- Член од
- 17 септември 2008
- Мислења
- 822
- Поени од реакции
- 19
Се надевам дека Челзи ќе биде шампион оваа година, тимот игра долго време заедно, искусен е, му требаше само добар стратег, тренер кој ќе биде сакан од фудбалерите. Грант не доби голема шанса, Сколари заеба, Хидинк беше фантастичен ама мораше да замине, се надевам дека Анчелоти ќе биде ок.
Пријателските ги одигравме одлично, освен онаа против Ридинг, но пријателските не мора ништо да значат. Кога ќе поминат првите неколку кола, ќе може повеќе да се анализира.
Манчестер Јунајтед без Роналдо очекувам да биде нешто послаб, тој имаше големо влијание на играта, даваше доста голови, асистираше многу, Јунајтед ќе очекувам да биде главниот конкурент на Челзи, сепак да оставиме да почне сезоната.
Ливерпул ме интересира како ќе игра во новата сезона. Го земаа Глен Џонсон, што мислам дека ќе им биде одлично засилување, на другите позиции и не се засилија баш, Вороњин се врати, ќе видиме дали ќе блесне, но ако го изгубат Алонсо ќе биде заебано, ќе мора да ангажираат барем уште еден од средина на теренот, во споротивно доколку некој се повреди ќе биде многу лошо за нив.
Арсенал очекувам да имаат подобра сезона од минатата, иако не се засилија многу имаат солиден тим и покрај продажбата на Адебајор и Голо Куре. Децата на Венгер се поискусни за една година и очекувам тоа да ги направи поконкурентни за титулата.
Многу ме интересира како ќе функционира Манчестер Сити, се засилија доста, имаат солиден тим, па ќе биде интересно да се види дали ќе можат да направат нешто повеќе сезонава.
Очекувам Тотенхем конечно да одигра поконстантно, последниве сезони имааше големи падови на почетокот од сезоната, Астон Вила мислам дека повторно ќе биде солиден тим како и Евертон, очекувам добри игри и од Вест Хем, сигурно ќе има и некој тим кој ќе изненади на почетокот, како што беше тоа Хал лани.
Очекувам одлична сезона и едвај чекам да почне. :tv: