Синоќа сите натпревари беа одлични.
Најпрвин Чилич, буквално го шукна од земја на Мареј и му врати за поразот на Вимблдон. 3-0, сепак е премногу и за еден Мареј, кој до вчера беше бр.2 на АТП листата. Му честитам од се срце, и нека игра во тоа темпо и понатаму ..
Интересно беше и помеѓу Цонга и Гозналез. Французинот го доби првиот сет, а Фернандо беше целосно избезумен и изнервиран, но за негова среќа успеа да се врати во вториот, а во третиот, клучен сет, го доби тајбрејкот со што и си го визираше патот понатаму.
Надал и покрај загубениот тајбрејк во првиот сет, успеа да ги добие наредните 3 и да го елиминира Монфис, а исто така и Серена немаше некои поголеми шанси против Пенета кај жените.
За денеска бр.1 натпревар мислам дека ќе биде Џокович-Вердаско. Србинот до сега немаше, речиси никакви проблеми против досегашните противници, но шпанецот е тврд орев и со самото тоа што се наоѓа меѓу првите 10 е повеќе од репектабилен противник. Така да со право треба да очекуваме возбудлив натпревар. Ферџо не очекувам да има проблеми, против неговиот пациент Содерлинг, така да очекувам полу-финале помеѓу Новак и Роже .. :wink:
Исто така и посакувам среќа и на Оудин, против Возниачки .. Навивам за малава, нека шутне уште една фаворитка и приреди уште една сензација.
:pishtoldz