ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
А замисли како им е на оние што немаат никаков автобус во својот град,како алтернатива на автомобилот со кого мора да ги обават и најосновните потреби,зошто такси превозот е премногу скап,а паркингот веќе го плаќаат како што се планира тоа да го прават и оние кој сакаат да паркираат во Скопје.јас сум спремна да ја дадам таа жртва истиот момент кога ќе има цивилизирани автобуси (а воедно и цивилизирана популација во автобусите). ќе прифатам да се возам во автобус кога ќе купат нови автобуси (еве кај и да е се планира тоа), кога ќе ги чистат редовно и кога луѓето што се возат во автобус (не сите, одредени луѓе кои не чуле за култура) ќе престанат да плукаат на подот и да фрлаат ѓубре од разно потекло, а Богами и да се бањаат почесто од еднаш неделно :smir:
до тогаш ниту сакам да платам паркинг (условите за плаќање паркинг во уличка пред зграда ги наведов во претходен пост), ниту ќе се возам со автобусите кои ми ги нуди град Скопје.
Сето е ланци и рампи,на секој пристап до централното подрачје.Локалната самоуправа речиси си го присвои градот за сопствени потреби,да ја полни касата,ама како што гледам не заработуваат ни за оние партијски “пулени“ кој по цел ден дремат пред рампите или трчаат од возило до возило да им наплатат талони за паркинг.Секојдневно се соочуваме како порано кога имаше вежби на СВОЗ(сите во одбрана и заштита),млади пресно вработени кадровници со наметнати пртокалови елеци ве салетуваат од сите страни,креваат рампи,закачуваат синџири,чиниш се наоѓаш во поранешен Алкатраз или некој друг сличен Амерички затвор,по бојата на униформите што ги преферираат,се со цел само да ви наплатат за тоа што сте се осмелиле да дојдете со автомобил во центарот на градот,кој се претвори на овој начин во приватна сопственост на неколкумина “глаучи“.Ахммм. Не ни знаев дека во прилеп веќе постои, ама на небулозни новости нема крај во поново време...
Со добра организација се се решава. Мене ме иритира што упорно се игнорираат туѓите искуства и емпириското се заменува со личната сујета и потреба за неосновано докажување.
Викаш, Прилеп ве убиваат со паркинзи? ЦЦЦЦЦ Што се нема да слушнам...
Се сметаат,иако многумина од нив се сметаат и за вработени како даскали,инспектори,и други административци,на кој работата (барем официјалната) и не им е тешка толку многу,па можат “малку“ прекувремено да насадат неколку хектари тутун,пипер и други производи,зошто единствено тие имаат и пристап до државното земјиште за мали пари,до кое невработените немаат пристап,и мораат да им работат како аргати на оние кој дошле до речиси бесплатната државна земја.Тука се сметаат и тутуноберачите и производителите на пипер и други производи? Или тие се исто невработени?
А за метрополата, ја не сум бирал каде ќе се родам...јбг, макар што не се жалам што живеам во Скопје, немам причина :smir: