Aпсолутно се согласувам,истото и за мене важи.
А,еве еден прост пример од моево секојдневие.Понекогаш очајно посакувам
да ми се јави некој,ама кога кога велам очајно мислам ептен очајно.И си почнувам да мислам позитивно,како има шанси
да се јави,треба
да се јави,еве сега
ќе се јави,пробувам телепатски да влијаам со моите мисли,дури се обидувам да погодам каде е во тој момент и што прави.Го чепкам телефонов,место не ме фаќа,намалувам музика за во случај да не` не го слушнам,а во екстремни случаи и халуцинирам дека ми ѕвони.Обично не трае многу ова,али знае поприлично да ме исцрпи и да ме изнервира.И тогаш се откажувам и почнувам да мислам негативно,не е потребно да наведувам во кој стил,се подразбира,ама понекогаш е апла негативно.
Ова дополнително ме исцрпува и повеќе немам желба да мислам ни позитивно ни негативно,туку на нешто сосема деветто.И тогаш телефонот ми ѕвони.:smir: