Toj "early christianity" беше мајката црква во Ерусалем која ја сочинуваа учениците и следбениците на Исуса а која по смртта на Исус ја водеше братот на Исус - Јаков. Кој подобро ги знаел учењата на Исус, неговите идеји, мисли, намери, живот... од колку оние кои беа со него и околу него кои оделе со него и го слушале.
Во периодот кога Исус ја започнал Својата служба, апостолите биле поблиски со Исус отколку родените браќа на Исус (Јаков, Јосиф, Симон, Јуда). Тоа јасно го гледаме во следнава ситуација:
„Додека Тој (Исус) уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеа надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?”
И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа;“ (
Исус, ев. Матеј 12:46-49, Библијата)
Јаков веројатно станал Христов следбеник по Христовата смрт.
Тие негови следбеници и ученици си останале и по смртта на Исус во Јудаизмот, си се обрежувале си ги држеле старите закони, принесувале жртви и се молеле во храмот онака како што го правеле и нивните претци.
Во околу 50та година во Ерусалим се собрале апостолите заедно со Павле, Варнава и Јаков да дискутираат околу обрезанието т.е. дали е потребно христијаните да се обрезуваат и да го пазат Мојсеевиот закон. Читај што рекол Јаков:
„Кога тие свршија да зборуваат, проговори
Јаков и рече: „Мажи браќа, послушајте ме!... Затоа сум на мислење дека не треба да ги вознемируваме оние, кои од многубошците Му се обраќаат на Бога (
во контекстот под вознемирување се мисли на наложување да го носат старозаветниот јарем: да се обрежуваат, да принесуваат жртви и сл.); туку да им се напише да се воздржуваат од она, што е онечистено од идолите, од блудство, од удавено и од крв. “ (
Дела на апостолите 15:13,19,20, Библијата)
Јаков се сложил со сите апостоли околу ова прашање, а заедничката одлука била:
„Светиот Дух и ние одлучивме
да не ставаме на вас никакво друго бреме, освен овие потребни работи: да се воздржувате од жртвуваното на идолите, од крв, и од удавено и од блудство; ако се пазите од тоа, добро ќе направите.“ (
Дела на апостолите 15:28-29, Библијата)
Тие биле во конфликт и судир со Павле на чии учења почива денешпното христијанство.
Напротив. Погледни што вели апостолот Петар за апостолот Павле:
„А долготрпеливоста на нашиот Господ сметајте ја како спасение, како што и
нашиот возљубен брат Павле ви напишал,
според дадената му мудрост;
како што и во сите свои писма зборува за ова; во нив има некои тешко разбирливи нешта, кои неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел. “
(
2 писмо на апостол Петар 3:15-16, Библијата)
Очигледно апостолот Петар, кој бил сметан за еден од столбовите на Црквата, го сметал Павле за возљубен брат и сите негови писма (што биле напишани до тогаш) за писма полни со мудрост.
Слично мислење имал и апостолот Павле за апостолите:
„зашто Оној, Кој го оспособи Петра за апостолство меѓу обрезаните, ме оспособи и мене за паганските народи - и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена,
Јаков, Кифа (Петар) и Јован, кои беа сметани за столбови,
ни ги дадоа, мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото; за да одиме ние до паганските народи, а тие до обрезаните; “
(
Писмото на апостол Павле до Галатјаните 2:8-9, Библијата)
Оттука гледаме дека тие не биле во судир, туку во едно братско заедништво.
Кога Рим го разурна ерусалем исчезна и таа прва заедница на христовите следбеници и ученици и учењето на Павле кое не се слагаше со нивното остана да се шири по црквите и заедниците низ римското царство и настана новата религија - христијанство.
Се надевам нема да ми замериш ако кажам дека ниту ова не е точно.
Исус благовремено им навестил на апостолите дека Ерусалим ќе биде разурнат:
„А кога ќе го видите Ерусалим дека е опколен од војски, знајте дека е близу неговото запустување. Тогаш оние, кои се во Јудеја нека бегаат во планините; а кои се во градот нека излезат надвор; а кои се во полето, нека не влегуваат во градот!“ (
Исус, ев. Лука 21:20-21, Библијата)
А во друга прилика им рекол:
„ ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци
како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и се до крајот на земјата.“ (
Исус, дела на апостолите 1:8, Библијата)
Овие две изјави на Исус не би имале смисла доколку Исус знаел дека Неговата мисија ќе заврши со разурнувањето на Ерусалим.