Колку трагикомично звучат вашите постови, како на пр. чао титула, и сл... Звучат ептен „ниско“ со ограничен коефициент на интелегенција, но можеби и сте такви...
Лош меч, заслужена победа на Њукасал и честитки до нив... Црвен картон, сосема заслужен за Лорен
На домашен терен веројатно имаме комплекс, и сигурен сум дека ќе губиме уште мечеви на Емирати.... Убеден сум, но тоа е тоа.... Не си земам „толкава слобода“ да кажам чао титула, од еден единствен факт, кој за жал, нема да го откријам... Вие, што имате такво мислење, подразмислете малце
Се гледа дека ни се тешки мечевите, кои веќе ги сметаме за добиени, и тие се дефинитивно проблем... Не направивме шанса, не направиме игра, и не заслуживме нерешено, па уште помалку победа за нас... Игравме со неколку играчи помалце денес, во психичка смисла (Фабрегас, Клиши, Фабијански) и со еден во физичка смисла (Лорен, 90та минута)... Очигледно е дека незрелоста е еден од главните фактори, на кои, веројатно ќе се „вадиме“ уште неколку сезони
Едит: Сигурно дел од вас, сте пресреќни дека победи Ливерпул, но за мене, тоа е немалку важно... Ние, нашиот дуел го изгубивме...