ФЕДЕРАЦИЈАТА ВО СВОЈ СТИЛ И СО РАСФРЛАЊЕ НА ПАРИТЕ ЈА ИСПРАЌА ГОДИНАТА КОЈА ЗАД НАС ОСТАВИ САМО "ПЕПЕЛ"
ЛОШАТА "ЖУРКА" НА ФФМ ЗА 70.000 ЕВРА!
*Кенан Идризи беше главниот на цереомонијата во "Александар Палас" каде сите "негови" пријатели беа во центарот на вниманието. Ретко кој од наградените го заслужи
Па има ли крај!? Од еден во друг бунар влегува ФФМ со своите глупости. Се случи церемонијата за прогласување на најдобрите во јубилејната 2009 година. Од лошо полошо, од хаос во хаос. Ретко кој од оние кои понесоа признанија може да се пофали дека навистина бил најдобар во годината која ја испраќаме. ФФМ уште еднаш ја докажа својат глупава математика според која 1+1 секогаш е 1 а не 2. Голем организациски минус за лоша, скапа и луксузна журка на Харалампие Хаџи-Ристески со исто сценарио веќе неколку години во серија. Бркотница за календари, експресен коктел и "гитла". Целиот настан со потрошена цифра од околу 70.000 евра. Многу пари со кои можеа да се "закрпат" многу дупки, но истите ФФМ ги фрли во воздух.
Оваа гарнитура на ФФМ и по 7 години прогласување на најдобрите не научи што е тоа зборот најдобар. Треба да знат дека се бројат титули, резултати, голови... за некому да му се додели признанието најдобар. Гледано од страна она што се случи завчера нема врска со тоа како треба да биде церемонијата со која се одбележува крајот на годината.
1. Фудбалер на годината: Бесарт Ибраими.
- Оваа титула треба да оди зад името на Горан Попов. Секаде најдобриот е најдобар, а Ибраими може да биде најдобар само во домашниот шампионат и не може да е подобар од Попов. Такви се правилата на игра. Се случуваше истото и во минатото. Така на пример, Пачовски беше подобар од Пандев и ред други примери каде ФФМ прави лапсузи и нема контрола на терминологиите. Многу смешно и глупаво.
2. Екипа на годината и стрелец: Ренова и Бесарт Ибраими
- Најдобар стрелец секагеш е оној кој е "златна копачка" во земјата по крајот на сезоната. Никаде и никој не прогласува голгетер според бројот на головите во целата година. Спорет таа математика на ФФМ, место голгетер да биде Глигоровски а тим Македонија Ѓ.П "наградите" одат кај оној кој нема титула а е прогласен за најдобар.
3. Тим на годината.
- Е ова е најголемата глупост која можеше да се сервира од страна на ФФМ. Во тимот го нема Игор Митрески, Илчо Наумоски, Ацо Стојков, Славчо Георгиевски.... имиња кои беа стандардни во националниот тим цела година за разлика од Васоски, Алими, Гроздановски...
Ова се само дел од многуте глупости и пропусти кои произлегуваат од кујната на ФФМ. А де не зборуваме за изјавите од типот:
"За мојот успех најзаслужна е ФФМ....", зборови кои излегоа од устата на Бесарт Ибраими. Во што е ФФМ заслужна за неговата кариера!?
"За оваа награда големи заслуги за мојот селектор, селекторот Мирсад Јонуз...", рече Горан Попов иако неговата награда гласи за наш најдобар фудбалер во странство. Попов ја доби наградата за добрите игри во Хееренвен, а не во националниот тим. Значи заслугата оди за тренерот на клубот од Холандија, а не Јонуз.
Кога ќе се погледне другата страна на медалот, ќе се дојде до заклучокот дека главната ѕверка на лошата забава беше Кенан Идризи. Потпретседателот на ФФМ веднаш во акција иако на таа функција дојде од пред неколку недели. Речиси сите награди заминаа во неговиот клуб, кај неговите роднини и кумови. Неговиот добар другар Фадиљ Вокри беше специјалниот гостин на забавата, што внесе жестоки реакции во ФС Србија. Непотребна провокација од страна на ФФМ и нејзиниот претседател Харалампие Хаџи-Ристески кој брзо заборави кои му се неговите главни поддржувачи таму горе во Швајцарија, кој му даваше селектори и кој го спасуваше пред две години кога речиси беше избркан од фудбалот.
Пародијата на ФФМ беше очајна и многу смешна. Највисоки гости Ивица Коневски (градоначалник на Аеродром) и неговиот претседавач на совет д-р Виктор Камиловски. Беа специјално поздравени. Хаџи-Ристески како да заборави дека градоначалници се и Мите Андоновски (Кратово) и Зоран Алексов (Штип). Па и тиа заслужуваат да бидат специјални и високи гости затоа што имаат иста функција со Коневски. Замислете!? Но тоа е ФФМ и ништо не треба да н$ чуди. Штета за целиот фудбал затоа што на поканите од ФФМ не се одзва никој од познатите политичари. Е тоа е голема штета...
И. Д. Ивановски
И тренерите "пливаат" во матно
На мала врата, со таен состанок и без покана на сите тренерски имиња со лиценца мина состанокот на тренерите од скопскиот окружок. Тренерите од овој регион бираа раководства, делегати, членови на совети... Главен за Скопје бил никој друг туку Мирсад Јонуз. Без да бидат поканети трофејните Илчо Георгиоски, Никола Илиевски - Џиџи..и многу други скопските тренери си направија избор. На средбата се појавил Илчо Ѓоргиоски и веднаш по почетокот на состанокот најавил дека за средбата разбрал од други и дека состанокот го напушта затоа што за истиот требало да биде информиран и да постои дневен ред. Но кога Јонуз организира с$ е во стилот како и Хаџи-Ристески. Пливање во "матно", не се бираат средства само за да се стигне до посакуваната цел. И во оваа организација владее тотален "башибозук", а тешко на тие тренери на кои Јонуз им е главен.
РОФЕЈНИОТ ГОЛГЕТЕР РЕВОЛТИРАН ОД ИЗБОРОТ НА ФФМ ЗА НАЈДОБАР ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ
РИСТИЌ: "ИМА ЛИ ФФМ ОБРАЗ?"
*"Немам ништо против Горан Попов, но јас го освоив Купот на Ј. Кореја и станав шампион на Азија", вели напаѓачот на Поханг Стилерс
Многу недоследности па ако сакате и глупости го следеа овогодишниот избор на ФФМ за најдобрите во мак - фудбалот за 2009 година. Имаше незадоволни околу изборот за најдобра екипа, за тренер, стрелец и слично, но денеска својот глас го дига и Стевица Ристиќ. Фудбалерот на Поханг Стилерс (Ј. Кореја) јавно прашува по кои критериуми ФФМ избираше најдобар македонски интернационалец за годината што изминува, која награда, да потсетиме, замина во рацете на Горан Попов, фудбалерот на Херенвен (Холандија).
"Навистина не знам по кои критериуми ФФМ се водеше кога мене ме заобиколи за оваа награда. Да се разбереме, апсолутно немам ништо против Горан Попов, тој е прекрасна личност и фантастичен фудбалер, репрезентативен колега за кого имам само пофални зборови. Но ајде да ги погледнеме бројките. Јас го освоив националниот, Куп во Ј. Кореја, во првенството во регуларниот дел мојот тим заврши на 2. место и што е најважно јас станав шампион на Азија. Со мојот тим ја освоивме Лигата на шампионите на Азија. Како и кој ги заборави моите голови во 1/4 и 1/2 финалето кои беа одлучувачки за пласман во големото финале во Токио? Зарем титулата шампион на Азија не е доволна, што уште треба да направам за да станам најдобар интернационалец во изборот на ФФМ? Замислете се сетија на мене на само 2-3 часа пред почетокот на самата прослава. Значи добив покана колку да бидам поканет. И секако дека ја одбив телефонската покана и не се појавив во 'Александар Палас' завчера", резигнирано посочи Ристиќ.
:kesa:
шо муабет поќе само едно не мие јасно до кога бе ќе го трпи државата овај хари :uvo:абе затвор нека го стават и рает да бидиме сите
Ddime
Цитат:
Напишано од superstarpizza
Ѕинго нема ама баш никаква позиција во ФФМ.
Тој е поставен за почесен претцедател на ФФМ.
Покрај Ѕинго...Членови на УО се градоначалниците на Штип и Кратово (Зоран Алексов и Мите Андонов) членови на ВМРО. Тука се и Иван Атанасовски од НСДП, Илија Китановски од ВМРО, а нов делегат е градоначалникот на Прилеп Марјан Ристевски исто така од ВМРО.
Градоначалникот на Кратово е лево маде на Ѕинго...така да само се потврдува пишуваното дека власта сега е позади ФФМ.
Ddime-треба да спомнеш дека има и тв сител зинго што не малку односно е тоа што му треба на хари за одбрана од велија ,хари и весник со направи за против тежа на македонски спорт со тој новиот спорт весник или како беше тешки пари се вртат што толку се напиња и се држи на сите фронтови и купува се што може да купи мислам од страна на политичари и функционери :salut: