’Ајде пијај!’

  • Креатор на темата Креатор на темата Gogi-ManUtd
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 април 2009
Мислења
6.148
Поени од реакции
2.991
Возраст
31
Типично македонско сеирџиско видео, неколку деца се мајтапат со некој локален алкохољубец. Последната голтка беше кобна. :)

Инаку,да се пофалам видеово е моја креација,јас веќе го имав објавено на Јутуб,па сега гледам веќе е на таратур.ком..:vozbud:
Инаку го имам и целото видео од ова,бидејќи ова е кратено,и утре ако можам ке ги објавам и тие..:helou:
 
Е баш за фалење. Уште не ти е измутиран гласот, а мислиш си главен фраер у маало. За греф. :/
 
Е баш за фалење. Уште не ти е измутиран гласот, а мислиш си главен фраер у маало. За греф. :/
Хах,како прво за информација видеово е снимено пред 2 и пол години..:helou:
 
Како не ви е срам.
Резил, немате основна култура и сакате браво да ви речат на ова?
 
Како не ви е срам.
Резил, немате основна култура и сакате браво да ви речат на ова?
Па не ми е срам!:uvo:...Инаку речиси сите од околината се зафркаваат со овој човек,па ич не ми срам!
 
Па не ми е срам!:uvo:...Инаку речиси сите од околината се зафркаваат со овој човек,па ич не ми срам!

Бог да чува.
Е то ти е Македонска работа :tapp:
 
И за да ти не останеш покус, мораше да бидеш ко другите. Нели? Па браво еј и на таратур те стаеле, која чест човече.:tapp:
 
Ај тој шо е пијаница, си е пијаница, и на никој ништо не му смета. Се обложувам дека не прави никакви проблеми коа е пијан... А се обложувам и во тоа дека речиси сите ќе се сложат со тоа дека алкохолизмот не е ништо помалку од хронична болест.

Така да, детуле...

Во моментов, сте се испозаебавале со болен човек, истовремено измачувајќи го него, помагајќи му во (ионака) општата пропаст, и сте си одржале сами себеси еден добар тренинг на антиморализам. И ај, да застанело во тој момент, и не би било толку трагично...

Трагичниот дел е што сте горди на ова што сте го направиле.

Сите во селото му се смејат, а? Да имаш бавча со јаболка во Подмочани нема да те направи подобар човек од другите. Ни тракторот, ни новата доградба на поткровјето. Да бидеш свесен за своите постапки, да расудуваш разумно за своите години - значи да станеш позитивна личност која ќе придонесе кон општеството... можеби утреден и како психијатар кај кого ќе се лечат хронични алкохолици.

Не си го изгубил рејтингот кај мене, нити кај ниеден од членовите на форумот. После секоја ваква постапка, после секое свршавање на туѓа мака, си губиш дел од себе. И од она коешто се вика позитивни квалитети на една личност.

Па вие размислете... И ако не сум во право, иди утре и пак напрај го истото. Овој пат со ракија, може и ќе го онесвестиш.
 
А нели ќе беше подобро да земете да му помогнете колку-толку на човеков, да му дадете нешто вредно што му треба, отколку вака сеир да си тргате со него ? :pishtoldz
 
Трагично ама реално јас никад не би го напраил ова на некој човек напротив би му помогнал незнам како не ти е страм уште да го покажуваш во јавност ова
 
Друже за тебе ми е повеќе жал него за кутриов човек. И викаш на таратур те стаиле, а? Сега мора да си некоја ѕвезда во маало. Абе мислете малку да му е**м мајката :tapp:.
 
Ме боли цеф срамота не срамота,важно си се насмеав.:back:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom