Голема благорадност за Рикардо Карваљо за се она што го даде за Челзи. Остави зад себе доста добри моменти кои вредат да бидат запомнети.
Исто и од мене, еден од најфините дефанзивци кои воопшто сум ги видел, па да не прајме муабет за тие кои играле за Челзи.
Баш заради плукање кон клубот прекинав да пишувам на фан клубов. И не колега фантомски, не твоето. Твоето е издржано.
Мислам дека е време за мало резиме на периодов. На кратко, Челзи е во најголемата криза од доаѓањето на Роман. Џо, Белети, Балак, Деко, Карваљо во аут. Бенајун и Калас (???) ин. Планираме да освоиме трофеј сезонава? Не со овој тим. Па и Рамирес јадниот да дојт, вака не ојме нигде.
Ме радува што Челзи се врти кон младинците и школата. Ме растревожува што тоа го чини нагло и насила. Поарно Какута две години на позајмица, да се доиспукат Лампард, па после менувај ги една сезона за да се воигра тимот. Дрогба - Стариџ исто, Брума - Тери такуѓере. Генерациска смена, како кај Јунајтед и Барселона.
И Кенион замина после долго време, Арнесен си го ладит курот ко и обично, а Анчелоти не гледам да креват тревога која и тоа како е потребна.
Абрамович сакат титула во ЛШ. Челзи не е спремен да му го пружит то задоволство со овој состав. Како што ми стојат работите, преку таквото му е на Роман одамна. И со платите, и со принцојте шо шпацирет на утакмици, и со дрвата недоделкани кои се носени во клубот како следни „Зидани, Дел Пиеровци, Фердинандовци“ и тако даље.
Уште 20 дена до крај на преодниот рок, а абер неаме од оправање работа. Со пласман во топ три во ПЛ и четвртфинале во ЛШ, сезоната ќе ни е премија. Секако, под услов да останит овој тим, оваа атмосфера, оваа бедотија.
5 играчи, цела клупа - тројца одлични играчи и фантастични како замени и двајца квалитетни играчи и одлични замени. Бенајун се вклопува место еден од овие двајцава. Што со тројцата од „првата катеогорија“ и едниот од „втората“?
Не сум видел поаматерска трансфер политика од оваа на Челзи. Ај мислев до Кенион да не е, ама не е очигледно. Од сите страни Рамиреш е веќе прогласен за играч на Челзи, а бирократијата не е средена ни до половина изгледа. Исто ко со Робињо и Дани Алвеш. Кенион водеше преговори по скапи ресторани, каде и како ли ги води Гурлај, или Арнесен, кој и да е? :kesa:
Какута не смеј да оди на позајмица ако некој мисли дека бидува играчиште од него. Само ко шо рековме, уште година дена има договор.... Која корист од позајмицата ебаго, не е исто да играш за Худермудеркристал....незнамкој од некоја пониска англиска лига и да играш за Челзи. Тука е то шо зборував пред некое време, како шпанскиот систем е со таков сетап каков што најмногу им одговара на најголемите, пред се Реал и Барселона се разбира. А англискиот е горд и не дозволува заебанции - втор тим на Челзи во трета лига е навреда за Оксфорд фудбалскиот клуб. Тука „се јадат“ младите играчи од премиерлигашите. Истото и за Стуриџ и за Брума и за кој и да е трет, четврт.....
Барселона рековме, исто и Реал, две држави, болен безобразлук ама можат кога зад нив стојат држави. Каталонија не е баш држава, ама најмногу го полни шпанскиот буџет па нема појќе теорија „франко-тезата“ нивна, како се дискриминирани или како и да го наречам тоа. Било некогаш. Денеска сосема спротивно.
Јунајтед го има серлото со јајца ко лубеници да ги средува тие млади играчи ко шо треба. Анчелоти е само тренер, не можиме од него да бараме такво нешто, знајме шо добивме со него, не е вчерашен. На терен ќе се обиде да извади се од еден играч, ама ако некој се прај курназ вон терен и уште покурназ на терен, Анчелоти само ќе го отстрани од тимот - на клупа или во резервите.
Арнесен ко и обично, нешто работи по малку, шо е проблем, поарно ништо да не работи. Анчелоти рековме е тренер, готвач на омлет со јајца по избор имавме, и очигледно не ни треба таков, работата е само полоша.
На Абрамович одмана му е преку таквото од самопрогласени суперстари кои кога на теренот се само луѓе ко тие шо ги гледаат, а околу банките и со пенкалата в раце во клупските канцеларии се нешто вонземно. Како беше реченецита, не знам дали стварно им ја рекол по најболното нешто шо сум го гледал по долго време (бламажата од Интер), ама добро звучи: Дали сте добри играчи или добро платени играчи?
Пошто очигледно, не се и двете истовремено.
Тој сака ЛШ, и јас сакам, и ти сакаш. Но и него, и мене и тебе ни е скиснато од такви фрустрации кои влечаат корен од ЛШ. Но ќе почекаме, ова генерација играчи нема да го направи тоа, барем не предводена од Тери. Пошто, ај шо не се најквалитетна екипа, далеку и од тоа, туку и менталитетот кој настана од тие фрустрирачки заебанции е страшно погрешен, страшно контрапродуктивен, страшно деструктивен. Кога излегуваат на натпревар од ЛШ гледам грч и „морање“, а не елан и уживање. Кога то ќе се види како надополнување на недоволниот квалитет, јас не гледам како Тери ќе го фати за уши тој големиот металко. До крајот на својата кариера.
Се на се, не знам дали си ме прочитал и порано пишував. Не можи да се речи дека е црна работата. Но е многу маглива, погуста и од маглата за која Итар Пејо на мариовците им рекол дека е волна, па овие скокнале да ја земат. Тешка, густа магла, а јак ветар од никаде не се навестува.... :raz:
Рамиреш и Андре Луиз ...и нема што да се бара повеќе од трансфер пазарот.
Андре Луиз?
Не ми е јасно според која математика Кол е по скап од Бензема?
Доколку е точно, не ми е јасна стратегијата на управава, ќе се засили само средниот ред (до мера каде што ќе има и вишок играчи) а усвари очигледно е дека нешто не штима во одбраната, а и нападот е доста јалов
http://chelseafc.blog.mk/2010/08/10/murinjo-planira-da-mu-go-odzeme-lukaku-na-chelzi/#more-1682
http://chelseafc.blog.mk/2010/08/09/san-posledna-reprezentativna-shansa-za-teri/
За СП незнам, ама сигурен сум дека она фамозно финале во 2008 година направи целосен пресврт во неговата кариера, и неговата психичка состојба во однос на фудбалот.
Погоре пишав дека и покрај се ми е мило што барем младите ќе добијат шанса, ама после ова се прашувам
КОИ МЛАДИНЦИ?
Моментално, по секоја математика. Но за многу брзо работата ќе се сврти целосно.
Четворица од среден ред заминаа, каков црн вишок на играчи? Освен ако не го рачунаш и Матич, па и Корк. А не треба да ги рачунаш.
Лукаку е за иднина, а иднина, Мурињо и Реал се три никако поврзливи поими. Ако го сакаме, ќе го земиме, никој јак клуб нема да бара „нов Дрогба“ освен Челзи.
Јас мислам дека иднината на Тери не можи да се гледа од приателски дуел со Унгарија. Неговата репрезентативна кариера требаше веќе да биде запечатена.
Кои младинци? Зависи. Ако нема многу повредени, никој. Инаку влегуваат во комбинација Брума, Какута и Стуриџ. За секој друг ќе треба апла повредени да има.
Дај и ти не курчи многу. Не дека ги сакам многу Челзи, ако сакет и нека испаднет ич не ми е гајле, само претервите со песимизам. Ок можда нема да се први, но во секој случај ќе се пред Ливерпул,Сити,Тотенхем...
Ми олесни шо Челзи ќе бидел пред Ливерпул и Тотенхем.
Алооо, еј. Абе, каков е овој песимизам??? Од страна на навивачите на еден од најмоќните клубови на денешницата?? Челзи, Манчестер и Барселона секогаш ќе бидат најмоќни клубови. Овде се вклучуваат и Реал и по некоја италијанска екипа. Но тие три тима, Барса, вие и МанУтд се моментално на врвот на Европа.
Ван Гал: "El Barça es el mejor equipo de Europa. Sólo el Chelsea y el Manchester United están a su nivel." - 100% точно. Може сте во мала криза, ама сепак имате класа играчи.
Кој бре Ван Гал? Издуваното арогантно копиле кое некогаш го почитував, кој со Робен во тимот не можеше да изнајди начин да го отвори Интер?
Четири порази по ред не е криза, друго нешто е...
--- надополнето ---
Ја најдов оригиналната статија на Сан околу Тери, и има еден уште пооригинален коментар.
next year he be in the MLS
Можеби не следната година, ама за едно 3 години се надевам дека ќе оди таму.
--- надополнето ---
Foreign trained: 15/17 (16/17 under UEFA rules)
Petr Cech
Henrique Hilario
Jose Bosingwa
Branislav Ivanovic
Paulo Ferreira
Alex
Yuri Zhirkov
Michael Essien
John Obi Mikel
Florent Malouda
Nemanja Matic
Didier Drogba
Nicolas Anelka
Salomon Kalou
Yossi Benayoun
Franco diSanto @
Association trained: 5/8 ( 4/4 Association Trained, 2/4 Club Trained under UEFA rules)
Frank Lampard
Ashley Cole
Ross Turnbull
Daniel Sturridge @
John Terry *
Michael Mancienne *
@ denotes Under-21 player that is not eligible for UEFA List B
* denotes Club-trained
FAQ
Why is {insert youth player} not included in the squad list?
We can field an unlimited number of players who are Under-21 (borne 1 Jan 1989 or later) in the Premiership. If they have also spent at least 2 consecutive uninterrupted years at the club, then they will also qualify for UEFA List B, where there are unlimited slots too. Such players are not placed in the above list.
But we need to include them to make up the 8 homegrown players required!
No we do not. Read the homegrown rules carefully. 8 out of the 25 squad slots are reserved for homegrown players, but we are not required to fill them. We can submit a squad of less than 25 players with less than 8 homegrown players as long as we do not have more than 17 non-homegrown players.
Isn't Anelka homegrown?
Anelka joined Arsenal in Feb 1997 and left in July 1999. He did spend 3 seasons in Arsenal, but was signed for only 29 out of the required 36 months.
Isn't Mikel homegrown?
Mikel joined in June 2006 and turned 21 in April 2008 while still in his second season with us, therefore he doesn't qualify. If he were borne 3 months later or his transfer had gone through one season earlier as planned he would have turned 21 in his 3rd season and would be eligible to be listed as home-grown.
Ако треба превод или некое дообјаснување за некого, нека кажи. Јас мислам дека прилично е јасно каква е работата.