Закон на атракција!

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Занимливо.
Со мислењето не можеш да влијаеш врз текот на настаните но можеш да влијаеш врз тоа како ќе ги перцепираш.
Значи не е важно што се случува туку како ти гледаш на тоа.
А што ако мене ми е пријатно во мојата непозитивност?
Ondak si mazohista. :)
No, i toa e legitimno, izbor, sopstven. :toe:

Истото ко Моќта на потсвеста од Џозеф Марфи. Се е точно, само би додал, ако сте несреќни не обвинувајте никого, сфатете дека вие сакате да бидете несреќни. Кај што е проблемот таму е решението. :wink:
Tacno, tacno... more prekutacno. :)
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Ondak si mazohista. :)
No, i toa e legitimno, izbor, sopstven. :toe:
Можда и сум...сите сме по малку во секој случај.
А нели делува малце ретардирано на се да гледаш позитивно?
Да бидеш позитивен цело време , да звучиш и размислуваш како педагогот во основно што ни беше....
 

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Сум го гледала филмот донекаде, сум ја прочитала и Моќта на Потсвеста од Џозеф Марфи. И верувам многу во се што е напишано во книгата. Мислам дека ако научиме да ги контролираме нашите чувства и желби ќе можеме да постигнеме се што сакаме и да бидеме среќни. Само е важно да не се откажуваме лесно, да не мислиме негативно, да веруваме и да се надеваме во тоа што го сакаме. И доколку за нешто имаме силна желба, мислиме на тоа, мислиме дека се ќе биде добро, тогаш можеме и да го оствариме нештото.
Она што сме е производ на сопствените размислувања. - Буда.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Најпроста дефиниција би била "like attracts like" .
Лично верувам дека ние луѓето сме живи магнети и дека со нашата енергија(било позитивна или негативна) ги привлекуваме настаните во нашиот живот.

Интересен закон е...постојано си во исчекување да ти се оствари тоа што си го посакал со твојата позитивна енергија но под услов да немаш никакви сомневања и да си сигурен дека ќе ти се случи нешто убаво и да се однесуваш како тоа “нешто убаво“ веќе да ти се случило и да бидеш благодарен за него т.е. да очекуваш да се случи некое чудо,некоја повратна енергија од универзумот како резултат на твојата позитивна енергија.

"There is nothing that you can not be, or do, or have." :намигнува:
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.852
Поени од реакции
8.389
Да. Освен пласибо постои и носибо ефект, кога ќе сфатиш дека се самозалажуваш ќе ти биде уште полошо. Затоа најпрво треба да се потоне до дното за да можеш да земеш залет од таму за нагоре. Еве:
:smir:
Колку е овој луд:pos2:
А во овој клип е целото наравоучение на филмот The Secret.

 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Tacno, tacno... more prekutacno. :)
Фала :), тоа е тоа. Ако несреќата ни е условена, исто и среќата ќе ни биде, од други.

Колку е овој луд:pos2:
А во овој клип е целото наравоучение на филмот The Secret.

Треба да се потоне до дното најпрво, да се уништи лажната надеж, илузијата, бидејќи тоа е тоа што најмногу ни смета, а не самата беда во која сме! Тоа од искуство го велам. А методите на Протиќ сепак не фала :)
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
За законот за атракција или привлечност слушнав за прв пат на Опра(каде на друго место би разбрала) и тоа уште пред некои три години кога всушност и премиерно излезе книгата во Америка.Кај нас излезе година подоцна и истата таа ја добив за поклон.Ја прочитав книгата и посебно внимание обрнав баш на тој закон за привлечност.И до ден денес не ми е јасно дали тој навистина така функционира.во моментот кога книгата ми беше тазе прочитана настојував да размислувам позитивно она што го сакам да го привлечам и слични филозофии, но не знам колку успеа кај мене.Можеби затоа што по малку сум песимист и веројатно со тоа го спречувам целосното остварување на законот за атракција и секако тука е обејктивниот фактор т.е. самата околина која е... знаете сите каква.
Conclusion треба мнооогу силен став за да дејствување, игнорирајќи било какви влијанија.А има некој кој го применил и успеал законот?Дај израдувајте ме:pipi:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Мислам дека не се работи за некоја посебна магија или откровение... Едноставно, претпоставувам дека ако кон нешто имаш позитивни мисли, тоа те прави самоуверен, а ако си самоуверен повеќе се трудиш и поголеми ти се шансите да ја постигнеш целта. Има логика?
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
457
Поени од реакции
52
Law of attraction, Самиот го креираш својот живот , самиот го привлекуваш она што го сакаш, Го добиваш она што го чувствуваш.

Некој рече "Ако е толку лесно , зошто тогаш сите не го користат"
Одговор "Не знаат дека постои такво нешто"
Секојдневно се изложуваат на стресови, негативни мисли etc..

Како што Criss Angel вели: Everything Is Possible If You Believe
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Еве пр. ако еден сака дожд,а другиот не, кого универзумот ќе му ја исполни желбата?
И јас ја имав оваа дилема на почеток, но одговорот е многу едноставен. Оној кој има поголема воља и верба во своите мисли.
Simple as.

Ми имаат кажано дека буквално имаат нарачано дожд и имало дожд.
Пробав и јас, си порачав ветар еден ден, и го добив.
И да, знам дека звучи лудо.
Не смее да се размислува ,,Нема да бидам несреќна" туку ,,Ќе бидам среќна"
Поправка:
„Јас сум среќна“ ...
“Ќе“ е идно време,секогаш се размислува во сегашно.
Во принцип секогаш за мене велат дека сум позитивна личност и мило ми е што и навистина сум таква.
Не е важно што ќе кажат другите, важно е како ти размислуваш.
Ако сите ти викаат дека ти си паметна, а ти себеси константно се убедуваш дека си глупава, тогаш со тек на време ќе ја изгубиш желбата за напредок и учење и ќе оглупавеш, па така и луѓето ќе мислат дека си глупава.
(пример)
А има некој кој го применил и успеал законот?Дај израдувајте ме:pipi:
Има.
:pipi:
Порано го користев повеќе, па еден период воопшто, сега ми е секојдневност.
И секогаш ме воодушевува начинот на кој функционира.
Но, се додека си песимист нема да успееш да оствариш нешто.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Поправка:
„Јас сум среќна“ ...
“Ќе“ е идно време,секогаш се размислува во сегашно.
Аха. Ако веќе не може со убаво, нека биде со лошо - јас сум несреќен, никогаш нема да биде подобро. Мора да се уништи она што за жал последно умира - надежта. Тогаш доаѓа до соочување со проблемот во целост, и само тогаш охрабрувањето може да делува, инаку овака - празни зборови, и потсвеста реагира - ма не заебавај. Една добра сугестија - мојата потсвест секогаш работи за мене. Мора прифаќање да има. :)
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Позитивното иссилено мислење ме обесхрабрува во последно време. Што кога си свесен дека самиот се `лекуваш` со терапии кои си ги самоприменуваш. Не сме ли некако препаметни за тоа? Макар што ова со усвојување на позитивното мислење сметам дека е чиста вистина пошто мозочињата ни се кревки и аморфни и лесно прифаќаат хетеро и автосугестија, а песимизмот на нивната кревкост им делува како неизлечлива болест. Човечкит мозок е сугестибилен и неговата моќ е необично чудна па не ни преостанува ништо освен да веруваме во благодетите на законите од овај тип. За да можиме да стануваме наутро, повеќе не треба. А, ја нема ни опасноста да е закон донесен од Собранието на РМ.
 
Член од
31 јануари 2009
Мислења
258
Поени од реакции
12
незнам колку е закон на атракција али денес на ручек седам и јадам риба и си мислам у себе ке дое време сеа славата на вујко ми ( св. никола), риба има колку сакаш да се јаде. и од дневна избацуење татко ми пак дојде време да се иде по славе , еве уш малце на вујкоти му е.

буквално се здрвив не ни виде шо има за ручек ниту пак нешо моабет за тоа пред тој момент сме праеле. едноставно се наежив и занемев за момент :S
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Тоа е повеќе ко телепатија, Мр.Д, но поврзано е.
Атракција е кога се чувствуваш толку убаво и испраќаш потсвесни сигнали до некоја згодна женска која ти приоѓа и ти предлага уште една риба после рибата. :)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Ај една ваква тема...:smir:
Принципот на законот за атракција нагласува дека мислите и чувствата на луѓето привлекуваат реални настани во нивните животи и имаат директно влијание врз нивните физички, емоционални и професионални врски.Се зборува дека оние што се славни и богати добро ја знаат и ја практикуваат оваа тајна.

Според мене, ваше е да верувате во ова, но во глобала, животот се одвива добро само кога си позитивен. Убаво е човек да има, во нешто да си верува, да му служи како мотив и да го движи напред.
Проблемот со законот за атракција е што не бира помеѓу лоши и добри мисли. Затоа треба да се контролираат мислите. Иако звучи глупо, тоа е можно со елиминирање на лошите работи што не опкружуваат.

Jaс на пример пробав да ги контролирам мислите, и да ги одстранам лошите работи од мојот живот. Донекаде ми успева. Реално...нормално у животот има позитивни и негативни нешта. Со радост ги прифаќам позитивните нешта. сакам да се дружам со позитивни луѓе...одбегнувам негативни луѓе коишто шират таква енергија...и придонесува јас да се чувствувам така! Имало и некое филмче за оваа тематика....ама не знам као се вика...ако некој знае...го замолувам да пише.
Шо мислите вие форумџии за оваа тема?
Let it be....Shmek :smir:


Нашите мисли всушност наликуваат на магнет - во животот не привлекуваат луѓе и настани кои се во согласност со нашите размислувања...Барем во најголем дел... Одлуките кои го обликуваат нашиот начин на размислување, одредуваат со какви луѓе ќе бидеме опкружени, какви книги ќе читаме или на кој начин ќе постапиме... Личната среќа не зависи од она што ни се случува - туку од начинот на кој тоа го доживуваме и прифаќаме..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom