Девојче, стандардите за убавина се различни насекаде во светот. Ако ти текнува на Марија Радуловиќ од Куманово, мислам дека беше меѓу првите мис на Македонија во раните 90ти. Верувам дека таа би ти била многу поубава, ама нејзината убавина беше од тој тип што стана модел за костими за капење во Турција.
Ме мрзи да барам фотографии од модели кои одат на кастинг (без шминка) верувам дека таму ниту една нема да ти биде убава (дури ни Адријана Лима), ама моделот треба да биде платно врз кое креаторот ќе слика, и тука завршува приказната. Ако си доволно висока, имаш убавина од одреден тип, секој ден одиш на кастинзи можеш да успееш. Доколку едно од овие го нема, збогум фенси кариеро.
Катарина ја имам видено во живо на еден концерт, помина покрај мене и е сонценце. Облечена во патики, фармерки, дуксче, едноставно, убава е.