До кога на Фејсбук?

  • Креатор на темата Креатор на темата Брокер
  • Време на започнување Време на започнување
Причината поради која го направив фејсбук пред 2 години беше да останам во контакт со некој пријатели, ама до кај стигна денес кој ќе стигни ми праќа пријателство. колку што знам основната причина за некој да ми пушта пријателство е да биди во контакт со мене и да се договараме за нешто едноставно да комуницираме а сигурно на никој не му е тоа основната цел основната цел му е да ти ги гледа сликите кој ги имаш ставено и да гледа како се храниш или дали редовно одиш на кафе или дали си бил на одмор и со кој си бил. а има и друга причина скоро сите сакат да имаат повеќе пријатели кој во основа не му се ни пријатели. Дали уште некој го живее филмот "Многу сум популарен па сите ми се пријатели". Дали некој размислил за тоа што добива ако има 1000 пријатели дали ќе може полесно да се социјализира, не верувам едноставно неговото его ќе биде исполнето и ќе се чуствува како популарен. Ова е само една од причините поради кој фејсбук ни прави лажна слика на самите себеси за овие замислени пријатели може да се пишува многу повеќе само не сакам да навлегувам толку во темата сепак ке оставам на вас да видиме дали има некој исто размислување како мене или сепак поинтересни се ретардираните квизови "Со кој познат актер ќе се мажиш"

Се што кажа се е точно..Јас искрено веке не примам пријателства од непознати луге...И фејсбукот во последно време го користам само за покер...
 
Јас на фејсбук имам малку пријатели, но со сите нив лично се познавам и одржувам контакт. Доколку ме покани некој (од чиста љубопитност) а не го познавам, воопшто не го прифаќам.

Инаку ми е мило што преку Фејсбук пронајдов многу мои роднини што живеат во странство и кои или воопшто ги немам видено, или не сум ги видела со години:pipi:
 
Мене стварно не сте ми јасни. Ако не ви се свиѓа не идите на фејсбук, никој со сила не ве тера. Не е дека јас го бранам нешто посебно фејсбук (ете тоа се погодило да е во моментов најактуелно, ако не е fb ќе беше нешто друго) но, не ми е јасно зашто идете на фб ако ве нервира? Мене на пример ме нервираше hi5 и едноставно нити направив профил нити пак ја отворав таа страница иако сите околу мене живееја во тој фазон. Значи едноставно е многу. Зашто си се нервираш самиот себеси кога можеш да не го правиш тоа?

И не знам зашто толку комплицирате кога се е исто. Фејсбук е некоја си комбинација од неколку виртуелни стварчиња. И на мсн ни се вртат секакви топици од типот "заминав на кафе" или "си го сакам срценцето најмногу на свет", но нив никој не ги коментира... На крај краева па и затоа пишуваме- за да бидеме прочитани. Значи се е исто, виртуелно си е виртуелно, колку предности толку мани и крај.
 
Не се возбудувај.... :)
Играш покер на fb ?
btw да ми пратиш некој чип :pos2:
 
Мрзеливоста ме спасува од креирање на профил на ФБ :). Него сега сум решен да правам најмногу ради групата на Син, ИнтерФансМк, што викате а?
 
е па ако почнам да бришам се што ми смета сигурно ќе останат уште малку работи и ако никој не ме тера да гледам колку пријатели има некој ако никој не ме тера да садам компири ако никој не ме тера да ги гледам на некој глупите слики од кучето или од досадниот викенд во охрид зошто да имам профил на фејсбук?
Токму тоа кажи ми ти на мене. Зошто едноставно не го избришеш твојот фејсбук ако ти смета?
Некој можеби сака сите да го прочитаат и искоментираат.
Јас на пример, имам тргнато сè што не ми треба, и не ми остануваат малку работи. Ми остануваат пријателите и роднините, поради што и го имам фејсбукот.
Убаво кажа Crazy in Love поназад. Некој договара многу битни работи на фејсбук. На пример: известување за преместен термин за полагање испит, групна покана за некоја манифестација, организации на секаков вид на собири.
Тоа што апликациите се најзастапени не значи дека тоа е главната поента на фејсбук.
 
Проблемот мислам дека е тоа што старосната граница на зачленети се намали. Ако порано повеќето биле членови со +15 години сега се намножија дечишта на кои им е интересно да решаваат дебилни квизови, а богами и да ги создаваат.
Сега секој што чул за фејсбук направи профил. Дури и да ја нема онаа виртуелна култура, дури и да нема поима од интернет и современава технологија слушнал дека модерно е да се има профил на фејсбук и го направил макар што не може ни да се снајде таму.

Сепак глупави ми се некако овие анти-фејсбук муабети. Ако некој решил да си го избрише профилот нека го стори тоа, не мора да разгласува насекаде, да крева бунт и да ги убедува сите да го сторат истото. Вака само наликува на истите оние што на секои 5 минути си го менуваат статусот за да не известат дека јадат, спијат, гледаат ТВ и слично. И во реалниот живот постојат мал милион нешта што нè нервираат па не ги сфаќаме толку трагично, едноставно игнорираме. На крајот на краиштата изборот е наш кого ќе прифатиме за пријател, кои апликации сакаме да ги гледаме, ако нешто нè нервира постои опција hide и готово. Кога излезе Пандорината кутија милион статуси имаше кои објаснуваа дека мизерна им е кутијава, дека глупаво е да се објавува сè што излегува од неа па станаа подосадни од самите тие што ја отвораа. Само стегнете hide и не мора да давате образложенија за тоа.

Имав статус „живееме живот или живееме интернет?“, затоа што се почувствував дури презаситено од сите овие виртуелни нешта, исто така имав статус „дали нешто стварно ви се допаѓа или стегате like без врска“? поради тоа што видов like на трагични нешта, на доста сериозни нешта.

Сепак, тука најдов луѓе со кои одамна немав сврзано две реченици муабет, ја одржав комуникацијата, дознав многу информации на брз и едноставен начин. И на форумот постојат ситници што ме нервираат, па сепак постојано го посетувам затоа што позитивните страни се далеку побројни.
 
Имав статус „живееме живот или живееме интернет?“, затоа што се почувствував дури презаситено од сите овие виртуелни нешта, исто така имав статус „дали нешто стварно ви се допаѓа или стегате like без врска“? поради тоа што видов like на трагични нешта, на доста сериозни нешта.

Е па од тоа се почнува вака ако продолжи нашите деца сигурно од 6 години ќе имаат прифил на некоја ваква страна само проблемот е со сите кој што викаат ако ти смета избриши го, не е до нас на оние кој ни смета. Работата е слична како да гледаш пред тебе соседот да купил 30 овци во центарот на градот и да ти вика ако ти сметат не ги гледај и не ги слушај . нормално дека ќе се иритираш колку и да не сакаш да ги гледаш едноставно те бодат воочи и ти сметаат токму и ова е така ме боди воочи и ме интересира дали може да се смени нешто во овој сајбер простор. ама со вакви размислувања НЕ.
 
Епа еве можеби како поединци истомисленици ќе успееме да промениме нешто во сајбер светот? Не. Тоа нема да се промени затоа што самата идеја на ваквите профили е таа. Постојат луѓе што сакаат да бидат прочитани и да почувствуваат внимание врз себе, од друга страна постојат и љубопитни фацки што би ѕирнале секаде. Така и двете страни се задоволени.

Незадоволни сме ние што ги сметаме за малограѓански овие нешта (и јас се вклучувам тука). Сепак разликата е што јас не го користам профилот за таква намена туку сум нашла нешто корисно и интересно па додека самата не решам дека треба да го избришам профилот никој друг не може да ме убеди во тоа.
Ако јас и ти го бојкотираме фејсбук и убедиме уште неколкумина дека треба да го сторат тоа, тој нема да пропадне верувај. И ништо нема да смениме.
Земјата пак ќе се врти.
 
До кога .. додека некој не им ги сјебе серверите
 
Јас ќе го избришам и сигурен сум дека полесно ќе се чуствувам ќе се чуствувам како да сум придонесол нешто во светот знам дека не е ништо што фејсбук ке има еден помалку ама барем за времето дури седев на фејсбук сега ќе земам ќе читам книга и сигурно многу повеќе ќе научам и поубаво ќе се чуствувам и нема да бидам дел од глупите квизови коментари и статуси ќе бидам поштеден барем за кратко
 
Се осеќа во воздух љољ

Само не ми е јасно, се регистрираш на кајгана и цело време се трудиш да убедиш членови да ги избришат своите профили :toe: Цело време збориш лошо за него не ми е јасно , те пратија од некаде ???????

П.С :kafe:
30hm2dw.jpg
:bip:
 
Како прво имам акаунт од пред 3 години само го избришав и овој го користам веќе 2 месеци а темата ја отворив пред 4 дена така да не се регистрирав заради то. второ јас никој не терам да го избриши само сакам да кажам дека за ништо паметно не служи и би требало сите да ги избришиме и пуштен сум од луѓе кој го свајќат животот за разлика од тебе позз
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom