Како да освоиме титула кога фудбалерите паѓаат како покосени? Со Фабрегас, ван Перси и Аршавин фит во тек на цела сезона реално е да се очекува нешто, али без нив... трето место, за повеќе - тешко.
Тотално сум разочаран од сите особено од Едуардо, од кој очекував многу, исто и од Вела. Навистина незнам што да мислам веќе, изминатиов месец само шокови, единствена позитива беше победата против Лузерпул... Мора Венгер да фаќа работите во свои раце, едноставно некој во моментот не заслужува да биде во тимот на пример Волкот. Разбирам дека е млад и дека моментално учи али секогаш прави погрешни одлуки. Нека поседи некој натпревар на клупа, нека престане да пишува од тоа книгите за мали деца и можеби ќе биде нешто од него.
Ќе дојдат и светлите моменти за Арсенал некогаш, во блиска иднина тешко.