Во
студентски град, студентите не се утепуваат додека да стигнат до факултет... нити до библиотека, нити до амбуланта или дискотека... Во сржта на концептот на студентскиот град е сите тие работи да бидат непосредно поврзани и лесно достапни.
Кога ќе се спомне студентски град, погрешно е да се замислува комплекс од студентски домови, или комплекс од факултети. Секој еден среден (по големина и население) македонски град може да биде замислен како студентски - тоа е град во кој доминира студентско и наставничко население, а кој функционира како секој нормален град, со сите потребни инфраструктурни елементи, од општински центар до полиција... ако сте ја гледале серијата „Еурека“, замислете си - само наместо население од генијалци, да има население од просечни студенти
Генерално, ова е концепт кој го поддржувам, и на кој би ми било чест да работам, доколку некогаш би се оствариле услови за таков проект во Македонија. Според мене, овој град не би требало да биде во близина на Скопје - напротив, главниот град и неговата околина би требало да бидат растеретени од оваа градска функција, со оглед на многубројните други кои треба да ги обавува.
Големите архитектонски имиња, почнувајки од Корбизје, имаат разработено доста идеи за вакви населби - некои делумно реализирани, некои останати само како идеја. Се надевам дека ќе прокопам некој пример, за да го поставам тука.