1. Ако апостолите му биле поблиски од браќата, како тоа да на чело на ерусалемската заедница, како наследник на Исуса дојде неговиот брат - Јаков?
Христос немал наследници. Христос имал следбеници. Исус не бил челото (главата) на Ерусалимската заедница, туку на сите заедници. Ерусалимската заедница не била водена само од Јаков, туку и од апостолите Петар и Јован. Може слободно да се каже дека Патар меѓу верниците бил поавторитетна личност од Јаков. Што мислиш зошто Римокатоличката црква го смета апостол Петар за првиот папа, а не Јаков?
Каде бил Јаков кога Исус му го рекол следново на апостолот Петар:
„Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Син на живиот Бог.” Исус одговори и му рече: „Блажен си, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Татко, Кој е во небесата. И Јас ти велам, дека ти си Петар, и на тој Камен ќе ја изградам Мојата Црква, и портите на пеколот нема да надвладеат наспроти неа. И ќе ти ги дадам клучевите на царството небесно, и што и да сврзеш на земјата, ќе се појави веќе сврзано во небото; и што и да разврзеш на земјата, ќе биде веќе разврзано во небото.” “ (
Исус, ев. Матеј 16:16-19, Библијата)
И најпосле, кој дел ти беше нејасен во стихот:
„Додека Тој (Исус) уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеа надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?”
И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа;“ (
Исус, ев. Матеј 12:46-49, Библијата)
2. Јаков се сложил да многубошците, значи оние кои се неевреи се примат во јудаизмот но да се воздржуваат од одредени јадења. Павле тоа го погазил и проповедал дека е слободно да се јаде се.
Јаков бил јудеист пред да стане христијанин. Откако станал христијанин, тој веќе не бил јудеист, туку христијанин.
Прочитај го 15тото поглавје од делата на апостолите и ќе видиш дека Јаков и Павле биле заедно на апостолскиот собор во Ерусалим и заедно со другите апостоли одучиле да не го ставаат старозаветното бреме врз христијаните, заедно одлучиле дека не мора да се обрежуваат (обрезанието се сметало за влез во Јудаизмот!) и заедно одлучиле да не јадат храна принесена на идоли.
Апостол Павле, исто како и другите апостоли проповедал дека не треба да се јаде храна принесена на идоли:
„ Па што сакам да речам? Дали жртвуваното на идолите е нешто; или дека идолот претставува нешто? Не, туку дека она што народите го жртвуваат, им го жртвуваат на демоните, а не на Бога; а јас не сакам вие да бидете во заедница со демоните. Не можете да ја пиете Господовата чаша и бесовската чаша. Не можете да учествувате на Господовата трпеза и на демонската трпеза. “ (
Апостол Павле, 1 Коринтјаните 10:19-21, Библијата)
3. Павле бил нападнат кога стигнал во Ерусалем баш заради тоа што проповедал вера различна од она која Исус ја проповедал а во негово име. За тоа морал и да се исчисти обредно во храмот а и да плати за уште двајца грешници кои немале пари за чистење и на нивните гревови. Значи бил казнет за она што го проповедал и тоа од страна на Јаков - братот на Исус и водачот на Исусовите ученици и апостоли
Павле заедно со сите останати апостоли биле напаѓани и прогонувани насекаде како што го ширеле Христовото учење. Павле не бил нападнат од Јаков, ниту бил казнет од него.
4. Не постои ни едно евангелие постаро од 4ти век. Онакви какви што денес ги знаеме се составени и искомпилирани во 4ти век под воддство и раководство на Константин (кој беше паган но заседаваше и преседаваше со христијанските собори и под чие претседателство исус е прогласен за бог, и донесени се канони)
Класична антихристијанска тактита. Прво ќе проба со Библијата да го заведе христијанинот (во случај тој да нема добро познавање од неа) и потоа откако ќе види дека Библијата не ги подржува неговите тези, ќе премине кон план Б - дискредитирање на нејзината веродостојност.
1. На Никејскиот собор воопшто не се зборело за „избор на евангелија“ или општо за канонот на Светото Писмо. Од 20те одлуки што се донеле на тој собор, ниту една не се однесува на канонот на Светото Писмо.
2. Доколку Константин имал намера да го направи Исус Бог, тогаш тој сигурно нема да ги одберел четирите евангелија во кои јасно е потенцирана и човековата природа на Исус (зборувам за сите оние стихови кои што муслиманите селективно ги цитираат за да докажат дека Исус бил само човек), туку ќе одберел некои од гностичките текстови (квазиевангелијата) каде што е пренагласена божественоста на Исус, а деградирана Неговата човечност.
3. Исус бил сметан за Бог уште пред да се роди Константин.
Околу половина век пред да се роди Константин Ориген за Исус рекол: "Иако (Христос) беше Бог, Тој зема тело, се направи човек, но остана она што беше: Бог." (Ориген, Фундаментални Доктрини 1:0:4)
Неколку години пред него, во 210 година, Тертулијан за Исус рекол: "Самиот Бог е без грев. Единствениот Човек кој е без грев е Христос, затоа што Христос е исто така Бог." (
Тертулијан, Душата 41:3)
Уште порано, во 190г. Климент од Александрија за Исус рекол:
"Тој (Христос) Самиот е Бог и Човек, и извор на сите наши добра." (
Убедувањето на грците 1:7:1)
"навистина, најизразеното Божество, Тој е еднаков на Господ, бидејќи е Негов Син" (
Убедувањето на паганите)
10 години пред тоа, во 180г. Иринеј во своето дело "Против ересите" за Исус вели:
"Наш Господ, наш Бог, и Спасител, и Крал" (
Против ересите)
20 години пред тоа, во 170г. Татиан Сиријанецот за Исус рекол:
"Не си играме лудории, вие грци, ниту пак збориме бесмислени работи кога изјавуваме дека Бог се роди во форма на Човек."
(Адресирано до грците 21)
Уште порано Јустин за Христос пишува:
"Тој е првосоздаденото Слово Божјо, еднаков е на Бог", "И Бог и Господ над војските" (
Јустин, Прва Апологија)
И уште порано, во почетокот на 2-от век, во 110г. Игнатиј Антиохиски за Исус рекол:
"Бидејќи нашиот Бог, Исус Христос, беше..." (
Писмо до Ефешаните 4:2)
4. Четирите канонски евангелија се напишани во 1ви век и веќе тоа го аргументирав пред неколку страни на оваа тема и не би сакал да се повторувам.