Покрената е истрага за iPhone

[27-08-2009 | 23:12 часот]
Во Франција вчера беа пријавени 6 нови експлозии на iPhone, поради што започна и официјална истрага за да се разјаснат..
... ризиците кои ги носи овој популарен мобилен телефон.
Еден 80 годишен пензионер од Париз изјави дека неговиот iPhonе пукнал додека го држел во рацете, додека ден потоа еден работник во супер маркет на истиот начин се здобил со мала повреда на окото.
Компанијата "Apple" беше обвинета дека сакала да "заташка" 15 несреќни случаи односно експлозии на нивните уреди во САД, и
еден во Британија.
Се претпоставува дека сите несреќи се резултат на прегрејување на литиум-јонската батерија.
Ниеден од досега пријавените инцитенти не резултирал со сериозни повреди, но "Apple" сега е приморан да гарантира пред Европската Унија дека нивните уреди се безбедни за употреба, и дека се работи само за изолирани инциденти.
Американскиот информатички гигант кој досега има продадено 26 милиони парчиња iPhone и 200 милиони iPod, соопшти дека е во тек со случувањата во Франција, но дека нема да даваат изјави додека не направат детален преглед на оштетените апарати.