Леле леле, пукаат демагогии на велико. Ај што да му правиш на дебилот што не сака да се осигура зашто ке му укинат социјално? Или на оние што се понашаат ко у средно, не дошле на работа, туку на кафе и бош муабети? Се вртат лево десно кога не ги гледа шефот за рекла кажала муабет да направат? Значи ова се примери од прва рака, не се муабети што се вртат по форуми.
Имаш пробано да работиш кај некој приватник? Без да знае дека имате во сопственост нешто како фабрика.
Да беше вака розево немаше Македонија да има проблем со непријавените. Види ги и просеците на плати по гранки пред заклучокот за нечие дебилство. Ако му плаќаш колку тоа социјално, секако дека нема да сака да му го укинат.
Ако не сака некој да работи нека си оди слободно, и нека најде подобра работа со тие способности. Ако мисли дека е малку платен знае каде е вратата.
Ова е типичен став, но да работи за кои пари. Дали ти би работел кај таков приватник кој веднаш ќе ти ја покаже вратата? Штета кај нас ССМ не функционира, инаку малку поинаку ќе беа поставени работите. Барем од правен аспект и од аспект на покажување врата.
Прашај некој што работи во САД на пример дали има време да дреме по кафиња цел ден. Таму за разлика од овде се работи. Не може да се споредиме никако со нив.
Има време, ако е невработен. Знаеш колку млади имаат време? Ехее, излези од фабриката, види им ги проблемите.
Ете тоа е најголемата заблуда кај нас. Во Македонија мнозинството од работната сила се со средно. Да ги оставиме стручњаците на страна. Џабе ни се тие кога 80% од работниците не чинат.
Да прашам од каде вакви бројки. Или дали имаш видено во еу државите колку се стручни со средно, дали имате земено од таму работници?
Супер си се факултетите. Затоа ниедна фирма не те прима без обука на работа...
Без обука ниту во тие земји не примаат веднаш на работа. Зависи од процесот, работното место и сложеноста.
А ако мислиш дека треба одма да седнат и работат, пробај понуди се негде да работиш, некој капацитет и одма седни да работиш. Без прашање колку е плата и без да го знаеш процесот.
Пробај, без да осетиш на своја кожа не можеш да кажеш како му е на 80% од работниците.
јас пак го гледам како упросечување. за жал, македонската работна сила ВО ПРОСЕК е неспособна за новата состојба на глобална економија во која се наоѓаме.
Дали имаш информации колку е поспособна работната сила во тие други земји? И дали е воопшто способна од клупа да седне на работа?
Затоа што сега баш читав, мислам дека беше во врска со шпанските работници и преквалификацијата. И тие имаат курсеви, преквалификација...никој не е способен ако не се обучи. И како на пример се добива заклучок дека не се способни, резултатите говорат или некој друг показател?
тоа ти е све што цитираш - исклучок. просечно не се враќаат со бемвејци, туку со празни куфери.
ете ти ги министрите за привлекување странски инвестиции и за информатичко општество, ама бемвејците нешто не им ги видов?
дури и сакаа македонија да им плаќа ќирија за становите кои ги отплаќаат на кредит, колку што се сеќавам? (можда и да им плаќаме, не знам што стана потоа?)
нивната вредност за полнење со девизен прилив е измерена од народна банка и 10% од вкупниот девизен прилив, а тие се сигурно повеќе од 200.000, т.е. >10% од населението. да не заборавиме дека од девизниот прилив не се полни буџетот директно, бидејќи воглавно се полнат продавачите кои ним им продаваат, а продаваат нешто од увоз, па буџетот се полни евентуално од некоја царина (која се помалку ја има бидејќи со ЕУ сме во бесцаринска унија) и 10% добивка на продавачот.
Каков исклучок не те разбирам. Секој кој се врати, макар и чистел клозети таму или работел во фабрика...(или како мојот братучед кој во Австралија работеше работи како оние на наплатна рампа на паркинг а се врати добро ситуиран), секој не јадел со пари во износ на неколку куќи. Кај нас има доста повратници од албанците кои навистина заработуваат големи пари, тоа не се исклучоци.
нивната вредност за полнење со девизен прилив е измерена од народна банка и 10% од вкупниот девизен прилив,
За ова, провери колкав износ се дознаките од странство од нашите кои таму работат, ова е огромен прилив за Македонија. Затоа (можи оваа година ради светската криза нема да е така) види квартално летниот период од гастарбајтери и градежништво ГДП како се покачува. Тоа го има официјално изјавено и гувернерот, не е мој пронајдок.
да дополнам дека воглавно си одат тие што колку-толку вредат, па би требало и да се вратат со бемвејци... таквите и овде имаат луксузни коли, може да се каже и подобри...
Многу погрешен впечаток (или добро, можеби од твое искуство, од она што гледам кој оди...сигурно не е ради бес), многу од дебарскиот крај на пример одат Италија не оти имаат, оти немаат. Многу од скопјани кои ги знаев отидоа за пари, не затоа што дома се добро ситуирани. Постојат и случаи каде идат ради иднина на своите деца, но се далеку помалку. И не тие што вредат, тие што можат и успеале да отидат, што амбасадите им одобриле. Не тие што вредат оти не сите се во можност да отидат, од разни причини (финансии за пат, документи, престој таму, роднини-познати кои ќе ги повлечат...има многу причини).
Голем филтер се и амбасадите. Да не беше така, сега ќе ви мафватв од Австралија :helou:, ама за време распадот не ни дозволија од белградската амбасада (имаше политичка заднина-голем број македонци тој период беа одбиени, без образложение), а ги имавме исполнето сите критериуми-за јазици, години, роднини, соодветноста на лице...имавме бодови накај максимум, ама џабе.
тоа ако татко му отворил фабрика не значи дека не е работлив... напротив - дека е способен. доста со тие комунистички фрази дека директорите не работат, а приватните сопственици е ѓаволи. директорите и газдите се движечка сила на едно општество. И тоа како работат и создаваат вистинска вредност, поголема од 20 шивачки заедно.
Не значи, ниту зборам лично за татко му, тоа не е потребно. Но и квалификацијата од типот работниците не ни чинат е иста со онаа приватниците се крвопијци, не плаќаат...
На крај краева, дали и колку средното во еу земјите ги квалификува работниците и дали и колку нашите овде. Колку се тие кога ќе излезат од клупа поспособни за работа? Дали се или им требаат обуки? Дали матурант (условно) од еу одма ќе влезе и ќе работи во некоја фабрика, погон, финансиска институција и слично?
По што тоа нашиот средношколец е понеквалификуван од нивниот?
Можеби ќе излезе километарски пост и доста вон тема, но да додадам еден добар пример на приватник (затоа можеби е добро пред квалификување да се каже како менаџерот постапува со вработените). Пријателче е сопственик на неколку познати и ин би кажал ресторани низ градот. Неговиот однос е строго професионален. Не покажува врата, одма има кажува услови и тоа услови кои се многу поволни. На пример пријавување и плаќање давачки од старт, примања кои се неколку проценти над примањата во другите ресторани...со мисла да ги стимулира да си ја работат работата ко што треба. За време на работата тие вработени ги праќа на обуки (еве последно беше за Хасап стандардот) и тоа вон државата, не жали средства. Е затоа и му оди работата ко што треба и постојано се проширува и модернизира. А е доволно паметен и внесува нови идеи во работењето, но не на штета на даноци или вработени, напротив. Менаџер во прав смисол, затоа е и тешко менаџирањето и си има факултети и афинитети за тоа. Не секој може тоа да го работи, барем не толку успешно.