Дали Исус навистина воскреснал?

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Не...
Јас милион пати на форумов напишав дека се исповедам за православен рисјанин, а поимот „рано христијанство„ го посочив, т.е. го препишав од приложениот сајт, ради лесна ориентација по истиот, со што сакав да го посочам континуитетот од Источната православна Црква уште од Апостолите Христови, преку Апостолското преемство на даровите од Духот Свет.
Зошто во ранохристијанските учења никаде не се споменува Богородица?
Ако имате континуитет тогаш не би требало да ја славите како светица, а уште помалку како Богородица.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто во ранохристијанските учења никаде не се споменува Богородица?
А кои са тија „ранохристијански„ учења?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако имате континуитет тогаш не би требало да ја славите како светица, а уште помалку како Богородица.
Мајката Божја е „...почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите...„. Да, Богородица е Света, оти Она Го роди Бога Словото-Христа Спасителот.

--- надополнето ---

Ти се правиш мутав, заеби.
Не бе, има работи кои ми се непознаница. Ај пак: кои се тие „ранохристијански„ учења?
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Епа незнам што да ти речам, земи читни нешто, образовај се малку, извади ја главата од вреќата.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
1. Ако апостолите му биле поблиски од браќата, како тоа да на чело на ерусалемската заедница, како наследник на Исуса дојде неговиот брат - Јаков?
Христос немал наследници. Христос имал следбеници. Исус не бил челото (главата) на Ерусалимската заедница, туку на сите заедници. Ерусалимската заедница не била водена само од Јаков, туку и од апостолите Петар и Јован. Може слободно да се каже дека Патар меѓу верниците бил поавторитетна личност од Јаков. Што мислиш зошто Римокатоличката црква го смета апостол Петар за првиот папа, а не Јаков?
Каде бил Јаков кога Исус му го рекол следново на апостолот Петар:

„Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Син на живиот Бог.” Исус одговори и му рече: „Блажен си, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Татко, Кој е во небесата. И Јас ти велам, дека ти си Петар, и на тој Камен ќе ја изградам Мојата Црква, и портите на пеколот нема да надвладеат наспроти неа. И ќе ти ги дадам клучевите на царството небесно, и што и да сврзеш на земјата, ќе се појави веќе сврзано во небото; и што и да разврзеш на земјата, ќе биде веќе разврзано во небото.” “ (Исус, ев. Матеј 16:16-19, Библијата)

И најпосле, кој дел ти беше нејасен во стихот:

„Додека Тој (Исус) уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеа надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа;“ (Исус, ев. Матеј 12:46-49, Библијата)

2. Јаков се сложил да многубошците, значи оние кои се неевреи се примат во јудаизмот но да се воздржуваат од одредени јадења. Павле тоа го погазил и проповедал дека е слободно да се јаде се.
Јаков бил јудеист пред да стане христијанин. Откако станал христијанин, тој веќе не бил јудеист, туку христијанин.
Прочитај го 15тото поглавје од делата на апостолите и ќе видиш дека Јаков и Павле биле заедно на апостолскиот собор во Ерусалим и заедно со другите апостоли одучиле да не го ставаат старозаветното бреме врз христијаните, заедно одлучиле дека не мора да се обрежуваат (обрезанието се сметало за влез во Јудаизмот!) и заедно одлучиле да не јадат храна принесена на идоли.
Апостол Павле, исто како и другите апостоли проповедал дека не треба да се јаде храна принесена на идоли:

„ Па што сакам да речам? Дали жртвуваното на идолите е нешто; или дека идолот претставува нешто? Не, туку дека она што народите го жртвуваат, им го жртвуваат на демоните, а не на Бога; а јас не сакам вие да бидете во заедница со демоните. Не можете да ја пиете Господовата чаша и бесовската чаша. Не можете да учествувате на Господовата трпеза и на демонската трпеза. “ (Апостол Павле, 1 Коринтјаните 10:19-21, Библијата)

3. Павле бил нападнат кога стигнал во Ерусалем баш заради тоа што проповедал вера различна од она која Исус ја проповедал а во негово име. За тоа морал и да се исчисти обредно во храмот а и да плати за уште двајца грешници кои немале пари за чистење и на нивните гревови. Значи бил казнет за она што го проповедал и тоа од страна на Јаков - братот на Исус и водачот на Исусовите ученици и апостоли
Павле заедно со сите останати апостоли биле напаѓани и прогонувани насекаде како што го ширеле Христовото учење. Павле не бил нападнат од Јаков, ниту бил казнет од него.

4. Не постои ни едно евангелие постаро од 4ти век. Онакви какви што денес ги знаеме се составени и искомпилирани во 4ти век под воддство и раководство на Константин (кој беше паган но заседаваше и преседаваше со христијанските собори и под чие претседателство исус е прогласен за бог, и донесени се канони)
Класична антихристијанска тактита. Прво ќе проба со Библијата да го заведе христијанинот (во случај тој да нема добро познавање од неа) и потоа откако ќе види дека Библијата не ги подржува неговите тези, ќе премине кон план Б - дискредитирање на нејзината веродостојност.

1. На Никејскиот собор воопшто не се зборело за „избор на евангелија“ или општо за канонот на Светото Писмо. Од 20те одлуки што се донеле на тој собор, ниту една не се однесува на канонот на Светото Писмо.

2. Доколку Константин имал намера да го направи Исус Бог, тогаш тој сигурно нема да ги одберел четирите евангелија во кои јасно е потенцирана и човековата природа на Исус (зборувам за сите оние стихови кои што муслиманите селективно ги цитираат за да докажат дека Исус бил само човек), туку ќе одберел некои од гностичките текстови (квазиевангелијата) каде што е пренагласена божественоста на Исус, а деградирана Неговата човечност.

3. Исус бил сметан за Бог уште пред да се роди Константин.

Околу половина век пред да се роди Константин Ориген за Исус рекол: "Иако (Христос) беше Бог, Тој зема тело, се направи човек, но остана она што беше: Бог." (Ориген, Фундаментални Доктрини 1:0:4)
Неколку години пред него, во 210 година, Тертулијан за Исус рекол: "Самиот Бог е без грев. Единствениот Човек кој е без грев е Христос, затоа што Христос е исто така Бог." (Тертулијан, Душата 41:3)
Уште порано, во 190г. Климент од Александрија за Исус рекол:
"Тој (Христос) Самиот е Бог и Човек, и извор на сите наши добра." (Убедувањето на грците 1:7:1)
"навистина, најизразеното Божество, Тој е еднаков на Господ, бидејќи е Негов Син" (Убедувањето на паганите)
10 години пред тоа, во 180г. Иринеј во своето дело "Против ересите" за Исус вели:
"Наш Господ, наш Бог, и Спасител, и Крал" (Против ересите)
20 години пред тоа, во 170г. Татиан Сиријанецот за Исус рекол:
"Не си играме лудории, вие грци, ниту пак збориме бесмислени работи кога изјавуваме дека Бог се роди во форма на Човек." (Адресирано до грците 21)
Уште порано Јустин за Христос пишува:
"Тој е првосоздаденото Слово Божјо, еднаков е на Бог", "И Бог и Господ над војските" (Јустин, Прва Апологија)
И уште порано, во почетокот на 2-от век, во 110г. Игнатиј Антиохиски за Исус рекол:
"Бидејќи нашиот Бог, Исус Христос, беше..." (Писмо до Ефешаните 4:2)

4. Четирите канонски евангелија се напишани во 1ви век и веќе тоа го аргументирав пред неколку страни на оваа тема и не би сакал да се повторувам.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Не, бе, Мики, доказ - ми треба да ми ја лоцираш твојата една и единствена вистинска црква на списоков од 38.000 РАЗЛИЧНИ христијанства.

Зошто ти е тоа проблем? Не ли можеш да направиш нешто такво. Би требало да ти е лесно!!! Нели е ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА. Па ваљда штрчи некако над останатите 37999 ФЕЈК христијанства, нели?

--- надополнето ---



Де, покажи ја на ова списоков обемен и сеопфатен.

ИСТАКНИ ЈА НЕФЕЈКУВАНАТА ПРЕД 37999 ФЕЈК-ХРИСТИЈАНСТВА!!!

Така ќе знаеме кое е уригинал, а кои 37999 се фејкои!
Човече доста се глупираш со ова твоето 38000 цркви. Се ти се тоа протестантски цркви создадени (отцепени) од пред 400год па до сега. Една беше Христијанската црква, која потоа се подели на Православна и Католичка. Толку. Две се. Се она другото е отцепено од оригиналната, првата црква.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Човече доста се глупираш со ова твоето 38000 цркви. Се ти се тоа протестантски цркви создадени (отцепени) од пред 400год па до сега. Една беше Христијанската црква, која потоа се подели на Православна и Католичка. Толку. Две се. Се она другото е отцепено од оригиналната, првата црква.
И која е вистинската од тија две море, тоа не интересира нас.BTW, ги заборави протестантите, многу ги има.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ве молам продолжете си ја дискусијата на некоја друга соодветна тема, или пак отворете нова тема околу „вистинската црква„. Оваа тема гласи: „Дали Исус навистина воскреснал?“. Благодарам.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Човече доста се глупираш со ова твоето 38000 цркви. Се ти се тоа протестантски цркви создадени (отцепени) од пред 400год па до сега. Една беше Христијанската црква, која потоа се подели на Православна и Католичка. Толку. Две се. Се она другото е отцепено од оригиналната, првата црква.
Не се прави глупав со сила. На светов, во моментов, постојат ПОВЕЌЕ од 38.000 христијански деноминации. Тоа не сум го измислил јас. Тоа е ФАКТ. Ако ти требаат извори - да ти цитирам.

Тоа НЕ СЕ протестантски цркви. Тоа се православци, католици, адвентисти, мормови, анабаптисти, саботјани, јеховини сведоци, англиканисти, баптисти, кристаделфијанци, унитаристи, едни и едниствени највистински, презбетеријанци, неохаризматичари, полу-католици, изворни христијани, нетројственици, пентекосталисти, евангелисти и што-ти-ја-знам-какви-све-не-христијани.

Бујрум да си читаш, ќе ти земе време, ама вреди:

http://simple.wikipedia.org/wiki/List_of_Christian_denominations_by_number_of_members

Ако си за посериозно:

http://www.philvaz.com/apologetics/a106.htm

Жими Јахве се 2. Не се 38.000 РАЗЛИЧНИ, дистинктивни, христијанства кои се делат едни од други и СИТЕ тврдат дека нивното христијанство е ВИСТИНСКОТО и ЕДИНСТВЕНОТО христијанство...

Секој ден се се' повеќе и повеќе.

Толку за вистинитоста на христијанството...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
дупликат.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Ве молам продолжете си ја дискусијата на некоја друга соодветна тема, или пак отворете нова тема околу „вистинската црква„. Оваа тема гласи: „Дали Исус навистина воскреснал?“. Благодарам.
Ок. Нема проблем.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Секој ден се се' повеќе и повеќе.
Да бе, е ми, нели е това демоктратски? Човекови права, право на вероисповест, ово, оно....И сагласно тија „права„ секој поединец, на кој лукавиот нешто му дошепнал, можит да речит: „..Ева ја мојта куќа, на неа ќе стаам крст, ќе и турам фирма „црква„...„ и-оп! Ајде луѓе, збирајте се, ја ќе Ви ја кажам вистината, оти сите други Ве лажат! Ве лажат комунистите!!!....„.

Еве ја најновата „црква„! 38 000 и прва!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Да бе, е ми, нели е това демоктратски? Човекови права, право на вероисповест, ово, оно....И сагласно тија „права„ секој поединец, на кој лукавиот нешто му дошепнал, можит да речит: „..Ева ја мојта куќа, на неа ќе стаам крст, ќе и турам фирма „црква„...„ и-оп! Ајде луѓе, збирајте се, ја ќе Ви ја кажам вистината, оти сите други Ве лажат! Ве лажат комунистите!!!....„.

Еве ја најновата „црква„! 38 000 и прва!
Мики, толку немаш поим што зборуваш, што понекогаш ми се чини дека не можеш да направиш сложена реченица употребувајќи ги зборовите ловец, зајак, пушка...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Да бе, е ми, нели е това демоктратски? Човекови права, право на вероисповест, ово, оно....И сагласно тија „права„ секој поединец, на кој лукавиот нешто му дошепнал, можит да речит: „..Ева ја мојта куќа, на неа ќе стаам крст, ќе и турам фирма „црква„...„ и-оп! Ајде луѓе, збирајте се, ја ќе Ви ја кажам вистината, оти сите други Ве лажат! Ве лажат комунистите!!!....„.

Еве ја најновата „црква„! 38 000 и прва!
СИТЕ Цркви се создаваат на истиот принцип: „Сакам леб без мотика, па ќе лажам и подведувам, ќе се заканувам и ќе застрашувам, за да наивните и поводливи души ми ПЛАЌААТ за да ги лажам и за да им ветувам мир и спокој после овој напорен и мачен живот на земјава“

СИТЕ цркви се ЛАЖНИ. Ниту една од овие 38.001 не е поблиску до ВИСТИНАТА, затоа што конечна вистина, Мики, НЕ ПОСТОИ!!!

Секој даден одговор поставува нови прашања.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom