Еве уште една одлично напишана сторија!
Фудбал - Личности/настани
ХАРЛАМПИЕ - STORY!
Пишувајќи се потсеќа: Мијалче Дургутов
Хари – Story, трет пат. Датум: 21 ноември. Година: 2009. Собрание на ФФМ: хотел „Александар Палас“. Реприза од: март 2007, хотел „Дрим“, Струга. Или: римејк од декември 2002 година, сала на Царинска управа во Скопје, Вонредно собрание на тогашниот Фудбалски сојуз. Сеедно ...
Трите гореспоменати Собранија се вистинска Хари-приказна, без оглед од кој агол ќе се гледа. Влегувајќи на „мала врата“ во Фудбалската Федерација на Македонија, како член на Управниот одбор на ФСМ од времето на Ламбе Арнаудов (1999), Харалампие Хаџиристески како „кротко-ебец“ стигна до претседателската позиција!?
Трите години поминати во друштво на: Ламбе, Михо, Близнак, Флоровски, Миленковски, Шошев ..., односно Илија Најдоски, Драган Сетинов, Вујадин Станојковиќ ... , и тогаш, и сега Илија Китановски (!?), Харалампие ги материјализираше во знаење и интрига – како се освојува фудбалската власт? Тема на која Харлампие може да напише докторска дисертација како урнек за идните генерации ...
Во времето на една од најголемите афери на македонскиот фудбал (октомври 1999 година), кога на натпреварот против репрезентацијата на Република Ирска во Скопје (Горан Ставревски постигна гол во 93 минута) се продаваше националаната чест, Харалампие Хаџиристески, како член на тогашниот УО на ФСМ, остана нем како риба. Молчеше, учеше, балансираше, не се караше, тактизираше ...
Кога во декември 2002 година, тогашниот претседател на ФСМ, Ламбе Арнаудов го почувствува притисокот дека треба да си замине, во игра за челната позиција на ФФМ влетаа: Харалампие Хаџиристески и Дарко Панчев. Во битката за прв човек на „савезот“, резултатот излезе извонреден за Хари: тепаше со 78-17. Тогаш Собранието на ФФМ броеше 96 делегати (еден глас на тоа Собрание беше неважечки).
Тогаш, со таа победа, почнува фабулата од Хари-Story! Тивко, во негов стил како „кротко-ебец“, Хари си направи тајфа околу него.
Дел од таа тајфа се, односно беа:
Четири генерални секретари:
Илија Атанасовски (в.д. – „воден глушец“) - декларативно се залагаше дарко Панчев да стане претседател, ама кога виде „како дува ветерот“, му помогна на Хари да стане претседател со надеж дека ќе му го избрише онаа в.д. и ќе го остави во фотелјата);
Лазе Митревски (кротко-ебец од партијата на Хари, коцкарско крило) – го плати Бате Ване во Струмица, ги плати и делегатите со парите од сефот на обложувалницата „Лаки спорт“, се врза со Харлампие и – го донесе на власт! Типично шпионски стана и Генерален секретар, а кога му беше откриена фалсификуваната диплома од Универзитетот во Сараево, „се пресели“ во Лондон и сега – мие коли и растовара гајби по магацините што ги контролираат арапите;
Никола Костов (шпански борец кој загина роговите што му ги наби токму Хари) – од позицијата Претседател на Надзорниот одбор му ја заврши валканата работа на Харлампие, му ги „испегла“ сите стуткани алишта, па беше награден со позицијата – Генерален секретар. Падна на маалска фора – продавање влезници! И за тоа е потребен капацитет, нели?;
Игор Климпер, моменталниот в.д. генерален секретар, е надвор од (не)лојалната конкуренција. Детето е чисто, засега, а дали ќе остане такво – останува на него ...
Петте селектори:
Никола Илиевски – Џиџи, (типичен кавгаџија за правда, кој издржа во тајфата само шест месеци). Беше сменет небаре е ајдук што „откинал“ нешто од профитот на Харлампие;
Драган Канатларовски – Цапар, (стар другар на Харлампие од Победа) - лојален за сопствен интерес, со типични манири на членовите на партијата „кротко-ебци“, историски запамтен како селектор по поразот од Андора за кој истрагата на УЕФА поврзана со обложувалниците се уште не е затворена;
Слободан Сантрач – Сани бој, (од Белград дојде во Скопје, не виде како изгледаме, асално не победи на ниту еден натпревар со репрезентацијата) - се врати на север заради семејни причини. Поразот од Чешка (6-1), кога Сантрач беше селектор, станува највисок во историјата на македонската репрезентација;
Сречко Катанец - „то је то“, (селектор кој живееше во Словенија, а земаше плата 10.000 евра во Македонија) – селекторската работа ја правдаше со подобрување на играта на репрезентацијата!? Лицемер! Никогаш не застана со чист и јасен став – зошто дојде на чело на македонската репрезентација!?;
Мирсад Јонуз - Мики, (девојка за се, координатор, тренер, селектор, делегат на Општински сојуз, приватен бизнисмен ...) - десна рака на Хаџиристески од прилепската идила на Победа кога на овој клуб и град му го донесе пехарот од Купот на Македонија. Може секој да зборува што сака, ама Мирсад Јонуз плива како крап меѓу сомови во рибникот на Хари.
Од тајфата на Хари, во последниот круг од пеколот наречен Собрание на ФФМ, испадна потпретседателот Реџеп Беџети. Државниот службеник покажа силни манири на „кротко-ебец“, се држеше без кавга со „шефот“ колку што можеше, направи бизнис со некакви си столчиња, зема некоја пара ... Ако се има предвид дека и тој беше член на УО на ФСМ од времето на Ламбе и Михо (1999-2002), евидентно е дека и Беџети завршува како еден од „чорапите на Харлампие“. Ќе му остане и писмото потпишано од него, а испратено до УЕФА во кое ги вади „валканите алишта“ врз кои и самиот какал ...
Од истите тие фини, мазни и квалитетни „чорапи“ кој Хари не ги фрла, туку само ги пресоблекува, одвреме на време ги пере, и повторно ги облекува, останаа неколкумина како: Илија Јовков, Мите Андоновски (неговиот глас го спаси Харлампие кога Масар Омерагиќ и Драги Гроздановски му го растурија Управниот одбор), Илија Јовков, Лазар Нанев, Сашо Наумовски, Пајазит Шеапи, Беким Баута, Драги Серафимов, Илија Китановски (член на Управниот одбор на ФФМ со 10. годишен мандат), Иван Анастасовски (бивши парламентарец и Потпреседател на Собранието на Република Македонија) ...
Од старото друштво кое носи „свилени гаќи“ Харлампие си ги остави: Миле Спиркоски, Пане Иванов, Јордан Мицковски, Ангел Бунгуров, Боро Мадиќ, Кире Јачев, Душко Арнаудов ... (извинување и длабоко поклонување за сите оние кои се заборавени, ама навистина се многу ...)
Со настаните што се случија на последното изборно Собрание на ФФМ, во саботата (21.11.2009 г.), повеќе од очигледно се враќаме во Ѕинго – ерата (ова нема никаква врска со неговата најнова титула како почесен претседател на ФФМ). Сличноста на Харлампие со Ѕинго е во плукањето, односно, врнењето дожд.
На времето, кога навивачите во Скопје скандираа „Ѕинго – педер“ и плукаа по Ѕинго, тој си носеше чадор мислејќи дека – „врне“! На крај, додека да се свести што се случува околу него, го снајде – полава! Харалампие досега издржа две поплави. Од онаа „поплава“ во Струга (март 2007 г.) на чадорот му останаа само жиците!
Хари – Story, кога-тогаш, ќе заврши исто како фудбалската сапуница со Ѕинго. Најновиот бојкот на дел од прволигашите е првиот чин од таа веќе видена фудбалска тажна приказна.
Гледајте Хари - Story … Доаѓа Нова година. Ќе има и „мондијал“ ...
П.С. На делегатскиот список на ФФМ кои во саботата гласаа има делегати уште од времето на Собранието на ФСМ со кое раководеше покојниот Алексо Кипровски, претседател на ФСМ (1988-1992), под чие водство се осамостои Македонската фудбалска Асоцијација. Ѕинго добри признаниe за заслугите што ФСМ го примија во УЕФА и ФИФА, Кипро кој го осамостои ФСМ - го заборавија, за жал!? Делегатите, голем дел оние истите од нивните две доба, добија нов мандат во серијалот „Хари – Story“.
ovoj dragi serafimov sto e u kocani? povrzan e nekako so fk osogovo?
Беше едно време делегат, а за врска со Осогово не знам не сум запознат!
