По вакви натпревари едноставно не ми се станува од кревет. Па да му е... мајката шо стана со ова на Емирати, делиме бодови ко на слава гости да ни доаѓаат. Не сакам да кажам дека се е изгубено, затоа што не е така, ама до крај вакви киксови може да си замислат само во најлошите кошмари на Венгер а не да се гледаат на терен и тоа на домашен. Само да не го освојат Карлинг купот, мамето нивно, можеа таму да ги растурат а дома да глумат дрва. Оваа променливост во играта не ми се допаѓа, додуша и Челзи киксира и Јунајтед не е сјаен, ама ние можевме да бидеме први да не правевме глупи грешки. Шансата е сеуште тука затоа што и најблиските конкуренти испуштаат бодови како нас, затоа што одигравме релативно тешки натпревари со брилијантни победи(како против Сити, по ланскиот комплекс од нив) а сепак сме трети, конкурентите ги чекаме на реванш дома, но оваа несигурна игра на домашен терен ме плаши. Не смееме повеќе да губиме бодови на Емирати од било кој тим(во последно време таму како да играат под смртна закана, толкава трема, ненормална работа) независно дали е Челзи или Вулвс, тоа треба да е завршена приказна за секој гостин, НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА да стигнат до бод на Емирати, КРАЈ, ако сакаме титула, пошто титули така се освојуваат, мислам, нели.