Единствено што е добро во целата оваа манифестација е што искрено се надевам дека ќе се роди некоја нова музичка ѕвезда на напатенава ни естрада , ке застане зад него добар менаџерски тим и дека ќе успее.
Целиот фестивал е некако премногу хаотичен.Почнувајќи од договорите кои ги потпишале изведувачите пред започнување на фестивалот.Кискино во темата за ‘‘Конкурси‘‘ даде дел од членовите на договорот кои лично за мене се деградирачки и понижувачки.
Член 3:
"2: Aдаптација - измени на песната доколку тоа го бараат техничките, услови за снимање, односно програмските потреби за користење."
Член 6:
"Продуцентот, пренесените права со овој договор може да ги остварува сам или да ги пренесува или и дозволува користење од страна на други лица.
Продуцентот е слободен во изборот на методите и техничките процеси за чување и натамошно користење на песната, односно на материјалната подлога на која е ставена песната."
Член 7:
"Со потпишување на договорот, сите материјални права кои за пеачот произлегуваат од песната, кои права се опишани во овој договор, пеачот му ги пренесува на продуцентот без надомест."
И се прашувам со кој памет го потпишуваат договорот во кој им се потенцира дека одговорните од Феста може да им ги изменат песните и да ги дадат да ги пее некое сосем трето лице без нивно одобрение.
Како е можно приходите од авторски права да идат само кај продуцентите од Феста,а они што работеле на текстот и музиката да останат со празни џепови.
Друго што за мене е несфатливо е како е можно во тек на една вечер да се интерпретираат композиции од турбо фол преку рок и поп до рап.Од една страна е добро што се застапуваат сите жанрови, ама па се тоа во една вечер е невидена каша.Мислам дека подобро би изгледало една недела сите рап песни, друга недела сите рок, трета поп, четврта недела турбо фолк, и на крај во финале од секој жанр по една песна, па нека победи онаа што има најмногу публика.
Крај на крај, пофалби, што конечно после долго време имаме избор на млади таленти во самостојна режија, без никој друг од страна.Ама ако и ѕвездите на Феста завршат ко некои од оние на М2 тешко нас.