Стрелаштво

  • Креатор на темата Креатор на темата Ханзо
  • Време на започнување Време на започнување
Мислев на оној во Micei стреланата. Го имаат овој и уште еден .357 Magnum, други револвери не сум видел кај нив. Онака прашував само, и така секогаш се фаќам за пиштолите, имено M1991A1. :)
 
:)
Мислев на оној во Micei стреланата. Го имаат овој и уште еден .357 Magnum, други револвери не сум видел кај нив. Онака прашував само, и така секогаш се фаќам за пиштолите, имено M1991A1. :)
Пукаше со овој?(ако да-кажи импресии:) )
Колку што знам за овај пиштол зборуваме
colt_m1991a1_350.jpg

Голем фан сум на колтот М1911 и неговите верзии-да не знаеш колку чини еден колт М1911 кај нас?
 
Тој е, M1991А1, понова верзија на класичниот М1911. Импресии, па искуството не може да биде баш автентично зашто овој што го имаат пука 9x19 mm а оригиналот .45 ACP, но покрај тоа [импресија]:vozbud:[/импресија] :) А колку чини поим немам ни отприлика.
 
Не сум ја за оваа тема баш!!! :salut:
 
Ај да си почнам и ја овде ..
пукам ..т.е тренирам стрелаштво ..
бев на државно ..ама слабо ..14ти од цела македонија ..:С ..сепак ..прв државен ми е ..
 
Има ли некој овде кој некогаш тренирал кај Орде т.н. Јода во Партизан? Знае некој што прави и до кога ќе седи во апсана? :)
 
Не сум одел некаде на стрелање ама пукавме кај еден другар таму местевме по нешто и гаѓавме. Со воздушна или со лак и стрела (има еден многу добар лак) интересна работа
 
До пред некое време се занимавав со стрелаштво, и многу подобро пукам со пиштол отколку со пушка. Интересно хоби, и плус многу ми е мило што, затоа што ми беше проектна во школо, има се повеќе и повеќе заинтересирани за стрелаштвото како спорт.
 
е порано и јас се занимавав и дома имам воздушна пушка и сакам да пукам, ме смирува, не бев доволно мотивиран, инаку ќе продолжев, сега дома пукам само за релаксирање и пуштање на мозокот "на пасење"
 
ауууу многу сум прецизен со восдушна пушка:) у село у двор немам ни гуштер ни врапче хх
 
Дај кажете ми некој клуб во Скопје. Каде, колку пари ??
 
кажете ми што вордушна пушка да купам некоја добра
 
Дај кажете ми некој клуб во Скопје. Каде, колку пари ??
Пробај на крајот на подрумот на салата Партизан во Карпош. Порано имаа тренинзи во четврток, петок и сабота од 12 до 3 некаде, ама одамна си отидов од таму, па не би знаел ако се смениле термините. Прилично џабе е, 300-400 денари годишно се плаќа.
кажете ми што вордушна пушка да купам некоја добра
Тренерот ни викаше дека има добар стрелец и лош стрелец, пушката е само метал и дрво. :)
 
Во основно и средно ко бев идев чат пат после школо во стрелачница и пукав со воздушна пушка.

На факс коа бев никад не сум бил во стрелачница, едно дека едната кај шо идев ја затворија, друго повеќе обврски околу учење (и пиење :) ), ама затоа пак стрелав во стрелиште во подвижна барака, ко оние во америчките забавни паркови, шо ако ги турнеш или погодиш ти даваат награда мече. Глеам туристи се поредиле сите пукаат а никој не може да погоди три од три. Метата не беше статична те се движеше и требаше да се предвиди отклонение те да се нишани уште пред метата да е стигната на тоа место како би се уцелило. Цената за три истрели со воздушна беше 1- 1.5 евра не памтам точно. По некоја среќа погодив три од три. Му ја враќам пушката и чекам некое од мечињата што ги беше наредил да даде, и си чекам, си чекам, коа ми кажува дека не давал награди тоа за украс само било стаено :tapp:, цел пат кон дома после го пцуев, џабе 1-1.5 евра дадов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom