Вонредно генерално собрание на ФФМ: Илчо Ѓорѓиоски едногласно избран за претседател на ФФМ!

Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.085
Поени од реакции
74.841
Фарук Јонуз "напаѓа" со среден прст! Каков срам!!! Ренова можеби има најдобар тим, добар спонзор... но има нешто со кое не може да се стане голем клуб. На клупата го има Фарук Јонуз, еден од помошниците на Влатко Костов. Ренова постигна гол за 3:2. Голема радост по теренот и на трибините, а Јонуз (брат на селекторот Мирсад), го покажа својот "талент" кога место да си ја гледа работата почна да се глупира. Се затрча кон клупата на Хоризонт Турново и кон нивниот тренер Ацо Стојанов. За среќа, имаше припадници на МВР. Се закануваше со погрдни зборови и постојано до крајот на средбата кон гостите покажуваше со "среден прст". Што сакаше да постигне со овој циркуз Фарук Јонуз!?Кому му се закануваше?
"Не знам од кои причини се затрча кон мене и почна да ми се заканува. Кружеше околу мене како циркузант и зборуваше невкусно. Многу сум изненаден и разочаран од таквиот однос од една личност кој има функција да биде педагог. Не знам од кои причини го направи тоа. Ние бевме многу фер и коректни. Немаше причина за такво нешто...", изјави разочараниот Ацо Стојанов, тренерот на Хоризонт.
Каде се сега официјалните лица на ФФМ да реагираат!?

КАКОВ СРАМ ЗА РЕНОВА...

Лидерот нема топла вода

Во Битола не можеше да почне натпреварот поради тоа што немало возило на брза помош додека во Тетово ФФМ даде абер да се одигра натпреварот по секоја цена иако домаќинот не ги исполни основните елементарни услови за одигрување на прволигашки натпревар, и тоа во зимски услови. Во просториите на стадионот во Тетово немало вода. Играчите на двете екипи немале можност да се тушираат по играњето фудбал на калливиот терен. Гостите реагирале до официјалните лица, но им било кажано дека Ренова ќе им обезбеди туширање на друго место по завршувањето на натпреварот. Па дали е ова нормално? Каде е тоа место за туширање. Зарем во денешно време да нема вода на стадион. Ова се глупости кои се уште еден доказ околу тоа кој и како го води фудбалот во Македонија.

Еве уште еден доказ дека оваа година Ренова МОРА да ја освои титулата:wink:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
пиша дека вардат бојкотира заради неправилната работа на ффм??? која е таа??? убо прашам!!! ако беше од целокупната неправилна работа ќе имн се приклучеше веднаш на слога, мѓп и компанија, а сеа вака...
шо има неправилно во пресудата на ффм во случајот ристески???
имам во погорниот пост неколку прашања...одоговори имам време за читање:smir:

Зарем треба да сумњам у Дон Хари и неговата работа, шо на изборно собрание дели дневници од по 100 евра и пакетчиња за нова година!:toe:
пишав претходно!!! нека кажи муминовиќ дали претходно немало вакви плика и дали тој ги оставал или си ги земал за себе!!! пликата се на име патни трошоци и дневници, а ако имаш докази за нешо појче, повели...мвр те чека![/QUOTE]

Зарем е исправна одлуката на ФФМ со верификувањето на исписницата на Ристевски?

За другото кажав јас коа Муминовиќ или па Благоја ке бидат претседатели тогаш може да правиме муабет!

Засега ке плукаме по Стручната работа на Дон Хари!:toe:
Мвр до сега да чекаше за такви работи Хари ке добиеше доживотен затвор!
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
.............................

Не го постирав ова во Темата на Вардар, затоа што ова е директно сврзано за Дон Хари!


Вардар - фудбалски клуб без адреса

Миодраг Мицковиќ


Колку Вардар е во колапс откако со него раководи Одборот за спас на клубот, покажува најдобро и овој податок. Никој не знае каде е седиштето на Вардар, која е вистинската адреса на клубот на која може да се испрати некое барање или какво било известување од судиската организација, комесарот за натпревари, дисциплинската комисија на ФФМ. Едноставно писмата лутаат, бидејќи нема друг начин да се комуницира со Вардар, освен со писма со оглед дека во клубот не постои ниту еден телефон, нема факс. Поради сево ова лутаат и барањата на фудбалерите на Вардар кои од ФФМ побараа раскин на договорите на штета на клубот со оглед дека Вардар во изминатите шест месеци на ниту еден играч му нема платено придонеси за пензиско и здравствено осигурување, ниту плати, ниту премии... И Комисијата за молби и жалби на ФФМ се најде во незавидна положба, бидејќи не може да решава за жалбите на играчите на Вардар кои се упорни во барањата за исписници и раскин на договорите на штета на клубот. Нивните барања упатени на адресата на клубот „Кеј 13 ноември“ која е запишана во Централниот регистар им беа вратени, бидејќи Вардар не фигурира на таа адреса. Од друга страна, Одборот за спас на Вардар, кој не ги признава тие барања и смета дека се задоцнети, тврди дека адресата на клубот е Градски стадион. Но, каде, не прецизираат точно. На северната трибина Вардар нема свои простории, на јужната, исто така, бидејќи не постојат канцеларии на клубот, освен соблекувалницата, тушеви и просторија за перење на дресови и ништо друго. Практично „просториите на Вардар во сегашниот момент, откако со клубот по заминувањето на спонзорот Трифун Костовски раководат „комитите“ се во ресторанот „Томче Софка“. Не, не е шега, тоа е трагичната вистина на нашиот најтрофеен клуб. И што е уште полошо во Централниот регистар постојат две адреси на Вардар „Кеј 13 Ноември“ каде што нема ни трага од простории или канцеларии и на Градскиот стадион каде што, исто така, нема ништо. Што е уште поинтересно кога ќе почне реновирањето на Јужната трибина, каде што во моментот се соблекувалните на играчите на Вардар, навистина не знаеме каде ќе пристигнуваат писмата. Веројатно, во некој шатор на помошното игралиште кое, исто така, е во изградба поради западната трибина. Но, шега на страна, без оглед што Вардар не располага со точна адреса, речиси е сигурно дека десетина фудбалери за два-три дена ќе добијат раскин на договорот на штета на клубот без оглед на која адреса тие ќе ги испратат барањата.

Претседателот на Комисијата за молби и жалби, Душко Арнаудов, сака, сепак, да му помогне на Вардар со одолжувањето на ова прашање со барањата за раскин на договорите, но и тој не може тоа да го прави во недоглед. Освен тоа, Вардар му должи на ФФМ за неплатени судиски, делегатски и контролорски такси за средбите со Силекс и Ренова, ненаплатени долго време ниту казни за жолти и црвени картони, така што и од таа страна му се заканува суспензија. Но, за тоа Одборот за спас на клубот не води сметка, за нив сите се виновни за оваа трагична ситуација во клубот, не сакајќи да признаат дека практично тие го уништија нашиот најтрофеен клуб. Упорно демантираат дека меѓу навивачите не постои раскол, тврдејќи дека се монолитни и цврсто стојат зад својата одлука да го бојкотираат првенството, незадоволни од работата на органите на ФФМ. И колку што ФФМ им попушта, тие се се' поупорни од своите барања за кои немаат покритие.

Еден од водачите на навивачката група „Лојанс фанс“, Дејан Атанатовски, категорично демантираше дека постои недоразбирање меѓу „Комитите“, но не можеше да објасни зошто дојде до бојкот на последното коло од првенството ниту за тоа зошто се чекаше толку долго Драги Сетинов да биде запишан како претседател во Централниот регистар.

„И нам не ни е јасно тоа, бараме одговор да видиме во што е работата, но засега не го добивме“.


#
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.458
Поени од реакции
8.591
Ова е малку по старо ама стварно ја претера хари ова никаде го нема :kesa:

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12189111181&id=19&prilog=0&setIzdanie=21865

Избор за најдобрите во Ренова

Есенскиот шампион ќе добие признание за најдобар клуб, лауреати ќе бидат нивниот тренер, напаѓачот Ибраими, спонзорот на екипата, инаку братна претседателот на Федерацијата...




Фудбалската федерација на Македонија за првпат во историјата, годинава, нема да има „рамковни проблеми“ околу доделувањето на наградите за најдобрите во 2009 година од проста причина, што сите главни признанија ќе заминат во тимот на Ренова, кој е во сопственост на Албанец. Ако во минатите години, Федерацијата измислуваше категории, со цел Албанците да бидат задоволни и да имаат „доволен“ број на лауреати, годинава речиси сите важни награди одат во нивни раце.

Така, најдобар клуб ќе биде Ренова, најдобар тренер нивниот стратег Влатко Костов, најдобар стрелец и фудбалер од македонското првенство Бесарт Ибраими, напаѓачот на „гипсарите“, а спортски работник на годината ќе биде Шефки Идризи, главниот спонзор на екипата, инаку брат на потпретседателот на ФФМ, Кенан Идризи.

Преостанатите награди ќе ги добијат Жарко Наскоски (футсал играч), КМФ Железарец (футсал клуб), Наташа Андонова и Тиквешанка (женски фудбал), Кристијан Наумовски (млад фудбалер), Македонија ЃП (младинска екипа). Најдобар судија е Александар Ставрев, најдобар странски фудбалер Мирослав Милошевиќ од Турново, фер-плеј екипа е Силекс, а најдобар интернационалец Горан Попов.

Управниот одбор на ФФМ вчера ги верификуваше овие одлуки, а во ниту една сениорска категорија нема ниту трага од Македонија Ѓорче Петров, клуб кој навистина ја одбележа 2009 година, освојувајќи ја првата шампионска титула. Ѓорчепетровци го имаа најдобриот тренер (Илчо Ѓорѓиоски), најдобриот играч (Даниел Мојсов), најдобриот странец (Жорж Амбуруе), но откако се откажаа од Првата лига, ФФМ не ги зеде предвид.

Фудбалската влада го избра Игор Климпер за генерален секретар во наредните четири години, откако тој ја вршеше функцијата со претставката в.д. веќе неколку месеци, а членовите на УО решија да го покријат стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари, кој ќе биде домаќин на една од групите на женското ЕП за фудбалерки до 19 години, кое ќе се одржи во мај во Македонија
:kesa:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Ова е малку по старо ама стварно ја претера хари ова никаде го нема :kesa:

Оддамна е претерано, туку сега си прави шо сака а никој ништо не му може!:toe:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.458
Поени од реакции
8.591
Оддамна е претерано, туку сега си прави шо сака а никој ништо не му може!:toe:
Така е брате само да не се повторваме Државата ние крива што еден ваков гробар на мак фудбалот уште е на слобода само затвор е решението ама и сипрковски и баута и брацо и ацуле и други има сите да ги пикнат затвор и можеби ќе видиме бел ден во фудбалот кај нас :salut:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Така е брате само да не се повторваме Државата ние крива што еден ваков гробар на мак фудбалот уште е на слобода само затвор е решението ама и сипрковски и баута и брацо и ацуле и други има сите да ги пикнат затвор и можеби ќе видиме бел ден во фудбалот кај нас :salut:

Затоа мислам дека ние никогаш нема да имаме фудбал во оваа држава.:toe:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
..................................................................
ВО ПЕРИОДОТ КОГА СЕ СВЕДУВААТ ГОДИШНИТЕ БИЛАНСИ

ФФМ може да се пофали само со скандали


Во периодот што следува спортските федерации ќе ги сведуваат билансите за сработеното во годината што изминува. За жал, Фудбалската федерација на Македонија ќе нема со што многу да се пофали. Репрезентацијата не успеа во квалификациите за СП 2010 година, а годината ја завршува на 65. место на ФИФА-листата.

Првенството е на стаклени нозе, два клуба со шампионски рејтинг се исклучени од лигата, а регуларноста е сериозно доведена во прашање. Се друго со што се кити ФФМ, како изградбата на арената „Филип Втори“, изградбата на 50 фудбалски игралишта и ред други работи се во корелација со Владата на Македонија. Она што требаше да го направи федерацијата преку проекти, со сопствени сили и, се разбира, со огромна помош од УЕФА и од ФИФА, со анимирање на властите во државата, остана само на зборови. Проектот „Камп за репрезентациите“ е се уште на хартија. Но, ФФМ се кити и со него, како да е веќе изграден.

Единствената работа која беше за одбележување во 2009 година е гостувањето на шпанската фудбалска репрезентација во Скопје. Наводно, поради добрите врски на Хаџи-Ристески со претседателот на Шпанската федерација Анхел Мариа Вилјар, но според некои, поради сумата од 200.000 евра, Шпанците најдоа време да одиграат пријателски натпревар во Скопје. Но, и тогаш беше направен голем скандал со продажбата на ненумерирани влезници, при што гледачите и навивачите беа крајно измалтретирани за да стигнат до посакуваниот билет за натпреварот. Во 2009 година целата македонска фудбалска јавност беше сведок на начинот на кој Харалампие Хаџи-Ристески успеа да избори уште еден мандат на претседателската функција.

Можеби успеа да остане на власт, но ако продолжи да работи на начинот како што работеше досега, ќе остане запаметен како човек кој го уништи македонскиот фудбал. Првенството во Првата лига е на работ на регуларноста. Без Слога југомагнат и Македонија ЃП, кои беа исклучени затоа што не се согласуваа со режимот на Хаџи-Ристески, тоа дефинитивно не е легално, но ФФМ најде начин да ги придодаде натпреварите од националниот куп за да се исполни условот од 30 натпревари кои требаат да ги одиграат прволигашите. Прашање е дали УЕФА ќе се сложи со ваквите маневри, но тоа и не е најважно. Од ден на ден фудбалот во Македонија се повеќе тоне, а на раководните луѓе на ФФМ најважна им е власта и не преземаат ништо за да го спасат од летаргијата.

Уште отсега може да се претпостави конечниот распоред на екипите на крајот од првенството. Ренова ќе биде шампион, поради поддршката што ја има Хаџи-Ристески од Кенан Идризи, неговиот нов потпретседател. Работнички, Тетекс и Металург ќе играат во Лигата на Европа поради релациите на Хаџи-Ристески со Слободан Вујчиќ-Брацо и со Минчо Јорданов.

Но, можеби плановите ќе им растури Вардар. „Црвено-црните“, како и Милано и Пелистер се наоѓаат во голема финансиска криза, па ФФМ ќе мора да ги издржува. Нормално, ќе сакаат да се „омрсат“ и Турново, Силекс, Победа, а за мир во куќата, ФФМ ќе мора да се покаже и кај овие клубови. Тоа ќе биде пресметан ризик за да се доигра првенството до крај, но затоа во следниот шампионат ќе следува враќање на ударот од страна на ФФМ. Најдобро на своја кожа во оваа сезона таквиот стил на ФФМ го почувствуваа актуелниот првак Македонија ЃП и трикратниот шампион Слога југомагнат.

П.Ј
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Трагикомедија!


Откако го заборави, ФФМ реши Ибраими автоматски да влезе во најдобриот тим


Откако на официјалниот веб-сајт на ФФМ во гласањето за најдобар тим во 2009 година не беше ставен Бесарт Ибраими, кој в недела ќе биде избран за најдобар фудбалер во оваа година, од куќата на фудбалот веднаш реагираа дека Ибраими автоматски е веќе влезен во најдобриот тим и немало потреба да се гласа за него




Наводно, тие стравувале дека Ибраими нема да добие доволен број гласови и можело да се случи да не е во најдобриот тим, а да добие награда за најдобар фудбалер.

ФФМ годинава реши да избира најдобри без екипите што го бојкотираа првенството, па така, наместо Илчо Ѓорѓиевски од Македонија ЃП, тренер на годината ќе биде Влатко Костов од Ренова. Иако нема ниту една титула освоено годинава, најдобар клуб ќе биде тимот од Џепчиште, а најдобар фудбалер Ибраими, кој имаше сериозна конкуренција во Даниел Мојсов, исто така член на ѓорчепетровци. Најдобар работник ќе биде Шефки Идризи, спонзорот на Ренова, инаку брат на новиот потпретседател на ФФМ Кенан Идризи. И Идризи имаше сериозна конкуренција во Благоја Николовски од Македонија ЃП, но тој отворено тргна во војна со Харалампие Хаџи-Ристески...

Автор: З.К.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Трагикомедија!


Откако го заборави, ФФМ реши Ибраими автоматски да влезе во најдобриот тим


Откако на официјалниот веб-сајт на ФФМ во гласањето за најдобар тим во 2009 година не беше ставен Бесарт Ибраими, кој в недела ќе биде избран за најдобар фудбалер во оваа година, од куќата на фудбалот веднаш реагираа дека Ибраими автоматски е веќе влезен во најдобриот тим и немало потреба да се гласа за него




Наводно, тие стравувале дека Ибраими нема да добие доволен број гласови и можело да се случи да не е во најдобриот тим, а да добие награда за најдобар фудбалер.

ФФМ годинава реши да избира најдобри без екипите што го бојкотираа првенството, па така, наместо Илчо Ѓорѓиевски од Македонија ЃП, тренер на годината ќе биде Влатко Костов од Ренова. Иако нема ниту една титула освоено годинава, најдобар клуб ќе биде тимот од Џепчиште, а најдобар фудбалер Ибраими, кој имаше сериозна конкуренција во Даниел Мојсов, исто така член на ѓорчепетровци. Најдобар работник ќе биде Шефки Идризи, спонзорот на Ренова, инаку брат на новиот потпретседател на ФФМ Кенан Идризи. И Идризи имаше сериозна конкуренција во Благоја Николовски од Македонија ЃП, но тој отворено тргна во војна со Харалампие Хаџи-Ристески...

Автор: З.К.
Не знам дали да се смеам или да плачам на ова што го прочитав...па кој кураце е тој Ибраими бре да ти ебам и ФФМ и се !!!
Одиграл една асална утакмица,дал некој гол и најдобар во првенствово е,па еден Мојсов одигра за 100 класи подобро од него...после Влатко Костов за најтренер ???
-Што освоил па тој ???

Уште еден доказ дека Хари си го има со тој Идризи нати го дајми го,па според ова Ренова уште од сеа треба да се прогласи за шампион во беднава ни лига...:nesum::tapp:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Не знам дали да се смеам или да плачам на ова што го прочитав...па кој кураце е тој Ибраими бре да ти ебам и ФФМ и се !!!
Одиграл една асална утакмица,дал некој гол и најдобар во првенствово е,па еден Мојсов одигра за 100 класи подобро од него...после Влатко Костов за најтренер ???
-Што освоил па тој ???

Уште еден доказ дека Хари си го има со тој Идризи нати го дајми го,па според ова Ренова уште од сеа треба да се прогласи за шампион во беднава ни лига...:nesum::tapp:


А ти мислеше до сеа дека нема да биде!

Иначе требаше да го видеш гласањето........... ставени сите фудбалери а Ибраими го нема во конкуренција на идеалниот тим, а замисли тој да ни е најдобар играч на превенството!:pos2:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
А ти мислеше до сеа дека нема да биде!

Иначе требаше да го видеш гласањето........... ставени сите фудбалери а Ибраими го нема во конкуренција на идеалниот тим, а замисли тој да ни е најдобар играч на превенството!:pos2:
Ова ни во Бурунди и Буркина Фасо го нема жими крст :pos2::pos2:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.666
Поени од реакции
59.752
Што се замарате бе, гревови... Аматеризам без граници...
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Ова ни во Бурунди и Буркина Фасо го нема жими крст :pos2::pos2:
Што се замарате бе, гревови... Аматеризам без граници...
Доволно е ова да се погледне и ке се види примитивноста, аматерството и глупостите на Дон Хари, за кој не заслужува да биде шофер на автобус ниту ни во Малави!:toe:

..................................................................

Пу пу да не ги урочам, можеби ке се освестат овие од МВР па ке почнат да апсат!
zabava


МВР НАЈАВУВА „ЧИСТКА“ ВО ФУДБАЛОТ
Финансиската полиција ја „чешла“ ФФМ
Катерина Гетева

Министерството за внатрешни работи и финансиската полиција во следниот период ќе продолжат засилено да работат на откривање на малверзациите и криминалното работење во Фудбалската федерација на Македонија. Министерката Јанкуловска обелодени дека досието за сомнежите во регуларноста на македонскиот фудбал, кое пред неколку месеци и го донесе обвинителот на УЕФА, Герхард Капл, било поразително за Македонија. - Добив информации кои се поразителни за Република Македонија, според кои постојат сериозни индиции дека спортот е злоупотребен за цели кои ни малку не се линија на она што треба да го промовира спортот, натпреварувачкиот дух и систем на вредности кои се за почитување - изјави Гордана Јанкуловска. Освен докази и документи за лажирање натпревари, министерството дошло и до дополнителни сомневања за незаконско работење во ФФМ. - Министерството за внатрешни работи почна една темелна анализа на целокупната документација и во меѓувреме дојдовме до дополнителни сознанија поради што беше потребно во постапката за испитување на регуларноста да се вклучат други институции како што е финансиската полиција. Направивме еден заеднички тим кој постапува по овој предмет - дополни Јанкуловска. Министерката најави дека МВР останува доследна во расчистување на случајот „ФФМ“. За разлика од сомнежите за организиран криминал, перење пари и лажирање натпревари, Јанкуловска истакнува дека спортот треба да промовира само високи вредности.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Неможе ништо МБР и владата против ФФМ, бидејќи Хари одигра паметно што повторно му даде висока позиција на Ѕинго, а сите знаеме што се прави дебелиот да му го лижи гзот на Грујо.

Уште кога се шушна за Победа дека местела, Јанкуловска најави чистки во ФФМ, но ниту еден не беше пречешлан, расчешлан или избркан...:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom