Прво, не се обидувај тука некоја вистина да истераш зашто докажано е дека форумџиите никогаш не ја пишуваат реалноста, туку пишуваат како сакаат да ја гледаат реалноста.
Второ, (мислам дека) чиста вистина е дека мажите сакаат девојка која ќе им покаже дека не е заинтересирана за нив откако тие ќе покажат дека сакаат да ја имаат. Генерализирам, но голем процент (преку 90%) од мажите се такви, дури и оние кои ќе тврдат токму спротивно бидејќи најчесто не се ни свесни за тоа. Значи за машкиот род, предизвик е секоја девојка која ќе бега, ние сме како најадени мачори. Додека глуфчето стои во место, и ние стоиме, чим тргне да бега, трчаме да го уловиме. Наречи го чист животински инстинкт, но така е.
Трето, и јас спаѓам во процентите, но разликата е што мене таа фама околу трчањето по девојка не ме држи долго туку ме иритира зашо не ми се свиѓа тој животински принцип. Како што рече Суси, предизвик постои во други нешта, кога се работи за луѓе, постои само дружба и убаво поминато време, не е тоа место за натпревар.
Четврто, едини предизвик околу девојките, кој морам да го вежбам... е како да ги соблечам нејзините гаќички со заби... practice makes perfect. :helou: