Zdravo forumdzii, gleam deka imate dosta luge sto se razbiraat od pravo, i iako jas sum veke treta godina na praven fakultet, se sramam da kazam deka nemozam da go najdam vo e-verzija delot od krivichniot zakon koj gi regulira prekrshocite za proizvodstvo i distribucija na drogi i opojni sredstva.
Dali moze nekoj da me upati kade bi mozel da go najdam, bi mi se nasol kako od akademski taka i od praktichen pogled
Blagodaram
тоа е член 215 и 216 од кривичниот законик.
Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични
дроги, психотропни супстанции и прекурсори
Член 215
(1)Тој што неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и пре курсори, ќе се казни со затвор од една до десет години.
(2)Ако делото од став 1 го извршиле повеќе лица или сторителот на ова дело организирал мрежа на препродавачи или посредници, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.
(3)Тој што неовластено прави, набавува, посредува или дава на употреба опрема, материјал или супстанции за кои знае дека се наменети за производство на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(4)Сторителот од став 2, со исклучок на организаторот, кој ќе го открие делото или ќе придонесе за неговото откривање, ќе се ослободи од казна.
(5)Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична
казна. Наркотичните дроги, психотропните супстанции и прекурсорите, како и подвижните или недвижните предмети употребени за нивно правење, пренесување или растурање, ќе се одземат.
Овозможување на употреба наркотични дроги
Член 216
(1)Тој што наведува друг на уживање наркотични дроги и прекурзори или му дава наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори да ги ужива тој или друго лице или ќе стави на располагање простории заради уживање наркотични дроги и психотропни супстанции или на друг начин му овозможува на друг да ужива наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2)Ако делото од став 1 е сторено спрема малолетник или спрема повеќе лица или предизвикало особено тешки последици, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
(3)Наркотичните дроги, како и подвижните или недвижните предмети
употребени за нивно пренесување или растурање, или посебно наменети или ставени за употреба, ќе се одземат.