Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 184 47,1%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    391
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Другар, само знам една работа, ако си верник, а по муабетов глеам дека си, и веруваш и во христијанство и во Исус како централна фигура.. тогаш оди бе помогни им на беспомошните во Африка? оди бре излези и протестирај за сиромаштијата кај нас? Оди и давај милостиња на сиромашните во име на ИСус.. абре кој те излажал?
Беспомошни има и тука во Македонија. И тука луѓето имаат потреба од Спасител. Светот е првенствено духовно гладен, а потоа телесно. Доколку луѓето духовно се нахранат, тогаш лесно ќе се нахранат и телесно. Во светот нема недостиг на храна. Според некои статистики во светот има доволно храна за да се нахранат 60 милијарди луѓе (значи околу 10 пати повеќе отколку што постојат луѓе на планетава). Проблемот е во тоа што постои нерамномерна распределба на таа храна. А тоа е така затоа што луѓето се алчни, злобни, себични итн. со еден збор духовно мртви и заробени во канџите на гревот. Значи проблемот во светот не е надвор од луѓето, туку внатре во нив. На светот му Спасител што ќе ги ослободи од гревот, Божјо простување и обновување на нивната духовна природа.

--- надополнето ---

Дај ми еден материјален доказ (значи не во смисла на пишан доказ од 1 до 18 век каде што владеела христијанска доктрина и каде што од 15 до 19 век владеела инквизиција) за неговото постоење и ќе ти поверувам..
1. Инквизицијата на римокатоличката „црква“ (која што нема допирни точки со Христовата Црква) не владеела од 15ти до 19ти век, туку пред 15 век. Инквизицијата завршила во 16 век со реформацијата на црквата т.е. со појавата на протестантите кои ја совладале папската диктатура.

2. Каков материјален доказ очекуваш да постои од Исус? Можеш ли ти да ми посочиш материјален доказ од Александар Македонски? Или од Наполеон Бонапарта? Или од Платон, Сократ, Аристотел, Питагора, Хомер?
Ако ги отфрлиш историските извештаи како недоволни за да докажат нечие постоење, тогаш излегува дека 90% од луѓето за кои што е пишувано пред 15-16 век не постоеле со исклучок на некои сочувани мумии и неколку останати најдени коски.
Зошто толку сакаш Исус да не постоел? Да не ти згрешил нешто?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Зошто толку сакаш Исус да не постоел? Да не ти згрешил нешто?
Закон си бре Чорбаџијо, бре. Ќе најдеш некој кој не знае што е лево што е десно, и се убаво ќе му објасниш...

Црна несреќо...
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Чорбаџи.. вака сеа..


Па ја колку што знам Бонапарта има огромен мавзолеј среде Париз, а овие другиве оставиле бре пишани документи.. Нејсе нит ми згрешил Исус (а стварно бе дали постоел?) ниту па сакам да не постоел (уф тамам работа, пази богати!) Едноставно не дозволувам да бидам уверен во заблуди бачко.. тоа ти е.. и просто ми е мака што уште веруваш во такви чудесии..

Иначе ако според твоите статистики за делба на храна, за кои апсолутно се слагам и те поддржувам 10000000000%, ајде те молам дај 10 денари барем одвои од твојот домашен буџет, или не знам наместо да купиш хамбургер од 7 ца за себе иди поклони му го на некој што нема пари да фукне 130 денари на таква мрснотија. И бај д веј, кога последен пат си го направил? Или пак да не си се молел за тоа во црква а? А тие 130 денари да не ги оставаш пред икона во црква? Па да не мечуди што црквата купува хотели. Во име на Исус а? Е да, проблемот е во нераспределбата на храната, да бе до тоа ќе да е!
И уште едно прашање. Строго се придуржуваш кон христијанските правила и норми? А нешто ми кажува дека не се придржуваш баш најмногу.. Не си ти христијанин знам.. него тоа ти е.. човек мора во нешто да верува, па дај шта даш...

А бај Д веј.. има на плоштад некои дечки ги гледам делат флаери демек ќе дошол страшниот суд на 21 мај 2011 година.. па имаш уште 15 дена смисли што ќе правиш...
Искрено ,, јас со душа го чекам тој ден, не за друго него до сега рачунајќи од 11 Август 1997 година (кога прв пат како детиште прочитав за тоа во весник) до сега едно 10 пати сум го дочекал тој ден.. не гледам зошто би било поинаку..

Иначе, не чекај на спасител, тој нема да дојде.. оти го нема.. Спаси се ти...оти од тебе зависи...
 

Префриганиот!

(Простор за Реклама)
Член од
16 декември 2007
Мислења
1.203
Поени од реакции
73
Гулабот најпривлечно ми звучи :D hahahaahah
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
67
Поени од реакции
11
Од одговорот кој го дава сам Христос, јасно е дека:
- денот на Неговото второ доаѓање не го знаат ангелите,
- денот на Неговото второ доаѓање не го знае ниту Он, во Неговата човечка природа, пред Неговото воскресение.
- денот на Неговоот второ доаѓање го знае само Отецот.

Но, Христовата втора/Божја природа и втора/волја Божја, сигурно дека го знае и денот и часот на Неговото/своето второ доаѓање. Она кое Отецот го знае, истовремено го знаат и Синот и Светиот Дух.

Она кое исламските верници на форумов (а и надвор од форумов) не сакаат да го прифатат, тоа е двојната Христова природа и двојната Христова волја: човечката, како Син Човечки, роден од жена, и Божествената, како Син Божји, роден од Отецот Небесен.

--- надополнето ---




--- надополнето


..


Бисмилах


Само , што си потврди и самиот дека иса а.с (Исус) не е Бог, Не дека не знам што че ми одговориш туку да те натерам и самиот тоа да го потврдиш.

Ве прашав дали сметате дека Исус за вас е бог?

Вие одговоривте да.

Потоа прашав дали Иса а.с (Исус) кој го нарекувате бог знаее сее?

Вие ми одговоривте Секако дека знаее..

Потоа ве прашав дали Иса а.с (Исус) кој го нарекувате бог дали лаже?

Добив одговор дека не лаже...


Па потоа го цитирав цитатот според евангелието на марко 13-32 Во кој се вали дека исус е прашан кога ќе настане содниот ден Исус вели Јас не знам, ни ангелите, само Бог..

Потоа прашав дали за ова Иса а.с(Исус) дали знел или пак излажал?

Добив одговор дека Иса а.с(Исус) не знаел за ова не знаеле, ни ангелите, Туку само бог...

ПА ТОАГАШ БОГ СЕ ЗНАЕЕ, А ИСА А.С(ИСУС) НЕ ЗНАЕЕ, ТОГАШ ИСА А.С(ИСУС) СО ОВА ДОКАЖАВТЕ ДЕКА НЕ Е БОГ ТУКУ ЗА ОВА ЗНАЕЕ , САМО ГОСПОДАРОТ НА ИСА А.С (ИСУС) А ТОА Е АЛЛАХ Џ.Ш.


А да видеме што му вели на истово прашање Аллах џ.ш во куран и што му објави на Мухаммед а.с:


“Те прашуваат запоследниот час.Речи:тоа го знае единствено мојот Створител.Само тој го одредилвремето на неговото настапување.Тежок ќе биде тој час и за небесата и заЗемјата.Изненадно ќе настапи...” (Ел-Е,араф,187)

Џебраил(АнгелотГабриел) му рекол на Мухаммед а.с – Кажи ми Судниот ден кога ќе се случи АМухаммед а.с му одговорил: - Прашаниот за тоа не знаее повеќе од оној кој прашува.....
(Муслим)

Во гледате ли фактот, и доказот дека Иса а.с(исус) е само Аллахов Пратеник исто како што бил Мухаммед а.с тоа и самата библија во го докажа а и куранот....

Иса а.с( исус) уште од самото раџање го потврдува своето пратеништво и им се обрача на народодт со помош на Аллаховата моќ и дозвола и велии:

Потоа таа дојде(Мејрем) кај народот свој, носејќи го детето. И рекоа: “О Мерјем, ти направи нешто, секако, невидено!

О сестро Харунова, твојот бабо не беше лош, а и мајката твоја не беше нечесна!”

И таа даде ишарет кон него. Оние рекоа: “Како ќе зборуваме со дете кое е в крошна.”

Рече: “Јас сум, навистина, роб Аллахов; ми даде Книга и ме одреди за пејгамбер!

И направи да бидам благословен и каде било да сум, и ми остави во васиет и намаз и зекат с# додека сум жив,

да бидам учтив кон родителите мои, и да не бидам дрзок и строг.

Нека е селам на мене и на денот во кој сум роден, на денот кога ќе умрам и на денот во кој ќе бидам оживеан.”

Ете, тоа е Иса (Исус)синот на Мерјем, Зборот на вистината, врз кого оние лага фрлаат.

На Аллах не му доликува да има дете. Возвишен е Он! Кога ќе реши за нешто само ќе рече: “Биди!” - и тоа, токму, ќе биде!

Аллах, навистина, е Господарот мој и Господарот ваш! Па, обожавајте Го! Ова е патот вистински!

И меѓу себе тие, тогаш, се поделија во деленици. Тешко на оние кои не веруваат во сведочењето на Денот голем!

Е, како добро ќе слушнат и како добро ќе видат на Денот кога ќе ни дојдат! Но, зулумќарите денес се во заблуда очигледна!

Потсети ги на Денот на хасретот кога работата ќе биде решена. Оние се во заблуда, не веруваат.

Ние, навистина, ќе ја наследиме земјата и она што е на неа, и Нам ќе ни се вратат.

(Куран суре Мејрем)

Аллах џ.ш ја кажа вистината а и сега во овој ајет ви дава пример на големината и моќта на Аллах џ.ш и на вашето тврдење дека иса. а.с (Исус) за вас бил бог:

Не веруваат, секако, оние кои зборуваат: “Аллах, навистина,е Месих,(Исус) синот наМерјем” Кажи: “Кој може нешто да присвои од Аллах ако Он посака да го уништиМесих,(Исус) синот на Мерјеми неговата Мајка и се она што е на Земјата?” Власта и на небесата и на Земјатаи меѓу нив е - Аллахова! Он твори со посак Свој, и Аллах е Кадар за се! (Куран суре Ел-Маида 17)

А кога сме кај прашањето во врска за судниот ден самиот Иса а.с Аллах џ.ш да биде задоволен од него(Исус) че сведочи против вас кога Аллах џ.ш ќе го праша:

"И кога Аллах рече: "О Иса (Исусе), сине Мерјемин (Маријин), им зборуваше ли на луѓето: "Прифатете не, мене и мајка ми покрај Аллах, за две божества! " Иса (Исус) рече:

"Славен биди! Не ми доликува да зборувам за она за што немам право. Ако ова го зборував - па, Ти би го знаел тоа. Ти го знаеш она што е во душава моја, а јас не го знам она што е во душата Твоја. Ти си, навистина, Зналец на тајните!" (Кур’ан 5:116)

А Аллах џ.ш го опишува судниот ден секако тој е оној кој ги знае сите тајнии:

Аллах е еден.Нема друг Бог освен Него. Тој вас ќе ве собере на Судниот ден, за кој сомнежнема...” ( Ен – Ниса : 87)


" Сите ониекои се на небесата и на Земјата ќе Му дојдат на Милостивиот како робови. Он,секако, ги пореди и точно ги изброи. И секој од нив на Денот суден ќе дојдепоединечно" (Мерјем 93:95)

"Па, кога ќедојде гласот што заглушува? На Денот кога човекот ќе побегне од брат си, и одмајка си, и од бабо си, и од другарите свои и од синовите свои, на денот тој,секој човек ќе биде обземен со состојбата своја. Лица некои на Денот тој ќебидат блескотни, насмеани и весели, а лица некои, пак, со прашина покриени, исо темнеж некаков обземени - ова се, токму, меѓу неверниците расипници!"(Абесе 33:42)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Бисмилах


Само , што си потврди и самиот дека иса а.с (Исус) не е Бог, Не дека не знам што че ми одговориш туку да те натерам и самиот тоа да го потврдиш.
Во ред, еве, ме фати во незнаење, признавам...:icon_cool
 

gos

Wrong
Член од
8 ноември 2007
Мислења
719
Поени од реакции
56
koga ne znaes sto da kazes i indirekto ke priznaes:smir:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Шо да праам, ме “„патосира„ претходниот соговорник со неговото „знаење„... за природата Исусова (ха-ха-ха!) па останав „без текст„.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Шо да праам, ме “„патосира„ претходниот соговорник со неговото „знаење„... за природата Исусова (ха-ха-ха!) па останав „без текст„.
И верувај дека те патосира. :)

Да повториме уште еднаш:

1. Дали Исус е Бог?
2. Дали Бог се знае?
3. Дали Бог лаже?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.364
Поени од реакции
84.593
Исус не е Небесниот Татко, тој е Синот.
Како инкарнат тој е едно со таткото, но не еднаков на Таткото. Светиот Дух е насекаде.
Вие ги поставувате прашањата од муслиманска перцепција за Бог и ставате равенство помеѓу Синот и Таткото. Сакате христијански одговор, ама да биде според муслимански концепт. Тоа не е можно.
Синот е божјата инкарнација, која се случува само еднаш во историјата. Второто доаѓање знаеме како ќе биде.
Јас ќе повторам, Бог е еден и Исус е едно со Таткото, но дури и да се поставам како профан субјект не можам да кажам дека Исус=Таткото=Светиот Дух.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Исус не е Небесниот Татко, тој е Синот.
Како инкарнат тој е едно со таткото, но не еднаков на Таткото. Светиот Дух е насекаде.
Вие ги поставувате прашањата од муслиманска перцепција за Бог и ставате равенство помеѓу Синот и Таткото. Сакате христијански одговор, ама да биде според муслимански концепт. Тоа не е можно.
Синот е божјата инкарнација, која се случува само еднаш во историјата. Второто доаѓање знаеме како ќе биде.
Јас ќе повторам, Бог е еден и Исус е едно со Таткото, но дури и да се поставам како профан субјект не можам да кажам дека Исус=Таткото=Светиот Дух.
Многу интересно. Ќе си дозволам мала парафраза, колку да си разјаснам, а ти можеш да ме поправиш ако грешам, за да сум сигурен дека правилно сум те разбрал.

Он е еден, ама не е еден него се тројца, кои се еден без да може да се повлече равенство, иако се сите тројца еднакви у ствари, само што не се исто!

Мојата религија е монотеистичка, пошто бог си има само еден, кој се всушност тројца, ама само за некое време, пошто Исус не беше отсекогаш, него е ИНКАРНАЦИЈА која не е самиот бог иако е еден дел од него кој не е скроз цел дел него, туку е он самиот кој не е само Исус него има и свет дух.

Многу концизно, кратко и јасно. Со еден збор ова се вика МОНОТЕИЗАМ.

Дали сум во право?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Многу интересно. Ќе си дозволам мала парафраза, колку да си разјаснам, а ти можеш да ме поправиш ако грешам, за да сум сигурен дека правилно сум те разбрал.

Он е еден, ама не е еден него се тројца, кои се еден без да може да се повлече равенство, иако се сите тројца еднакви у ствари, само што не се исто!

Мојата религија е монотеистичка, пошто бог си има само еден, кој се всушност тројца, ама само за некое време, пошто Исус не беше отсекогаш, него е ИНКАРНАЦИЈА која не е самиот бог иако е еден дел од него кој не е скроз цел дел него, туку е он самиот кој не е само Исус него има и свет дух.

Многу концизно, кратко и јасно. Со еден збор ова се вика МОНОТЕИЗАМ.

Дали сум во право?
Не си во право бидејќи ако се погледне низ призмата на духовната логика...:pop:
До кога со овие световни, профани логики а? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom