Студентски град во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Supreme06
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Возраст
35
Што мислите?
Дали во Скопје, Македонија има потреба од студентски град, по урнекот на големите метрополи?

Еве во Софија и Белград најблиску до нас, има. Сите студенти се концентрирани во еден дел, студентски домови, чуда, ствари.
 
Како прво нема потреба да е во Скопје. Пред се зашто Скопје е пренатрупано, не ни верувам дека на оние кои го прават урабнистичкиот план на Скопје им текнало за студентски град.
А дека треба да има ваков град нема сомнение.
Но тоа треба да е на поголема површина, не да го направат колку за да направат (затоа не верувам во Скопје да има доволно простор, дури ни во периферијата).
Може да го направат во друг град.
Али тоа е огромна инвестиција. Факултети, предавални, библиотеки, студентки домови, кафичи, ресторани, спортски сали, продавници ...
Тешко ова да го видиме во следните неколку години, па и децении :icon_lol:
 
Добро, не мислев во Центар да го праат.хаха
На периферија нормално.
 
Во Скопје, а и никаде во земјава, не е направен студентски град за студентите да не се концентрирани на едно место, на кое многу побргу би можеле да се мобилизираат и организираат, да реагираат во масовен број, за што и да треба.

Политички причини, не „случајни“.
 
Веке како што во секој град се отвараат факултети не е ни потребно студенстки град во Скопје.....:toe:
 
Само факултети не се овие новоотворениве.Ама ај...Дека треба студентски град треба, ама да не е во Скопје или на периферијата од Скопје зошто ќе има преголема централизација.Ама сепак ова не го очекувам во наредниве 30-40 години минимум.
 
Е ова нема врска со централизирање. Нормално дека треба студентски град и тоа на убава локација а не уџум па да се убиваат од патување до факултет.
Ако веќе се прави студентски град регуларно е да биде во Скопје но не поради некои локал-патриотски причини туку поради потреба да се биде блиску до големите библиотеки, институти и институции...
Потоа би се преминало на формирање на регионални центри (ама не до секоја бела куќа како што е бројот на факултетите).
 
Ај жити се кажи место во Скопје каде ќе може да се изгради еден студентски град?
Ама значи збориме за неколку факултети, студентски домови, кафетерии, ресторани, библиотека, спортска сала ...
Кај има во Скопје простор за тоа?
Нема ни во периферијата место. Освен надвор од Скопје дали накај Тетово или накај Велес. Али тоа е сепак вон Скопје.
Студентски град е значи град кој што ќе биде на голема површина, значи зборам за километри.
Ако мислите на комплекс факултети тогаш тоа го имаме, ама немаме цел студентски град, кај што ќе живеат студентите и ќе ги имаат сите услови за живеење.
А нашево Скопје е пренатрупано за да може да има студентски град, реално размислете.
Али џабе размислуваме зашто оваа идеја јас не верувам да се оствари во блиска, па и подалечна иднина.
 
Е ова нема врска со централизирање. Нормално дека треба студентски град и тоа на убава локација а не уџум па да се убиваат од патување до факултет.
Ако веќе се прави студентски град регуларно е да биде во Скопје но не поради некои локал-патриотски причини туку поради потреба да се биде блиску до големите библиотеки, институти и институции...
Потоа би се преминало на формирање на регионални центри (ама не до секоја бела куќа како што е бројот на факултетите).

Во студентски град, студентите не се утепуваат додека да стигнат до факултет... нити до библиотека, нити до амбуланта или дискотека... Во сржта на концептот на студентскиот град е сите тие работи да бидат непосредно поврзани и лесно достапни.

Кога ќе се спомне студентски град, погрешно е да се замислува комплекс од студентски домови, или комплекс од факултети. Секој еден среден (по големина и население) македонски град може да биде замислен како студентски - тоа е град во кој доминира студентско и наставничко население, а кој функционира како секој нормален град, со сите потребни инфраструктурни елементи, од општински центар до полиција... ако сте ја гледале серијата „Еурека“, замислете си - само наместо население од генијалци, да има население од просечни студенти :)

Генерално, ова е концепт кој го поддржувам, и на кој би ми било чест да работам, доколку некогаш би се оствариле услови за таков проект во Македонија. Според мене, овој град не би требало да биде во близина на Скопје - напротив, главниот град и неговата околина би требало да бидат растеретени од оваа градска функција, со оглед на многубројните други кои треба да ги обавува.

Големите архитектонски имиња, почнувајки од Корбизје, имаат разработено доста идеи за вакви населби - некои делумно реализирани, некои останати само како идеја. Се надевам дека ќе прокопам некој пример, за да го поставам тука.
 
Морам да признаат дека не ја разбрав до крај замислата. Доколку концептот е ваков зборуваме за нешто сосема поинакво. Јас мислев повеќе на голем студентски центар; затоа изгледа различно.
Мини град-студентски е според мене тотално нереално за наши услови. Секој ваков масивен проект кај нас не поминува.
Можеби поради тоа мислата автоматски ми отиде на „центар“. :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom