Ихаа одлета ти
Мн. лесно може да се објасни зошто нашите дедовци или родители имаат некоја носталгија кон титовото време.
До 1945 на територијата на Македонија се водени многу војни, немало никаква индустрија, немало основни човечки права, немало системско образование и ред др. работи.
Тоа, споредено со времињата на социјализмот под Тито, лесно е предвидливо кога подобро се живеело.
Меѓутоа и во Франција по 1945 година се живеело подобро, па скоро насекаде низ светот.
А Балканот до 20 век е можеби најизмачуваниот и најиспатениот регион на светот.
Македонците кои отишле во прекуокеанска имиграција или низ Европа, многу повеќе и постигнале и добиле, отколку оние во СФРЈ.
За времето на Тито, казнувано беше и мислењето. Тоа е факт. Неистомислениците завршуваа како осуденици за кривично дело.
Да да, за мислење да се казнува.
Тоа би било еднакво, на тоа да на сите оние кои не се согласуваат со нашите мислења да ги банираме и да им забраниме пристап на темава.
Продуцирањето на тоа едноумие и покорност кај народот, резултира ден денес со длабоки последици врз генерациите, кои откако беа оставени сами на себе, не беа способни барем да го задржат она што го имале.
Си биле еден Американец, Француз и Македонец, тие пишувале магистерски теми кои морале да им бидат врзани околу проблематиката на пингвините, па Американецот пријавил тема: “Пингвините и можноста за нивното експлоатација во земјите од Третиот свет“, Французот пак настапил со “Пингвините и нивниот сексуален живот“, додека Македонецот пријавил “Пингвите и македонското национално прашање.
Целата поента е во потенцирањето на духот на времето.
После војната Тито се шетал по улиците и сретнал една стара жена и и’ рекол:
- Смрт на фашизмот, бабо!!!
Бабата му одговорила:
- И на тебе синко, и на ТЕБЕ!