој мисли дека е доволно само позитивно да мисли а газот дома да си го лади ќе доживее изненадување затоа што освен вишок килажа нема да добие ништо повеќе :).
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Мислам дека не се работи за некоја посебна магија или откровение... Едноставно, претпоставувам дека ако кон нешто имаш позитивни мисли, тоа те прави самоуверен, а ако си самоуверен повеќе се трудиш и поголеми ти се шансите да ја постигнеш целта. Има логика?
Точно, ако со позитивен и ентузијаскички став им приоѓаме на работите, имаме поголема самодоверба и мотивација за истите да ги извршиме. И ако се потрудиме сите надворешни, негативни влијаниа да ги отфрлиме или во најмала рака да ги намалиме поголеми се шансите да успееме во нашата цел. Но, ако само мислиме позитивно, а не правиме ништо друго, ќе останеме само еден од многуте позитивни луѓе, кои никако не можат да ја остварат својата цел.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Во ваквиот концепт „од позитивно размислување до негова реализација“ има една скриена замка. Тоа е исто како некој да ви рече: Никогаш не замислувајте неуспех! Никако не смеете да се посомневате!
За практикантите на „формулава“ после неуспехот ќе следат сомневања, самообвинувања и фрустрации.
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Во ваквиот концепт „од позитивно размислување до негова реализација“ има една скриена замка. Тоа е исто како некој да ви рече: Никогаш не замислувајте неуспех! Никако не смеете да се посомневате!
За практикантите на „формулава“ после неуспехот ќе следат сомневања, самообвинувања и фрустрации.
Со голема критика раскажуваш за спротивниот ефект на оние практиканти на "формулата".
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Зашто мораше да се правам паметна и да пишувам на темава и да му дадам причина на универзиумов да ми покаже т.е. докаже во најкус можен период дека навистина постои законот на Атракција? :tapp:

Проверено луѓе, вистина е. Сега за до душа, мене ми се остварија лошите мисли ама сигурна сум дека и спротивното ќе се оствари. Не може се лошо да биде... :)))
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Значи
не е финтата да мислиш позитивно.
Ти моеш 6 дена да мислиш „немам високи сметки„ или „немам долгови“ ама пак да си останат или да се натрупаат.
Начинот на размислување е апсолутно различен, треба да користиш зборови кои на архаичниот начин на мислење (потсвеста работи на архаично ниво на свест) за да ги спроведе така....
Не знам како поедноставно да ви објаснам.
Одев на курс за ова и знам дека функционира.

А и гледајте ја The Sicret, тоа е тоа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom