- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Беспомошни има и тука во Македонија. И тука луѓето имаат потреба од Спасител. Светот е првенствено духовно гладен, а потоа телесно. Доколку луѓето духовно се нахранат, тогаш лесно ќе се нахранат и телесно. Во светот нема недостиг на храна. Според некои статистики во светот има доволно храна за да се нахранат 60 милијарди луѓе (значи околу 10 пати повеќе отколку што постојат луѓе на планетава). Проблемот е во тоа што постои нерамномерна распределба на таа храна. А тоа е така затоа што луѓето се алчни, злобни, себични итн. со еден збор духовно мртви и заробени во канџите на гревот. Значи проблемот во светот не е надвор од луѓето, туку внатре во нив. На светот му Спасител што ќе ги ослободи од гревот, Божјо простување и обновување на нивната духовна природа.Другар, само знам една работа, ако си верник, а по муабетов глеам дека си, и веруваш и во христијанство и во Исус како централна фигура.. тогаш оди бе помогни им на беспомошните во Африка? оди бре излези и протестирај за сиромаштијата кај нас? Оди и давај милостиња на сиромашните во име на ИСус.. абре кој те излажал?
--- надополнето ---
1. Инквизицијата на римокатоличката „црква“ (која што нема допирни точки со Христовата Црква) не владеела од 15ти до 19ти век, туку пред 15 век. Инквизицијата завршила во 16 век со реформацијата на црквата т.е. со појавата на протестантите кои ја совладале папската диктатура.Дај ми еден материјален доказ (значи не во смисла на пишан доказ од 1 до 18 век каде што владеела христијанска доктрина и каде што од 15 до 19 век владеела инквизиција) за неговото постоење и ќе ти поверувам..
2. Каков материјален доказ очекуваш да постои од Исус? Можеш ли ти да ми посочиш материјален доказ од Александар Македонски? Или од Наполеон Бонапарта? Или од Платон, Сократ, Аристотел, Питагора, Хомер?
Ако ги отфрлиш историските извештаи како недоволни за да докажат нечие постоење, тогаш излегува дека 90% од луѓето за кои што е пишувано пред 15-16 век не постоеле со исклучок на некои сочувани мумии и неколку останати најдени коски.
Зошто толку сакаш Исус да не постоел? Да не ти згрешил нешто?