Ece
*Sunshine*
- Член од
- 7 јули 2006
- Мислења
- 2.567
- Поени од реакции
- 47
Се трудам да бидам најкултурна што можам, а да не се прави сеир врз мене во врска со мојата претерана култура.
Вистина е дека живееме во свет во кој културата не е многу застапена, барем не во нашата земја, а исклучоците некогаш се жртви на сеир од страна на другите луѓе.
Енивеј, не знам дали е ова добра или лоша страна кај мене, ама јас многу обрнувам внимание на манирите, премногу, особено кога сум во ресторант. Во друштвото само јас ја сечам пицата и си ја јадам со вилушка, залак по залак, а другите фино лепо си ја гризат.
Тоа е само еден од примерите во кои јас си ги сфаќам многу озбилно манирите, или бон-тонот.
Исто така, не знам дали сте приметиле, секогаш се трудам да пишувам литературно, само не претерувам, некогаш користам и народски изрази, затоа што би изгледала смешно ако секој збор ми е литературен.
Обрнувам внимание на хигиената, облеката, шминката... никогаш не ставам нападна шминка, или многу разнобојна со која би изгледала како кловн.
Секогаш се трудам да му дадам предност на другиот, а не да трчам прва јас да влезам некаде, или да нарачам за јадење. На што би личело тоа?
Значи, иако не сум машко, преферирам да давам предност како прав џентлмен и мислам дека тоа не треба да биде особина само кај мажите.
Мислам дека доволно примери набројав, заклучокот е дека се трудам највеќе што можам да бидам културна и да практикувам бон-тон во ова денешно време каде што секој се грижи само за себе. Треба сите да бидеме малку себични, да, самите себе да сме си на прво место, да не правиме жртва за другите колку да им удоволиме иако тоа не чини за нас, ама тоа не значи дека не треба да се однесуваме културно, затоа што секое лошо однесување е наш минус.
BTW, морам да го спомнам хотел-ресторанот Best Western како еден од најкултурните ресторани кај нас.