Нема бесплатен паркинг во општина Центар - ќе плаќаат сите

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
јас сум спремна да ја дадам таа жртва истиот момент кога ќе има цивилизирани автобуси (а воедно и цивилизирана популација во автобусите). ќе прифатам да се возам во автобус кога ќе купат нови автобуси (еве кај и да е се планира тоа), кога ќе ги чистат редовно и кога луѓето што се возат во автобус (не сите, одредени луѓе кои не чуле за култура) ќе престанат да плукаат на подот и да фрлаат ѓубре од разно потекло, а Богами и да се бањаат почесто од еднаш неделно :smir:
до тогаш ниту сакам да платам паркинг (условите за плаќање паркинг во уличка пред зграда ги наведов во претходен пост), ниту ќе се возам со автобусите кои ми ги нуди град Скопје.
А замисли како им е на оние што немаат никаков автобус во својот град,како алтернатива на автомобилот со кого мора да ги обават и најосновните потреби,зошто такси превозот е премногу скап,а паркингот веќе го плаќаат како што се планира тоа да го прават и оние кој сакаат да паркираат во Скопје.:toe:

Ахммм. Не ни знаев дека во прилеп веќе постои, ама на небулозни новости нема крај во поново време...
Со добра организација се се решава. Мене ме иритира што упорно се игнорираат туѓите искуства и емпириското се заменува со личната сујета и потреба за неосновано докажување. :toe:
Викаш, Прилеп ве убиваат со паркинзи? ЦЦЦЦЦ Што се нема да слушнам...
Сето е ланци и рампи,на секој пристап до централното подрачје.Локалната самоуправа речиси си го присвои градот за сопствени потреби,да ја полни касата,ама како што гледам не заработуваат ни за оние партијски “пулени“ кој по цел ден дремат пред рампите или трчаат од возило до возило да им наплатат талони за паркинг.Секојдневно се соочуваме како порано кога имаше вежби на СВОЗ(сите во одбрана и заштита),млади пресно вработени кадровници со наметнати пртокалови елеци ве салетуваат од сите страни,креваат рампи,закачуваат синџири,чиниш се наоѓаш во поранешен Алкатраз или некој друг сличен Амерички затвор,по бојата на униформите што ги преферираат,се со цел само да ви наплатат за тоа што сте се осмелиле да дојдете со автомобил во центарот на градот,кој се претвори на овој начин во приватна сопственост на неколкумина “глаучи“.:toe:

Тука се сметаат и тутуноберачите и производителите на пипер и други производи? Или тие се исто невработени?:toe:
А за метрополата, ја не сум бирал каде ќе се родам...јбг, макар што не се жалам што живеам во Скопје, немам причина :smir:
Се сметаат,иако многумина од нив се сметаат и за вработени како даскали,инспектори,и други административци,на кој работата (барем официјалната) и не им е тешка толку многу,па можат “малку“ прекувремено да насадат неколку хектари тутун,пипер и други производи,зошто единствено тие имаат и пристап до државното земјиште за мали пари,до кое невработените немаат пристап,и мораат да им работат како аргати на оние кој дошле до речиси бесплатната државна земја.:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Како што викаат Србите...нема и јаре и паре, секој што живее во голема метропаола мора да ги знае маните и предностите на тамошниот живот.
Многу сме мазна нација Бога ти?...кога ќе им спомнеш автобус, алергија им избива.
За јаре и паре у право си, мора ваљда некако да се определиме.
Туку за автобусите и алрегијата...и тоа е точно. А влезе човек во нашиве прљави, засмрдени, полни со пот од немиени мишки, немиени заби (и долни делови кхм..на телото) со чад од ауспусите кои случајно се дупнати и дуваат внатре, од ...дупки на подот кои треба да се избегнат...навистина фаќа алергија. Да сака човек да оди со одело или кошула на работа со автобус...крагната ќе му поцрни до искачање :toe:

Или накратко, налик на превозот насликан во филмот "Ко то тамо пева". Уште роштиљ фали.

Се сметаат,иако многумина од нив се сметаат и за вработени како даскали,инспектори,и други административци,на кој работата (барем официјалната) и не им е тешка толку многу,па можат “малку“ прекувремено да насадат неколку хектари тутун,пипер и други производи,зошто единствено тие имаат и пристап до државното земјиште за мали пари,до кое невработените немаат пристап,и мораат да им работат како аргати на оние кој дошле до речиси бесплатната државна земја.:toe:
За ова имав други сознанија, директно од студенти кои студираа овде, а беа од Прилеп и прилепско. Имаше секаков профил, не само административци, а со тие нивчиња истите (кои не беа администрација) не се пишуваа вработени, а од друга страна ги истудираа децата-моите колеги-во најскапите станови во Скопје-тогаш беа Капиштец...најверојатно се е релативно. Значи тие не се невработени, работат прават приход, а го зголемуваат бројот на невработени.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
За јаре и паре у право си, мора ваљда некако да се определиме.
Туку за автобусите и алрегијата...и тоа е точно. А влезе човек во нашиве прљави, засмрдени, полни со пот од немиени мишки, немиени заби (и долни делови кхм..на телото) со чад од ауспусите кои случајно се дупнати и дуваат внатре, од ...дупки на подот кои треба да се избегнат...навистина фаќа алергија. Да сака човек да оди со одело или кошула на работа со автобус...крагната ќе му поцрни до искачање :toe:

Или накратко, налик на превозот насликан во филмот "Ко то тамо пева". Уште роштиљ фали.
не алергија, колера и лепра се поднаоѓа во тоа автобусите. па барем еднаш годишно да ги поминуваа со средства за дезинфекција. додуша, во сегашната состојба, им треба и дезинсекција и дератизација. полоши се мислам само индиските автобуси, не заради состојбата на автобусите, него во нашиве нема кокошки и кози врзани одозгора (јас немам видено, можда по селава и тоа да прават).
иначе, абц, таксито по помалите градови е багатела во споредба со скопје. и како го претстави она со немањето автобуси, како којзнае каква трагедија да е. и кога веќе ми реплицираш, барем погоди таму кај што и јас целам. јас се бунев што ќе им наплаќаат на граѓаните на центар, не на посетителите на центарот :smir: а и како што гледам, твојот став се базира на она "зашто јас да плаќам, а другите да не плаќаат"?
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Во Белград например во центарот еден кубик вода е неколкупати поскап од периферијата, и тоа не само водата туку и струјата е неколкукратно зголемена. Па се знае кој живее у центар.

Замислете Белгардскава школа да се примени кај нас...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Сакаш во голем град или ќе платиш скап паркинг за да се дестимулира возењето на сопствени возила, а со тоа и стимулира јавниот превоз или ќе купиш точак (на Данците и на минус не им смета да го крстарат Копенхаген со точак, нашиве се јаки господа), друго нема, освен ако не ти е блиску и одиш пеш.
Каде го прочита ова за "големите" градови правилово?

Види мајката, да се ставеле рампи на сите бесплатни паркинзи - зашто Данците на -15 возеле.
А не знам дали себе се лажете, нас не лажете или пак очајно сакате да бидете контраши?

Како прво, оваа фарса е за некој да ќари, никаква инвестиција (освен рампите и малите куќички за наплаќање), а чист (читај: максимум) профит. Досега сум се паркирал позади ЈБТ за кајгана фудбал, ама сега треба да издвојам 80 денари за ако сакам да играм саат и пол.

Ова не е правено да се растерети сообраќајот, ова е правено за профит. И да, насекаде низ светот може се наплаќа, ама бар има катни гаражи, кои се бесплатни.

Затоа јас пак ќе прашам за сите што се за идејава: сами се лажете, нас не лажете или чисто во природа ви е да одите на некого контра?

Ја 20 години живеам во Скопје, а сега Сашо или Екс-машина на форум ќе ме учат како било да се живее во голем град...

Во Белград например во центарот еден кубик вода е неколкупати поскап од периферијата, и тоа не само водата туку и струјата е неколкукратно зголемена. Па се знае кој живее у центар.

Замислете Белгардскава школа да се примени кај нас...
Абе премногу Википедија знае да биде и штетно... : )

И што ако е поскапа таму, демек чим во Белград е така, тоа е правилно?
Примериве ти се...крш.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
За јаре и паре у право си, мора ваљда некако да се определиме.
Туку за автобусите и алрегијата...и тоа е точно. А влезе човек во нашиве прљави, засмрдени, полни со пот од немиени мишки, немиени заби (и долни делови кхм..на телото) со чад од ауспусите кои случајно се дупнати и дуваат внатре, од ...дупки на подот кои треба да се избегнат...навистина фаќа алергија. Да сака човек да оди со одело или кошула на работа со автобус...крагната ќе му поцрни до искачање :toe:

Или накратко, налик на превозот насликан во филмот "Ко то тамо пева". Уште роштиљ фали.


За ова имав други сознанија, директно од студенти кои студираа овде, а беа од Прилеп и прилепско. Имаше секаков профил, не само административци, а со тие нивчиња истите (кои не беа администрација) не се пишуваа вработени, а од друга страна ги истудираа децата-моите колеги-во најскапите станови во Скопје-тогаш беа Капиштец...најверојатно се е релативно. Значи тие не се невработени, работат прават приход, а го зголемуваат бројот на невработени.
Па ретко кој се офајдил од два-три декари тутун,оние пак кој садат по неколку хектари,претежно се вработени на “дебилни“ работни места каде по неколку часа се појавуваат и исчезнуваат,како никогаш да не биле таму.Впрочем јас не знам за човек кој како невработен успеал да добие државно нивче од 5 хектари,погодно за тутун,за всушност да заработи некоја пара со која може мизерно да “истудира“ макар и еден студент.Тоа е чиста лага и дезинформација,при цена на тутунот во Македонија од 2-3 евра,моментално,иако порано беше и по 1 евро за кога се однесува твојот пост,никој не може да плати ни партиципација за студент,а па камо ли да му обезбеди поскап стан со тие пари.
Што се однесува до таквата “вработеност“ на која алудираш за Прилепчани,дојди и малку “напрчи се“ на 45 степени за да видиш колку “лесно“ се вадат пари од тутун,за да школуваш деца и да плаќаш паркинг.:smir:
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Каде го прочита ова за "големите" градови правилово?

Абе премногу Википедија знае да биде и штетно... : )

И што ако е поскапа таму, демек чим во Белград е така, тоа е правилно?
Примериве ти се...крш.
Ова е бато ,,правило,, у секој нормален поголем град. А тоа што селендрата Скопје е проектирана за 250.000, а у неа се набутаа 600.000 тоа е уште поголем проблем на граница со нерешливост. Па кога ќе ја биде таа држава у која пола население живее у главниот град?...Никад!

Примерот за Белград е само пример за слично уредените главни градови. А ако Белград го гледаш само преку Википедија...навистина ми е жал.
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Значи, колку глуп народ постои... никогаш нема да престанам да се чудам... :kesa:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Па ретко кој се офајдил од два-три декари тутун,оние пак кој садат по неколку хектари,претежно се вработени на “дебилни“ работни места каде по неколку часа се појавуваат и исчезнуваат,како никогаш да не биле таму.Впрочем јас не знам за човек кој како невработен успеал да добие државно нивче од 5 хектари,погодно за тутун,за всушност да заработи некоја пара со која може мизерно да “истудира“ макар и еден студент.Тоа е чиста лага и дезинформација,при цена на тутунот во Македонија од 2-3 евра,моментално,иако порано беше и по 1 евро за кога се однесува твојот пост,никој не може да плати ни партиципација за студент,а па камо ли да му обезбеди поскап стан со тие пари.
Што се однесува до таквата “вработеност“ на која алудираш за Прилепчани,дојди и малку “напрчи се“ на 45 степени за да видиш колку “лесно“ се вадат пари од тутун,за да школуваш деца и да плаќаш паркинг.:smir:
Не викам дека е лесно, а ниту е лесно во рудник или на 20 катна градба среде лето...но зборот невработени, а од друга страна имаа приходи...не иде. И знам како е на 45 и на 65 степени...нема тоа везе со бројката на вработеност.

Да бев од друг град со лекарската плата од мојот родител немаше шанси да мрднам на студии во Скопје. Или и тој ќе земеше декарче со кое ќе ме школуваше овде.
А ова вработеност-невработеност важи за цело земјоделство, а и за други дејности, не само за Прилеп.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ова е бато ,,правило,, у секој нормален поголем град. А тоа што селендрата Скопје е проектирана за 250.000, а у неа се набутаа 600.000 тоа е уште поголем проблем на граница со нерешливост. Па кога ќе ја биде таа држава у која пола население живее у главниот град?...Никад!

Примерот за Белград е само пример за слично уредените главни градови. А ако Белград го гледаш само преку Википедија...навистина ми е жал.
И со Грците е исто бе,пола Грци живеат во Атина,ама и плаќаат дебело за паркинг.Владава најверојатно го зема Грчкиот модел за платен паркинг во метрополата,жалосно е тоа што истиот модел го применува и за мизерно-сиромашните градчиња низ Македонија.Уствари таму веќе го применува,како во Прилеп на пример,за Скопје останува дискутабилно и не верувам дека на “крлежите“ административни некој ќе има таква храброст да им закачи ваква давачка,всушност се ќе се сведе само на “блед обид“ и залудно потрошено време и препукување по медиуми,како и многупати досега.:toe:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Не викам дека е лесно, а ниту е лесно во рудник или на 20 катна градба среде лето...но зборот невработени, а од друга страна имаа приходи...не иде. И знам како е на 45 и на 65 степени...нема тоа везе со бројката на вработеност.
Да бев од друг град со лекарската плата од мојот родител немаше шанси да мрднам на студии во Скопје. Или и тој ќе земеше декарче со кое ќе ме школуваше овде.
А ова вработеност-невработеност важи за цело земјоделство, а и за други дејности, не само за Прилеп.
Пак ќе ти повторам дека “тутунарите“ се претежно вработени луѓе кој успеваат и да се доберат до некоја парцела од каде можат да извадат малку посериозни средства за да си го засилат личниот семеен буџет.Сето друго се само ситни производители кој едвај преживуваат со неколку декари изнајмени или сопствени парцели за тутун и со 1000-2000 евра пари што не знаат ни која дупка да ја потполнат,од кој половина им се трошок за да го произведат истиот тој тутун,а па ако им го зафати град како пред некој ден,тогаш се во чиста загуба.А 27 000 невработени во Прилеп се чист статистички податок,кој не може толку едноставно да се занемари.

шо збориш ко божем не знаеш дека новиот закон забранува секс во природа, и тоа со глоба од 1500 евра...
Имаш тука и олеснителни околности бе,знаеш и самиот дека владата се труди на мала врата да потпикне кампања за многудетно семејство,па верувам дека и партизираното судство ќе ти прогледа малку низ прсти,кога се однесува за вакви ригорозни казни,кој и не би се случиле доколку поштено си платиш паркинг во центарот на Скопје.:pos2:
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Ај немојте да се жалите, кога живеев во Прага плаќав 2€ за 1 час паркирање во централното градско подрачје, светлостите на велеградот чинат повеќе од колку темните сокаци на провинцијата! :smir:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ај немојте да се жалите, кога живеев во Прага плаќав 2€ за 1 час паркирање во централното градско подрачје, светлостите на велеградот чинат повеќе од колку темните сокаци на провинцијата! :smir:
Jас пак кога живеев во Барселона на Рамбла(во центарот),не плаќав воопшто за паркинг,оти немав возило.:pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom