Еве вака утрински импресии да пишам... Малку оладени од вчерашната еуфорија...
Одлична и одлучна игра од Барса, извонреден натпревар од целата екипа.
Пиќе изигра одлично, очигледно Пеп му одржал лекција после киксовиоте што ги направи на претходните натпревари, Пујол стандардно добар.
Ме изненади Абидал, изгледа се опорави од грипот, се гледа разликата во играта кога тој е присутен, во одлична форма е дефинитивно. Чави и Иниеста се богови на средината, можат да си ја подаваат топката додека не се пензионираат и никој да не им ја земе. Педро се повеќе покажува дека е одлична замена во нападот, а ако продолжи вака може ќе се бори и за првиот тим, којзнае.
Анри некако како сеуште да се наоѓа себе си, не дека одигра којзнае колку лошо, ама знаел тој и далеку подобро
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Сега здравје уште со Реал да извадиме квалитетен резултат, мислам сите ќе бидеме повеќе од задоволни
VISCA EL BARCA!!!!!