С 
		
				
			
		Спенсер
Гостин
до кога фејсбуК/???
-дур имам чипови на покер,...
				
			-дур имам чипови на покер,...

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

Причината поради која го направив фејсбук пред 2 години беше да останам во контакт со некој пријатели, ама до кај стигна денес кој ќе стигни ми праќа пријателство. колку што знам основната причина за некој да ми пушта пријателство е да биди во контакт со мене и да се договараме за нешто едноставно да комуницираме а сигурно на никој не му е тоа основната цел основната цел му е да ти ги гледа сликите кој ги имаш ставено и да гледа како се храниш или дали редовно одиш на кафе или дали си бил на одмор и со кој си бил. а има и друга причина скоро сите сакат да имаат повеќе пријатели кој во основа не му се ни пријатели. Дали уште некој го живее филмот "Многу сум популарен па сите ми се пријатели". Дали некој размислил за тоа што добива ако има 1000 пријатели дали ќе може полесно да се социјализира, не верувам едноставно неговото его ќе биде исполнето и ќе се чуствува како популарен. Ова е само една од причините поради кој фејсбук ни прави лажна слика на самите себеси за овие замислени пријатели може да се пишува многу повеќе само не сакам да навлегувам толку во темата сепак ке оставам на вас да видиме дали има некој исто размислување како мене или сепак поинтересни се ретардираните квизови "Со кој познат актер ќе се мажиш"

Не се возбудувај....Мене стварно не сте ми јасни. Ако не ви се свиѓа не идите на фејсбук, никој со сила не ве тера. Не е дека јас го бранам нешто посебно фејсбук (ете тоа се погодило да е во моментов најактуелно, ако не е fb ќе беше нешто друго) но, не ми е јасно зашто идете на фб ако ве нервира? Мене на пример ме нервираше hi5 и едноставно нити направив профил нити пак ја отворав таа страница иако сите околу мене живееја во тој фазон. Значи едноставно е многу. Зашто си се нервираш самиот себеси кога можеш да не го правиш тоа?
И не знам зашто толку комплицирате кога се е исто. Фејсбук е некоја си комбинација од неколку виртуелни стварчиња. И на мсн ни се вртат секакви топици од типот "заминав на кафе" или "си го сакам срценцето најмногу на свет", но нив никој не ги коментира... На крај краева па и затоа пишуваме- за да бидеме прочитани. Значи се е исто, виртуелно си е виртуелно, колку предности толку мани и крај.

. Него сега сум решен да правам најмногу ради групата на Син, ИнтерФансМк, што викате а?Токму тоа кажи ми ти на мене. Зошто едноставно не го избришеш твојот фејсбук ако ти смета?е па ако почнам да бришам се што ми смета сигурно ќе останат уште малку работи и ако никој не ме тера да гледам колку пријатели има некој ако никој не ме тера да садам компири ако никој не ме тера да ги гледам на некој глупите слики од кучето или од досадниот викенд во охрид зошто да имам профил на фејсбук?
Имав статус „живееме живот или живееме интернет?“, затоа што се почувствував дури презаситено од сите овие виртуелни нешта, исто така имав статус „дали нешто стварно ви се допаѓа или стегате like без врска“? поради тоа што видов like на трагични нешта, на доста сериозни нешта.
Епа еве можеби како поединци истомисленици ќе успееме да промениме нешто во сајбер светот? Не. Тоа нема да се промени затоа што самата идеја на ваквите профили е таа. Постојат луѓе што сакаат да бидат прочитани и да почувствуваат внимание врз себе, од друга страна постојат и љубопитни фацки што би ѕирнале секаде. Така и двете страни се задоволени.
Незадоволни сме ние што ги сметаме за малограѓански овие нешта (и јас се вклучувам тука). Сепак разликата е што јас не го користам профилот за таква намена туку сум нашла нешто корисно и интересно па додека самата не решам дека треба да го избришам профилот никој друг не може да ме убеди во тоа.
Ако јас и ти го бојкотираме фејсбук и убедиме уште неколкумина дека треба да го сторат тоа, тој нема да пропадне верувај. И ништо нема да смениме.

Се осеќа во воздух љољЈас ќе го избришам и сигурен сум дека полесно ќе се чуствувам ќе се чуствувам како да сум придонесол нешто во светот знам дека не е ништо што фејсбук ке има еден помалку ама барем за времето дури седев на фејсбук сега ќе земам ќе читам книга и сигурно многу повеќе ќе научам и поубаво ќе се чуствувам и нема да бидам дел од глупите квизови коментари и статуси ќе бидам поштеден барем за кратко
 Цело време збориш лошо за него не ми е јасно , те пратија од некаде ???????
 
		
		
	
	
	Се осеќа во воздух љољ
Само не ми е јасно, се регистрираш на кајгана и цело време се трудиш да убедиш членови да ги избришат своите профилиЦело време збориш лошо за него не ми е јасно , те пратија од некаде ???????
П.С
:bip:![]()