Бон-тон

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Се трудам да бидам најкултурна што можам, а да не се прави сеир врз мене во врска со мојата претерана култура.
Вистина е дека живееме во свет во кој културата не е многу застапена, барем не во нашата земја, а исклучоците некогаш се жртви на сеир од страна на другите луѓе.
Енивеј, не знам дали е ова добра или лоша страна кај мене, ама јас многу обрнувам внимание на манирите, премногу, особено кога сум во ресторант. Во друштвото само јас ја сечам пицата и си ја јадам со вилушка, залак по залак, а другите фино лепо си ја гризат. :pos:
Тоа е само еден од примерите во кои јас си ги сфаќам многу озбилно манирите, или бон-тонот.
Исто така, не знам дали сте приметиле, секогаш се трудам да пишувам литературно, само не претерувам, некогаш користам и народски изрази, затоа што би изгледала смешно ако секој збор ми е литературен.
Обрнувам внимание на хигиената, облеката, шминката... никогаш не ставам нападна шминка, или многу разнобојна со која би изгледала како кловн.
Секогаш се трудам да му дадам предност на другиот, а не да трчам прва јас да влезам некаде, или да нарачам за јадење. На што би личело тоа?
Значи, иако не сум машко, преферирам да давам предност како прав џентлмен и мислам дека тоа не треба да биде особина само кај мажите.
Мислам дека доволно примери набројав, заклучокот е дека се трудам највеќе што можам да бидам културна и да практикувам бон-тон во ова денешно време каде што секој се грижи само за себе. Треба сите да бидеме малку себични, да, самите себе да сме си на прво место, да не правиме жртва за другите колку да им удоволиме иако тоа не чини за нас, ама тоа не значи дека не треба да се однесуваме културно, затоа што секое лошо однесување е наш минус.
BTW, морам да го спомнам хотел-ресторанот Best Western како еден од најкултурните ресторани кај нас.
 
Си поштуем бон тон, зашо да не...ама си имам некои чурук навики, ждригам ко животиња, јадам со отворена уста итн..на моменти тоа, не секогаш :) ама сепак си се придржавам да сум културен колку што можам повеќе.
 
Хах, бонтон! Кај нас не да го нема, туку понекогаш, дури е и опасно да го практикуваш! :pos:

По бонтон, во кола не се влегува прво со нозе, туку прво се седнува, па дури после ги повлекуваш нозете. И така, еднаш, си влегувам јас во такси, си го седнав газето, а нозете уште ги немав повлечено во кола, кога оп - таксистот тргна! :) За малце ќе настрадав! Очигледно таксистов не знаеше бонтон! :pos:
 
Саате и за театар? :icon_lol:
И да не, миегајле. Имаме потреба од ова, барем според она на што до сега сум имала прилика да присуствувам. :pipi:

Прво и основно, самата атмосфера во театарот е мирна, тивка и ненападна. Крајно е глупаво да се смеете гласно, да зборувате гласно, пардон, да се дерете, или да се поздравувате мавтајќи од другиот крај на салата. И да, безвезно е да летате по фоајето за да се избаците со другарката што сто години не сте ја виделе. Ова во МНТ имам видено, најсериозно. Вришти, трча, местото ечи од штиклите, и` се џитка, оваа у раце ја фаќа, као... :pop:

Нејсе...
Гласно критикување на актерите, разговори, муабетење и шепкање за време на претставата е непристојно. Да не зборам дека се случило да гаѓаат по актерите. Како и пратење фудбалски натпревар преку слушалици.

Убавиот дел... :wub:
Кога одат маж и жена, тој, секогаш и` помага при (с)облекување и во гардеробата, и на крајот тој оди назад по јакните или што и да се. Важат и правилата при отворање врати и слично, кои се веќе добро познати.
Ако имате резервирано поголем број седишта или цела ложа, кога доаѓа друштвото, секогаш на нив им` го нудите првото место. Машко на женско, прво, секако. Ако, жената повикала машко друштво, тогаш таа го нуди првото место, али господин тоа никогаш нема да го прифати. Мажи пуштаат жени први, помлади луѓе - постари.

Се аплаудира на спуштање на завесата, на крајот од чинот, не на секои 10 минути.

И... Театар, опера, балет... Се носи дупла облека, т.е. кошула и нешто одозгора. На светло одоздола, темно одозгора. Бонтонот исто налага и носење на кравата на ваков настан, не на спортска облека и патики.
Ма да далеку сме ние од све ова, така да... Шта је, ту је. :pipi:

Ок, ја си бегам од темава. :icon_lol:
 
...:icon_lol:

Интересна работа, oколу играњето... Машко не треба да игра само со една девојка. Дури и да го сака тоа. :) И не треба да инсистира на тоа да игра само со најатрактивните присутни, туку и со помалку... Привлечните. :)

Иначе, ако веќе се каниме да играме, девојка не би требало да бара таква работа. И, за време денсање, разговороот е... Непожелен. Најчесто. И ако веќе се муабети, треба да е лаф муабет, нешто лесно, забавно и тако даље, не... Квантна физика.
Ништо од горенаведеното не важи за на саем. :icon_lol:

Ако сте странец, и сте во туѓа земја која важи за поцивилизирана од вашата, никогаш да не криете од каде сте. Јасно и гласно, правото име. Истото важи и ако сте во земја која ја сметате за заостаната во споредба со вашата, од било кој аспект. Она што не смее – потсмевање или потценување на истата.

Ако наидете на личност која се однесува убаво, немојте да се сметате за ништо помалку од неа. У крај краева, некој кој внимава на секој можен детал кога е во прашање финото понашање, па делува и смешно.

Кога пишувате писмо/меил... Никогаш не се почнува со “јас”. Дата и место десно горе, два прста од лева страна пред текстот. Инаку, приватни писма секогаш рачно, ма да не знам кој уште писма пишува. :pos: Туѓа пошта не се отвора, и на навредливо писмо не се одговара.

Ако одите на гости, и не ви отворат истата секунда, не се ѕвони по шеснаес иљади пати.

ПОЗАЈМЕНИТЕ РАБОТИ СЕ ВРАЌААТ. Уште си чекам Симс 2 и неколку книги. :lut:

Екстра тип, сеа ми текна.
Шепкање, мумлање, како и “Знаеш де. Абе после, ти реков, знаеш... Ќе ти кажам, после...” е малограѓанштина. Текиња дека го постигнува истиот ефект како и шепкањето? :pipi:
Ок, ја си бегам од темава. :icon_lol:

Ме натераа. :icon_lol: И овој пат стварно си бегам. :icon_lol:
 
Auu Ova brat na bilbordi niz skopje treba da go ima za da nauci narodov DEKA NE TREBA DA SE PRAKTIKUVAAA! Ali jbg..i koa ke go ima ke se cudat so e rabotava ><

I NEMOJ DA SI MRDNALA OD TEMAVA :) extra muabet XD
 
обично секогаш, секаде и со сите сум културна, така сум навикната..:helou:
 
Највеќе мразам, кога некој не едуциран бон-тон келнер ќе ми ја испофаќа чашата со прсти од кај што треба да се пие.
 
Бон-тонот преставува убаво однесување, почитување и применување на некои "не пишани" правила во определени ситуации. Бон тон постои насекаде во многу ситуации и места. Бон-тон кон постари луѓе, бон-тон во училиште, бон-тон на работа, бон-тон во автобус, бон-тон на улица, бон-тон во дикотека, бон-тон во својот дом, бон-тон на гости кога сте ...

Колку вие сметате дека добро се однесувате согласно со местата што ги посетувате или со личностите во чија околина сте?

Не се правете сега сите фини и добри и да одговарате дека се трудите да се однесувате кон овие правила.
Реалноста е дека ретко кој ученик во школо ги почитува, ретко кој млад човек персира на постар човек, ретко кој станува во автобус на постари личности, ретко кој воопшто сака да почитува правила па нели е поинтересно кога ги прекршуваш.
Бон-тонот најчесто се учи и со годините, а младите се оние кои не го почитуваат али ни постарите не се ништо подобро.

Бон-тонот со други зборови е културата на живеење. Која ние тука многу малку ја имаме. Во други држави постојат книги, курсеви и луѓето се трудат да ја имаат таа култура.

Но да не збориме колективно, нека си каже секој индивидуално колку смета дека има културно однесување и дека почитува бон-тон.
(очекувам најниско ниво на самокритичност на кајганџиите, како по обичај и дипломатски одговори :))
 
Не почитувам бон-тон во автобус кон постари луѓе, дури еднаш го употребив вицот од К-15. :kesa:
 
За да зборуваме за бон-тон, референтна точка е имање елементарна култура...
Кај нас бон-тон е бледа трага која се среќава кај ретки, дури ендемични примероци во општеството... :toe:
 
Колку вие сметате дека добро се однесувате согласно со местата што ги посетувате или со личностите во чија околина сте?

Не се правете сега сите фини и добри и да одговарате дека се трудите да се однесувате кон овие правила.

Поставуваш прашање, а наметнуваш одговор. Фактички предвреме на оваа тема нагласуваш дека треба да одговараат само оние кои што не се однесуваат по бон-тон.
 
Поставуваш прашање, а наметнуваш одговор. Фактички предвреме на оваа тема нагласуваш дека треба да одговараат само оние кои што не се однесуваат по бон-тон.

Сигурно дека не се однесуваш 100% во секоја ситуација културно.
Секогаш и секаде? Ах чудно.
Не постои совршен човек.

Но добро е ако се трудиш да си културен :smir:
 
Сигурно дека не се однесуваш 100% во секоја ситуација културно.
Секогаш и секаде? Ах чудно.
Не постои совршен човек.

Но добро е ако се трудиш да си културен :smir:

Тогаш темата ти е завршена, ги знаеш сите одговори :)
 
Тогаш темата ти е завршена, ги знаеш сите одговори :)

Колку сметаш дека младите го почитуваат бон-тонот?
Јас верувам дека преееемалку.
А поголемиот број на форумов се тинејџери. Темава е пред се за нив.
Напишав дека културата оди со годините, мислам дека си и постар. Така да памтиш која култура си ја имал на твои 15/18/20 години и која ја имаш сега. Извини ако не си постар како што мислам :)

Така да очекувам пред се мислење на помладите на оваа тема. Кои немаат ни Б од бон-тон :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom