Вашето мислење околу Pimp my ride/Overhaulin'/Wheeler Dealers...

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Локација
Кавадарци
Мислам дека насловот на темата е прилично јасен :)
Ако не сите, ама поголем дел од вас верувам дека гледате Дискавери и слични телевизии на кои се повеќе се емитуваат вакви емисии. Ако се сеќавам добро се започна со Pimp My Ride на MTV, па после беа Wrecks To Riches, британската верзија Wheeler Dealers па на крај Overhaulin'.
Дали верувате во случајниот избор и најбитниот дел - изненадувањето и бесплатната работа (+ за 7 дена)?

Pimp My Ride беше барем интересно шоу, имаше стварно кул фаци и крш автомобили. Според мене претеруваа со пластики и гаџети, ама вкусот не е битен. Арно ама, во еден број на Ауто Билд (2006-2007) имаше убаво подобјаснето што се случува со колите. Фарбање површинско, крпење и заштита никаква, а моторите ретко ги чепкаа. НИТУ ЕДЕН од средените автомобили не можел да се снима или воопшто да се види. Се сеќавам добро на слики од Т1 со изваден теписон, подот решето... Овде барем сопствениците ги возеа автомобилите.

Wrecks to riches, барем според мене, изгледаше многу пореално. Трошеа „вистински“ пари, работеа на коли и имаа големи проблеми, било околу колата било околу набавката на ретки и скапи делови. Работилницата и тимот ептен професионални. Делот кој што ми беше сомнителен е продажбата. Значи, го средуваат автомобилот за месец време, но од каде гаранција дека ќе се продади уште утре на аукцијата? Ајде, ова не е страшно, колите беа топ, а и таму се вртат големи пари. Меѓу поквалитетните емисии.

Wheeler Dealers е слично шоу, поблиско за нас европејците, но со малку работа. Под реставрација не се подразбира фарбање на крило и менување на масло и каиши. Низ нетот се шират шпекулации дека колите ги прават за муштерии, а не ги продаваат онака само преку огласник... Останува да ги гледаме новите епизоди со поголем буџет и далеку подобри возила. Неколку што гледав, земаа коли од Германија (450 SLC) и од Италија (Fiat 500) па ги средуваа во Англија. Емисијата вреди многу затоа што Ед дава ептен корисни совети,трикови и дел од средствата кои ги користи ни се достапни и нас.

И дојдов до најкатастрофалното шоу кое моментално се врти по Дискавери - Overhaulin'. Ако Еј Џеј знае да води емисија, јас од утре ќе бидам хирург. Повештачко однесување не сум видел... Кражбите и намештајките се интересни 5 секунди, после тоа преминуваат во глупост. Автомобилите ги средуваат ОК, ама сумњам дека некогаш излегуваат од гаражата. Толку не можеа да направат 20 секунди снимка од вожња? Никаде не се гледа подвозјето, кочниците... ама баш ништо. Само фарба, го палат моторот и толку... Ако се сеќавам добро во првите епизоди ги возеа, или подобро - ги возеше Чип Фус, а не сопственикот. Досега немам видено ниту една кола со легални таблички. Споредете ја работата и квалитетот меѓу овие коли и оние од Wrecks To Riches. Месец време наспроти 7 дена. Или 3 месеци (American Hot Rod) и 7 дена. Колку повеќе ги спомнувам 7те дена, толку посомнителна ми е бројката :nesum: Едноставно ми се гади од ова шоу, криво ми е само за Чип. Сигурен сум дека можел да замисли нешто подобро.

Ме интересираат само вашите мислења, за ефектите кои ги имаат кај нас знаеме сите. Повелете :)
 
Другар шо зборуваш ти бе оваероулин ја расклопуваат колава до штравче они ако не ја прават колата како што треба не знам кој ја прави дај не заебавај у емисија се даваат целосно ја разглобуваат колава и повторно ја склопуваат.
 
1. 7 дена се малку за тотално средување од 0 на какво и да било возило. Под услов да зборуваме за квалитетно средување. Она демек колата ми ја крадат е ептен глупо, бај д веј...
2. Врекс ту ричис е ОК...работат луѓето...
3. Она Вилер дилер ми е некако најреално и најблиско.
4. Пимп мај рајд е тотална глупост.
5. Фала и пријатно.
 
Ед Чајна е НАЈЈАКОТО БАТЕ, што би рекле моите пријатели ресенчани.
 
1. 7 дена се малку за тотално средување од 0 на какво и да било возило. Под услов да зборуваме за квалитетно средување. Она демек колата ми ја крадат е ептен глупо, бај д веј...
2. Врекс ту ричис е ОК...работат луѓето...
3. Она Вилер дилер ми е некако најреално и најблиско.
4. Пимп мај рајд е тотална глупост.
5. Фала и пријатно.

Абе другар не викај така зошто 7 дена малку им ја имаш ли видено екипава колкава им е колку работници има , плус работат мн касно навечер некоаш и до 5 сабајле, сеа ќе речеш ти не е можно ова ама таа екипа шо работела до 5 сабајле оди спие дрги превземаат.
 
јас мислам дека сите се вистински, затоа што сите се познати фирми и прават и други коли не само за емисиите. Тоа што си читал на интернет најверојатно не е вистина
 
Оверхаулин ми е сумљиво. Работат по 20 саати 7 дена по ред. И тоа со алати, чуда врагови кај што грешките се опасни по здравјето.
Пимп мај рајд ми беше интересно на почетокот, ама со тек на време Мед Мајк почна да добива многу поголема минутажа во серијата а страшно досаден лик е. Дури му стегаа ремет во Епик Муви.
Другиве серии ги немам гледано, ретко гледам ТВ.
 
И дојдов до најкатастрофалното шоу кое моментално се врти по Дискавери - Overhaulin'. Ако Еј Џеј знае да води емисија, јас од утре ќе бидам хирург. Повештачко однесување не сум видел... Кражбите и намештајките се интересни 5 секунди, после тоа преминуваат во глупост. Автомобилите ги средуваат ОК, ама сумњам дека некогаш излегуваат од гаражата. Толку не можеа да направат 20 секунди снимка од вожња? Никаде не се гледа подвозјето, кочниците... ама баш ништо. Само фарба, го палат моторот и толку... Ако се сеќавам добро во првите епизоди ги возеа, или подобро - ги возеше Чип Фус, а не сопственикот. Досега немам видено ниту една кола со легални таблички. Споредете ја работата и квалитетот меѓу овие коли и оние од Wrecks To Riches. Месец време наспроти 7 дена. Или 3 месеци (American Hot Rod) и 7 дена. Колку повеќе ги спомнувам 7те дена, толку посомнителна ми е бројката :nesum: Едноставно ми се гади од ова шоу, криво ми е само за Чип. Сигурен сум дека можел да замисли нешто подобро.

Ме интересираат само вашите мислења, за ефектите кои ги имаат кај нас знаеме сите. Повелете :)

Не сум знаел дека Еј Џеј е водитека на Overhaulin сега првпат слушам, додуша многу малце ја има на кадар, повеќе го има Foose, така да би рекол дека он повејќе е водител, а дали знае да води или не според мене не ми игра голема улога доволно е само да најави што е следно или што е во тек, а тоа кратко трае:toe:. Целата емисија некако се емитува во мал временски интервал, а сепак има многу што да се прикажува. Така да некако емисијата ми изгледа како напнато и издвоени се само ептен побитните моменти од целиот проект на растурање и склопување на колите. Сепак целта на емисијата и не е да се научи нешто во врска со автомобилите и нивното средување и сл. Во целата емисија работат голем број на искусни мајстори и искусни фирми каде што целиот проект поминува како подмачкано. Посебно имаат фирми кој што ги снабдуваат со мотори, а со тоа и тим од неколку души што го монтира, посебно за ентериер, звук, фарбање и припрема пред фарбање, сакам да кажам дека и на самата емисија може да се забележи дека еден работи на хауба, еден на кров, еден на врата (цел ден да работи на една врата ќе ја направи како нова, а каде се уште неколку десетина мајстори што секој работи на по некој дел), помал тим на рамот, а и сепак се еден голем тим од едно 20-50 души кој работи и дење и ноќе, така да не изгледа нешто сумљиво во врска со колите и нивното време на средување. Во емисијата American Hot Rod преку цел ден работат само 2-3 на една кола и повеќето време се шушкаат навака натака чекајќи план за понатамошна работа, не работат неколку десетина души во истовреме како што е ситуацијата кај Overhaulin, многу лимарски делови се изработуваат рачно, додека кај Overhaulin све иде претходно договорено и изгледа све како подмачкано, како сите да имаат една визија за колата:wink:
При составувањето на колата и при нејзината работа скоро секогаш го прикажуваат рамот и неговиот тек на работа, се до неговото составување, додека кај некој коли што не се издвојува рамот од шасијата тое не е приикажано т.е. не работат посебно на рамот како кај тие што се отстранува рамот.
 
Од овие серии ги гледав pimp my ride и ја пратам онаа Bike Builders. Чат пат ја начекувам и Wheeler Dealers.

Одиме со ред. Pimp My Ride е (беше) срање од емисија. Како ги правеа колите незнам, битно имаа луѓето добри идеи и голем добавувач со бандажи. Тоа единствено вредеше на сите возила. Е сега изработката и трајноста на тоа што го правеа е друго прашање кое треба сопствениците да го одговорат.

BikeBuilders според мене се најзакон. Стварно дечките прават од ништо нешто. Кога ке ги видам како ги започнуваат моторите, а како ги завршуваат стварно за онаа работа треба талент и знаење. Сето ова го напишав, а мразам чопери :smir:

И крајно Wheeler Dealers, ја имам фатено неколку пати. Човекот можеби има корисни совети, но во цените е доста нереален. Ова ќе ми го офарба мојот другар за кое што нема да платам пари (само матерјалот), она ќе ми го среди механичарот што му е брат на тој фарбарот и фактички тој поголемиот дел го средува џабе. И на крај ке даде колку пари заработил, а уствари ако стварно земеш една кола асално да ја средиш почнувајки да смениш филтри, масло, каиши, кабли, плочки/гуртни, се само солидни 100-150 евра. Ако на тоа додадеш и регистрација и 4 нови гуми ке надмине 500, без притоа ништо посериозно да рчнеш.
 
Ај и ја да се замешам:).
Pimp My Ridе: прават бајги беспотребни глупости некогаш се интересни ама не до толку па ретко глеам...
Overhaulin': луѓево се добри работат бајги се гледа интересни количиња... е сеа шо е како е то не знам...
Wheeler Dealers:е супер ради шо цело шо треба да се мени се мења и овој Ед Чајна нон стоп објаснува и да прајш нешо слично да се снајдиш...
иии за крај не видов некој да спомна за Chop Shop... ма не се саглам овие вистина знает да заебет ама работат со многу помалку алати од сиве нагоре, Липу со дизајнот е :vozbud: а и баш се добро работаат... е сеа колку издржуваат колите то не знам ама сепак се најјаки :smir:.
 
1. 7 дена се малку за тотално средување од 0 на какво и да било возило. Под услов да зборуваме за квалитетно средување. Она демек колата ми ја крадат е ептен глупо, бај д веј...
2. Врекс ту ричис е ОК...работат луѓето...
3. Она Вилер дилер ми е некако најреално и најблиско.
4. Пимп мај рајд е тотална глупост.
5. Фала и пријатно.

Поштовам!
 
Гледам само Overhaulin и OCC, другото не ми е интересно
 
Сите емисии ми се некако глупи, сакам да ги гледам само последните 2 минути да видам шо напрајле. :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Ама незнам што е проблемот ми ја немат појќе Discovery на кабловска :nesum:
 
Overhaulin' добро работат според мене. Барем се гледа се што прават. Чесна реставрација. Започнуваат со пескарење, суспензија, делови, заштита. Неможе тоа да се маскира како на Pimp my ride.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom