Фан Клуб: Арсенал

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.851
Поени од реакции
10.225
Волкот НЕВЕРОЈАТНО во движењата, приемот на топка посебно за вториот гол, ставот на телото ме потсеќа на Анри, се надевам дека ќе работи напорн и ќе го достигне нивото на Анри!
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Волкот дефинитивно ке биде голем играч :)
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.319
Поени од реакции
2.846
На Волкот му треба само уште да ја усоврши завршницата, брзината и дриблингот ги има. Али гледам се подобар и подобар е со завршниците се гледа дека работеле на тоа
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Warmaster a taa pred golmanot so bese so ja utna i use mn drugi imase camak osven glavata drugo katastrofa ! BEntner e bolje od ovaa forma na Camak zimi se !
Извини вака, али типичен копиљачки коментари...Чамак може немаше среќа денес со головите, али толку трчање од еден играч немам видено одамна освен од Кајт во Ливерпул. Плус беше еден од најзаслужните за првиот гол, за пеналот и за голот што го даде.

--- надополнето ---

На Волкот му треба само уште да ја усоврши завршницата, брзината и дриблингот ги има. Али гледам се подобар и подобар е со завршниците се гледа дека работеле на тоа

Хммм штознам...мене ми се допаѓала завршницата отсекогаш( не којзнае каква, али многу подобра од наши други играчи), али факт е дека тоа што треба да го усоврши/го усовршил е дриблингот. Не за џабе викаа дека нема фудбалски мозок, едноставно незнаеше да помине играч минатата сезона доколку екипите се затвореа.

Се надевам ќе продолжи со ваквите блескави игри и ќе ја заќути англиската јавност, која речиси секогаш има погрешни мислења.

Како и да е, класа е подобар од Ленон и Шон Рајт Филипс.

--- надополнето ---

А сега да дадам коментар за денешната утакмица...Со еден збор ФЕНОМЕНАЛНО!!!

Алмунија - Добар со оглед на тоа што не требаше да интервенира ниту еднаш :) Се надевам дека дур дремеше пред гол, размислувал како Шварцер ќе му фати прва псотава :)
Клиши - солиден и во напад и во одбрана...повеќе во одбрана.
Сања - најдобар од последната 4-ка. Доста добар и во напад утакмицава, а и најверојатно приметивте сите за големата брзина кога го бркаше тој играчот на наша половина уште од нивна.
Вермален - капитенска игра, односно игра на најсискусен играч во одбраната.
Сонг - иако на почетокот ми делуваше како да играме со 3 штопери, а Сонг да си игра задњи сепак се поправи потоа. Се гледа дека му фали фитнес што би рекле енглезите.
Вилшер - просек, а по влегувањето на Фабрегас посолиден затоа што се опушти и повеќе се вклучуваше во напад. Ме изненади со клизачите што ги правеше во одбрана.
Диаби - освен голот што го даде кој претставуваше одлична завршница( патем Диаби е играч со една од најдобрите завршници во Арсенал, ако не и најдобра) не изигра баш на ниво. Може затоа што играше на таква позиција да не се приметува баш често, али факт е дека претставува играч кој знае да ја умртви акцијата со неговите безпотребни вртења која делува многу опасна. Тоа мора да го поправи. Едноставно не делува во ритам со останатите играчи.
Росицки - masterclass..секогаш сакам да го гледам во првата постава кога игра во средина..Прав Моцарт..Рамо до рамо со улогата на Валкот во "играч на натпреварот".
Аршавин - добар беше и Русинов...од минатата утакмица многу подобар...Плус ако се знае дека игра недоволно подготвен, одличен беше.
Валкот - masterclass..Едноставно го разбуди стравот во Crainey..Мора посебно да се пофали со одличната завршница со лева нога. Имаше некои погрешни одлуки, али сепак е млад и ја заслужи наградата.
Шамак - дечково доколку имаше одлична завршница со нога ќе беше дефинитивно најдобар напаѓач во светот. Едноставно неуморен во бркање на играчите(тука има 3 опции..или е навивач на Арсенал цел живот, или сака да се докаже моментално, или е таков играч кој дава секогаш 100 посто во секоја утакмица). Али е убедливо најдобар играч со игра со глава. Ќе биде уште подобар кога ќе се вклопи.

Вела - уфф да го дадеше голчето ќе беше пофален од целата светска јавност. Поради ова е подобро што си замина Едуардо, затоа што доколку останеше он ќе ги добиеше тие 12 минути на Вела, а Вела - еден од најталентираните во Арсенал немаше да добива шанси.
Ван Перси - аман, ѕверов само да не се повреди.
Фабрегас - што да кажам за него, освен тоа што вие кажавте. Ќе ми треба време за да се врати "љубовта" кон него како претходно.


Мора да се пофали и Блекпул кој се одлучија на напаѓачка и во случајов "смртоносна" тактика против нас.
Мора да се пофали и нивниот менаџер поради неговата изјава после утакмицата.

А од изјавата на Венгер, можам да заклучам дека веќе е договорена работата со Скилачи, а има шанси да се донесе и друг играч а да не е Шварцер.
Друго од изјавата на Венгер иде најинтересниот факт, дека кога би ги играл Ван Перси и Шамак заедно, тоа најверојатно би било 4-4-2. Така да ќе гледаме различни формации сезонава..

Пријатно бев изненаден од навивачите на Арсенал во кладилница. Ако минатата утакмица беа 90 посто копиљаци, сега беа 100 посто посериозни момци кои знаат како идат работите во клубот.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Волкот деф. оваа сезона ќе го гледаме како напаѓач (така и е ставен на арсенал.ком) одлична игра се надевам ќе биде стартер и на следната
На Волкот природна позиција му е централен напаѓач, Венгер го направи поуниверзален играч,
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.319
Поени од реакции
2.846
@Carter За Волкот за завршница не мислев на постигнување на гол туку на погрешните одлуки кој ги носи некогаш кога треба да се ослободи од топката. Инаку осет за гол има одличен но нафрлувањата му се доста непрацизни.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
@Carter За Волкот за завршница не мислев на постигнување на гол туку на погрешните одлуки кој ги носи некогаш кога треба да се ослободи од топката. Инаку осет за гол има одличен но нафрлувањата му се доста непрацизни.
баш вчера можеше да даде повеќе од 3 гола но додаваше ...тие му беа погрешните одлуки што кога му оди со давање голови зошто додава...а кога не му оди шутира :)
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.319
Поени од реакции
2.846
баш вчера можеше да даде повеќе од 3 гола но додаваше ...тие му беа погрешните одлуки што кога му оди со давање голови зошто додава...а кога не му оди шутира :)
Изгледа кога не му оди сака да му појди :wink:, инаку да за таа завршница мислев или поточно да избере правилна одлука дали да подаде или шутира
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.413
Поени од реакции
2.547
Немам зборови..изигравме одлично...Се надевам дека вака ќе продолжиме
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.413
Поени од реакции
2.547
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Arsenal-Reserves-Man-Utd.jpg


Еве го тимот што го победи Манчестер 2-1. Дел од овие играчи се иднината на Арсенал и на Англија.
Иначе за тие што ги интересира, Велингтон Силва е помеѓу Ленсбури и Истмонд.
А моментално 3-1 сме воделе против Шамрок со голови на Џет, Ленсбури и на Рандал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom