Поделба на Македонија, па создавање на “природна Албанија“

Статус
Затворена за нови мислења.
B

Borg_Drone

Гостин
:)

Колку интересна работа е тоа историјата, а кој не си ја знае осуден е да ја повторува.Едните се пукаат во гради за Американците, а другите се пукаат во гради за Русите, и додека едниве и другиве се пукаат во гради за овие нивни "бранители", тие заедно седат на една иста маса и наздравуваат со по една руска водка, или виски, и си ги кројат плановите и си ги тераат нивните интереси.
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
:)

Колку интересна работа е тоа историјата, а кој не си ја знае осуден е да ја повторува.Едните се пукаат во гради за Американците, а другите се пукаат во гради за Русите, и додека едниве и другиве се пукаат во гради за овие нивни "бранители", тие заедно седат на една иста маса и наздравуваат со по една руска водка, или виски, и си ги кројат плановите и си ги тераат нивните интереси.
Гледам често го повторувате ова. Интересна мисла но сепак тоа важи само во случај доколку одлуката е само наша и зависи само од нас самите.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Со вакви шупаци од т.н политичари кои ги има РМ во последниве 20 години не ме чуди и во Шутка да изникне природна република Конго :toe:
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
166
Поени од реакции
18
Не бе ти немаш добри намери, со ваков nick name, со Путин(Русин) кој и Србите ги остај на цедило, со Русија која нема ни една третина моќ колку Америка, со вакви предвидувања:

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1793&ArticleID=120227

Немој не ме радуј.:nenene:
Добро ние сите сме ретардирани па не сваќаме што навистина се случува во Макеоднија,се случуваат интензивни подготовки на таканаречената овк ние може да си се правиме на тошо се додека не почнат со заседи,убиства,протеруванја,палење куќи итн (бидејќи тоа го знаат најмногу "ослободувачите на албанските територии"посебно кога ја имаат дозволата од меѓународниот фактор то ест УСА).Тогаш демек изненадени ќе бидат властите како што јавните комунални претпријатија се изненадуваат кога ќе завее снег во декември а тие уште не подготвени па ајде набавки на песок,сол и потребна машинерија .Немојте тоа не смее да ни се деси веќе никогаш треба да се следи секој чекор на непријателот да се откријат неговите намери пред да биде доцна,најверојатно повторно ќе биде доцна бидејќи ние не знаеме да извлечеме поука од историските грешки затоа најверојатно и ќе ги повториме

Со вакви шупаци од т.н политичари кои ги има РМ во последниве 20 години не ме чуди и во Шутка да изникне природна република Конго :toe:
Ова не ти требаше па политичариве да не беа кога ќе станевме самостојна држава во која народот е на работ на егзистенцијата а господата од врвот уживаат поверње од народот дека ќе оди на подобро ако не овој живот во наредниот обеќаат мед и млеко :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:штом има ЌЕ значи ЛАЖАТ.За шутка не знам ама за Крушево сигурно ќе стане пак држава овојпат со 2 конститутивни народи Власи и Роми ќе им даде уса една држава да си ја делат да не се лутат оти само они немаат држави :pos2::pos2::pos2:
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Добро ние сите
Немој така да размислуваш. Албанците се интегрален дел од државата.
Заедно си ја кроиме иднината.
Ако на Албанците им е убаво во Македонија и ако се идентификуваат со неа, ќе имаме заедничка иднина.
Постовите твои се сосема непотребни и контра секаква заложба за созживот.
Албанците ви Македонија МОРА да почуствуваат и формално и декларативно дека Македонија е нивна земја.
Која е твојата солуција на „албанскиот проблем“? Ќе ги избркаш пеер, ќе им се сипеш, да ги нема?
Такви чкарт ставови оддамна не минуваат.
Македонија е заедница на различни народи од кои најпроминентни се Македонците и Албанците.
Тоа треба да се почитува и да се работи врз взаемна интеграција и разбирање.
Твоите шумадиски од некој во хаг ставови не се добредојдени.
 
Гледам последните денови Бугарите се фалат дека ги имало во голем број во македонија за Ромите и Власите да не зборам ајде за соживот да ја прекрстиме државата во Црвен Крст на Македонија со 5 Конститутивни народи треба да се има толеранција и почитување кон сите заедници не само кон терористичките:toe:
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Немој така да размислуваш. Албанците се интегрален дел од државата.
Заедно си ја кроиме иднината.
Ако на Албанците им е убаво во Македонија и ако се идентификуваат со неа, ќе имаме заедничка иднина.
Постовите твои се сосема непотребни и контра секаква заложба за созживот.
Албанците ви Македонија МОРА да почуствуваат и формално и декларативно дека Македонија е нивна земја.
Која е твојата солуција на „албанскиот проблем“? Ќе ги избркаш пеер, ќе им се сипеш, да ги нема?
Такви чкарт ставови оддамна не минуваат.
Македонија е заедница на различни народи од кои најпроминентни се Македонците и Албанците.
Тоа треба да се почитува и да се работи врз взаемна интеграција и разбирање.
Твоите шумадиски од некој во хаг ставови не се добредојдени.
Никола секоја чест за останатите твои постови со кои се согласувам 90% ама за ова не си во право никако. Не е и неможе никогаш Македонија да биде земја на Албанците, си имаат тие две држави кај што можат да си бидат Албанци колку што сакаат ама оваа земја е единствена земја на Македонците и мора така да остане. Викаш дали ќе го решиш албанскиот проблем со бркање... па како го решија тие ако не на истиот начин во одредени Македонски села и градови... направија етничко чистење на Македонците. Така да ако сакаат да ни ја делат Македонија "бркање" ќе да е. Прочитав дека имаш негде пријатели Албанци и дека ги почитуваш и тоа е ок, ама ние не напаѓаме никој не испровоцирании и ако решат да си играат со тоа што ни е свето е тогаш... Исто тој огромен број на Албанци од 500 000 сите знаеме како е постигнат, со политички манипулации, давање државјанства, масовни миграции од Косово, Албанија и Швајцарија за време на попис.
 
Нема друга алтернатива.
Колку и да не ти се бендисува истото, тоа е тоа.
Ниту имаме сила, ниту начин да ги промениме работите.
Она кое можеме да направиме е да соработуваме и создадеме средина во која на сите ќе ни е пријатно, горе долу.
Знам дека е бош, знам дека е тешко, но освен тоа нема ништо друго.
Еве размисли и кажи..има ли друга опција?
Како би ги реорганизирал ти настаните, ситуацијата, приоритетите?
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Кој е крив прво Колишевски ги донесе,па Киро Глигоров издаде 100000 пасоши и сега цацко е крив.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
401
Поени од реакции
5
Edna sega pa posle ke diskutiram seriozno.

KOSOVO JE SVETA SRPSKA ZEMLJA
A MI PO SVETINJI NE GAZIMO

:toe:
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Нема друга алтернатива.
Колку и да не ти се бендисува истото, тоа е тоа.
Ниту имаме сила, ниту начин да ги промениме работите.
Она кое можеме да направиме е да соработуваме и создадеме средина во која на сите ќе ни е пријатно, горе долу.
Знам дека е бош, знам дека е тешко, но освен тоа нема ништо друго.
Еве размисли и кажи..има ли друга опција?
Како би ги реорганизирал ти настаните, ситуацијата, приоритетите?
Па ние ако не сме покажале добра воља за соработка и соживот кој покажал, ама нив тоа не им е никако крајната цел.
Факт е дека намерата им е да се прошират што е можно повеќе и да оземат што е можно повеќе територија од соседните земји и тоа им е одамна во план дури и отворено си го кажуваат, а ние не може вечно да толерираме и оставаме да си го бркаат тој план на наша огромна штета и кога тогаш ќе се сврти тркалото и среќата ќе се промени. И запамти ние не напаѓаме ние само се браниме.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Очигледно е дека 2.500 војници на НАТО, колку на крајот треба да останат во Косово, нема да бидат физички во можност да спречат евентуален нов, завршен бран на етничко чистење од страна на големоалбанските сепаратисти и нивните криминално-паравоени формации. При носењето на одлуката за намалување на бројот на војници, стратезите на НАТО, можеле да се раководат само со намерата да можната нова дестабилизација на Косово, да ја спречат со политичко влијание, кое Вашингтон и Брисел го имаат на раководството во Приштина, на чие чело е Хашим Тачи, но и на другите поранешни терористички команданти, кои истовремено се и водачи на организирани криминални кланови.

Дестабилизација

Такви амбиции и планови, кои неможе да се реализираат без нови војни во регионот, радикалното намалување на бројот на војници на НАТО во Косово, може само да ги охрабри, бидејќи во ситуација кога Алијансата, поради малиот број на свои припадници нема да може ефеткиво да ја контролира косовската територија, целосно ќе биде отворен патот за регрутирање, обука и вооружување на албанските паравоени формации и нивното префрлување од Косово во Јужна Србија, во Македонија и во Црна Гора, и предизвикување на дестабилизиација. Намалувањето на силите на НАТО на Косово, реално може да ги поттикне големоалбанските сепаратисти, да тргнат во одлучувачка акција за дестабилизација на регионот, поради содзавање на “природна Албанија“, со претпоставка дека НАТО нема да биде подготвен во тој случај брзо и енергично да одговори и да спречи нов воен пожар, туку дека поради геополитичките интереси на поедини негови членки, особено САД и Велика Вританија, ќе им се создаде простор и ќе им се даде потребно време на албанските паравоени формации да ја завршат работата и меѓународната заедница да ја стават пред свршен чин.

Поделба на Македонија
Во таа насока е евидентно дека големоалбанскиот сон, не е униптен туку дека неговите заговарачи се’ почесто јавно зборуваат за него. Албанскиот премиер, Сали Бериша, повика Албанија и Косово заеднички да работат на интеграцијата и на обединувањето. Тој тврди дека “повеќе нема препреки, нема ништо, што би можело да не подели, не само духовнп туку и физички“. Конечно, пред неколку денови, Бериша повика на единство на сите Албанци и на укинување на границите меѓу Косово и Албанија. Последниве неколку месеци, многу приметни се големоалбанските активности во регионот. Албанците во Македонија, неодамна побараа земјата да стане “бинационална држава“, односно да се реконституира во федерална заедница на два народи, што би бил најважниот чекор кон сецесија на дел од Македонија, во кој АЛбанците се мнозинство. Донесен е и заеднички план на албанските интелектуалци од Албанија и Косово, за создавање на “природна Албанија“. Според планот, прво треба да се создаде “голема Албанија“, а потоа да се зачлени во Европската унија. “Фронтот за национално обединување на Албанците“, чие воено крило е “Албанската национална армија“ во Македонија делело летоци, со кои се повикува на создавање на “голема Албанија“. Познатиот екстремист Албин Курти, водач на организацијата “Самоопределување“, на приштинскиот универзитет држи предавања на кои на стдентите им зборува за непоходноста од создавање на “голема Албанија“. Со еден збор, големоалбанските сепаратисти наголемо се подготвуваат да ја завршат работата, почната со сецесијата на Косово.

“Природна Албанија“
Од друга страна, генералите на НАТО, калкулираат дека Косовската полициска служба и т.н. Косовски безбедносни сили, ќе бидат во состојба, со поддршка на Еулекс и редуцираниот КФОР, да ја држат под контрола безбедносната ситуација во Косово. Таа стратегија би можела да вроди со плод оти на владата во Приштина мора да и биде јасно дека новиот бран етничко насилство дефинитивно би ја урнал секоја сериозна шанса Косово да стане држава со целосен меѓународен капацитет. Непознато е дури и за американските и за НАТО стратезите, дали големоалбанските сепаратисти, сметаат дека големото намалување на силите на Алијансата во Косово, би создало потребни услови за еден вид со блиц реакција да се прогласат т.н. албански етнички територии во Македонија, јужна Србија и во Црна Гора, кои потоа би се споиле со Косово, а на крајот би се обединиле со Албанија, за да се реализира проектот на Призренската лига-“Голема Албанија“, која сега официјална Тирана ја нарекува “природна Албанија“.

(текстот е интегрално преземен од српскиот весник “Данас“)

Автор на веста: Нетпрес
Mnogu dobra analiza i odgovor na pogorniov tekst:

ПРЕДУПРЕДУВАЊА ИЛИ ПЛАНОВИ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА?

Србија не вовлекува во косовскиот лонец
Србија сака да ја вовлече Македонија во евентуална нова криза на Косово, со цел да ги подобри своите позиции, велат експертите. Во последниот период зачестија написите во српските медиуми за загрозеноста на Македонија и за опасностите што ја демнат нашата земја поради се поизвесното намалување на бројот на војници на КФОР на Косово. Прво српскиот претседател Борис Тадиќ во интервју за едно белградско воено списание рече дека е факт дека постојат терористички групи и кампови во Северна Македонија, а деновиве весниците „Политика“ и „Данас“ во серија текстови пренесуваат тврдења на разузнавачки извори дека на Македонија и се заканува поделба откако КФОР ќе го намали своето присуство во регионот на само околу 2.500 војници. „Донесен е и заеднички план на албанските интелектуалци од Албанија и од Косово, за создавање на ‘природна Албанија‘. Според планот, прво треба да се создаде ‘голема Албанија‘, а потоа да се зачлени во Европската унија. Фронтот за национално обединување на Албанците, чиешто воено крило е Албанската национална армија во Македонија делело летоци со кои се повикува на создавање ‘голема Албанија‘. Со еден збор, големоалбанските сепаратисти наголемо се подготвуваат да ја завршат работата, почната со сецесијата на Косово“, пишува „Данас“. Нашето Министерство за внатрешни работи демантира дека има какви било закани за безбедноста на државата. Според МВР, безбедносната ситуација во земјата е на задоволително ниво и нема сознанија за постоење на терористички групи. Доколку добијат некаква информација, од МВР велат дека соодветно ќе реагираат, но не сакаат да коментираат медиумски написи. Експертите, пак, за безбедносни прашања тврдат дека нема реална опасност за Македонија. Според нив, Србија се обидува преку вовлекување на Македонија да извлече корист за себе. - Не верувам дека Македонија би била вовлечена во некаква глобална дестабилизација. Вакви сценарија правеше и Милошевиќ, а очигледно ги користат и неговите наследници. Тоа би било олеснување за Србија, која сака да докаже дека Албанците се дестабилизирачки фактор. Разбирлива е нервозата во Србија по намалувањето на бројот на војниците на КФОР на Косово и изјавата на албанскиот претседател Сали Бериша, кој повторно го разбуди сонот за голема Албанија - објаснува поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов.
Според него, Србија ја користи се уште недокрај средената ситуација во северниот дел на Македонија, иако нашите оперативни служби тврдат дека нема никаква опасност. Но, според Трајанов, тие процени понекогаш знаат да бидат и нашминкани со цел да не се нарушат внатрекоалициските односи во коалицијата. - Не знам дали има приврзаници на АНА. Но, дури и да се случат некакви инциденти, тоа би биле поситни случаи. Македонија сега е далеку поискусна и поподготвена и доколку и се случи нешто тоа брзо ќе биде неутрализирано - вели Трајанов. И според професорот Благоја Марковски, нема услови за предизвикување криза во Македонија, иако е факт дека државата не контролира некои делови од територијата. - Во Македонија има уште остатоци од АНА од 2001 година, посебно во северниот дел, околу Танушевци и Брест, каде што државата, реално, нема контрола. Но, тие немаат никаква политичка поддршка од политичките партии, туку дејствуваат самостојно. Условите во Македонија се такви што не може да се предизвика криза - вели Марковски.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1793&ArticleID=120227
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Топло, топло, топло...

Ај да видиме дали ќе собериш два и два...
Сум кажал, и ќе повторам, проектот Голема Албанија е ваша (славјанска) измислица. Фобија која што си ја наметнавте самите себеси откако албанците раѓаа по 5-7 деца и наталитетот растеше и растеше. Природна, народна, голема или тркалезна, такво нешто никогаш не постоело во план, особено не во Призренската лига. Но, кога човек не знае, не читал, тогаш прифаќа се што ќе му се каже од учителот или во случајов Мајка Србија.

Призренската Лига беше, и е само пандан на ВМРО (она вистинсконо, не денешново). Ако ВМРО (кое за жал денеска е смејурија на оригиналното) биле радикална сепаратистичка дрн дрн организација, ондак ок, признавам, таква била и Призренската Лига.

А Србија (и сличните ко нив) нивната неспособност да сочуваат нешто што беше изградено врз база на единство поради нивните мегаломански идеи и окупаторски желби да ја изреализираат нивната Од Србија до Токија, ја наметнуваат на другите околу нив, продавајќи ефтини приказни од типот на терористички ќелии, големи Албании и чика Куре со БМВ.

И, како што сам кажа, 2 и 2 се секогаш 4...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom